Ке ги замолам оние кои биле во Будва на одмор да ми дадат некои информации околу смештајот и нокниот живот дали е многу скапо или?Какви се плажите која плажа е за млади и сл.фала однапред
Бил ли некој во вилата Блу Вејв во Лаганс Зкинтос Од сите вили што ги нудат агенцииве оваа најубава ми изгеда. Планираме со дечко ми да oдиме од 2 Септември. Ако некој бил чекам импресии
-Каде на одмор? -До Грчка. -Кај во Грчка? -Не, не во Грчка, до Грчка, во Дојран ќе одиме... готово (да се насмееме малку)
Сакаме преку Argus.rs или I-Travel, овие Аргус се доста поевтини, а и добри како агенција биле во Бг., па Мк агенции не нудат 14 дена, нудат 10 дена а исто пари како српскиве што нудат 14 дена. Не е фер
Мој совет ти е да прочиташ по српски форуми за искуства со вашата агенција. Ние кога одевме имаше опција за 10 или 14 ноќевања, нашиве агенции воопшто немаа понуди, ама уплатата одеше преку македонскиот претставник овде, Авиотурс. Да организираше Авиотурс, супер ќе беше, а од Србите сум тотално разочарана, затоа што беа непрофесионални. Ама секој со среќата, нели? Убаво да си поминете!
Јас имам 2 искуства од Египет, и 2те со српски агенции. Првиот пат феноменално, вториот не` зафркнаа на аеродром во Таба, не најавиле гости без визи, па моравме да чекаме од 23 до 7 сабајле, кога заврши сагата и тргнавме со автобусите по хотелите. Јас не сум била во Хургада, ниту Шарм, ами во Таба, и е фе-но-ме-нал-но. Taba Heights е комплекс од 5 ДеЛукс хотели, ненормално обезбедени и средени. Ние првиот пат бевме во Мериот, а вториот во Софител, и иако вториот е поскап и се води како полуксузен, сепак Мериот имаше подобра храна. Услугата е секаде иста - бавна и насмеана Кога ние бевме таму, 2009 и 2010, цените не беа воопшто толку скапи, ама ние уплаќавме уште во февруари, за едниот пат во август, другиот во јуни, и така имавме и дополнителен попуст (настрана што имаме и познат во Бг преку чија агенција одеше резервацијата). Египет се посетува со AI само, без разлика дали вие ќе решите некоја вечер да јадете по ресторани, зошто ќе ве одерат преку ситните работи (водата, кафето, пијачките) во хотелот (зборам за затворени комплекси каде само организирано може да се влезе и излезе). Десерт розе нормално не сум била, меѓутоа другарка моја не беше воопшто задоволна, ниту од храна, ниту од опкружување (ова за пред 5 години зборам). Мериот и Софител (исто како и Хилтон, Мовенпик, Хајат, Радисон Сас) се интернационални, и кај нив не смее да има никакви отстапки, во било кој поглед, затоа се и беспрекорни. Погледни ги сликите од Таба, плажите се феноменални, песочни и широки, имаш чувство ко на Хаваи да си. Коралите и кај едниот и кај другиот хотел се блиску до плажата, значи нема потреба од многу пливање до нив за да ги гледате, а и има што да се види! И од Таба се турите за Ерусалим, Петра и Мртвото Море, ако некој има желба за еднодневно шетање.
Платамона воопшто не е добра плажата,многу е тесна. Гратчето е убаво средено,но не ме воодушевува како за одмор.
Има ли некој искуство со кампови низ Грција? Се мислиме за оваа варијанта, како поефтина, па да не бил некој до сега да препорача...
Многу го фалат Арменистис на вториот крак, меѓу Вурвуру и Сарти, гледа према третиот крак. Јас немам лично искуство, ама што сум слушала, било преубаво и многу поволно. За цени види овде.
На кое место во Бугарија? Јас сакам во Несебар да одам со дечко ми [/quote] И јас планирам со дечко ми до Несебар.Кога ке одите?[/quote] На крај на месецов Најдовте смештај или таму ќе барате? [/quote] Ние планираме некаде кај 28ми или 1ви тие денови.. не,таму ке бараме,вие?
Јас веќе бев во Лептокарија,Грција Требше во Неа Пори,но немаше место. Во Лептокарија плажата не ми се свиѓаше толку,имаше многу камења,а и школки немаше.Водата беше многу чиста.Ми се допадна шеталиштето.Не мислам на шеталиште по плажа туку имаше по уличките куп продавнички и кафичи.