Не сум била на Скијатос, ама според коментарите на луѓе што биле би рекла дека е подобро, за разлика од Кушадаси во однос на плажа, народ... За Кушадаси имам напишано во темата можеш да прочиташ.
девојки дајте некоја информација за агиос георгиос, знам дека е малку пензионерско место ама такво и ми треба, какво е со цени? има ли убава плажа и тн ?
ако одиш со друштво-мислам другарки тогаш Скијатос , има многу убави денски забави на плажа и го препорачувам за тие што не се во врска. ако одиш со дечко добро ке си пројдеш и во Кушадаси, нема забава ,повеке ке бидете по ресторани и по посета на различните плажи и тоа е. Ама дефинитивно далеку поефтина варјанта од Скијатос.
Сакав Лефкада, али ме премислија. Не е нешто којзнае што. Хотелите се на десната страна на островот, а убавите плажи на левата страна. За да стигнеш до нив треба со кола, значи рент а кар. Плус патот е кривини цел.
Не е точно дека нема забава во Кушадаси.Има и дневни забави на плажа (во клубовите) а за навечер пак е лудница,има цела улица со дискотеки. Јас би избрала Кушадаси без двоумење.
Со дечкоми планираме летово да одиме Кушадаси најдовме добра понуда со доручек и вечера и десет ноќевања со вклучен превоз за средината на јули 259 евра но некако уште се мислиме . Од поискусните кои што летувале таму би сакала да дознаам која варијанта ни е поевтина да одиме вака со појадок и вечера или пак апартман ? Какви се цените на храната ? Дали има во близина некои поголеми дисконти како што е лидл во грција ?и колку е отприлика екскурзија до Памукале? Секоја информација е добредојдена
Планиравме во Грција ама сметкиве не ни излегоа. Пасош за мене, пасош за бебето, зелен картон и еден куп пари. Можеби до Охрид да тркнеме, за преку граница сигурно не
Па според ценава не ви се исплати да одите HB,зашто 189 евра е со ББ. Доволно ви е само доручек,да доплаќате 60 евра му доаѓа по 6 евра од вечера.Повеќе ви се исплати да јадете во ресторанчињата низ чаршијата ем ќе ги пробате специјалитетите. Плус за 189 евра имаш хотели што се како апартмани,ем имаш доручек ем имаш кујна па можеш и комбинации да си праиш(Паша е ваков) Цените се евтини многу,и има 2-3 маркети што се поевтини.Ми текнува само на најевтиниот ШОК се викаше,ама кога ќе стигнеш таму не се секирај се ќе ти објаснат газдите или вработените.Сите се премногу фини и културни. Имаш милион агенции во центарот со брошури за тури.Ние за памуккале плативме ако не се лажам 30 евра со посета на термален хотел и многу обемен ручек(шведска маса).
дечки да прашам нешто според вас дали ова е добра понуда или пак е скапо ? со скаут 9 ноки суто море полн пансион и пат за 205 евра