Стандард,еден месец во Неа Флогита,Грција.Местово е ептен убаво,и за шетање и за бањање,мераци. Можно е да поминеме и до Неа Мармарас или Калитеа,а неколку дена и надолу кај Пелопонез и Атина. Август здравје ако испадне нешто,Франција или Швајцарија
Така како шо е тргнало времето да му стане страв на човек да размислува за одмор, ќе треба комплетно список да се менува, ќе треба чадор да земам ама не за плажа туку за дожд, гумени чизми, ама крема за сончање не треба оти сонце незнам дали ќе видеме.
Мене воопшто не ми се допаѓа,има некои убави плажи ама сепак водата воопшто не ми прави мерак. Отиди зошто да не,види како е, може ќе ти се допадне. Иначе годинава за на одмор имаме неколку дестинации низ Македонија и во Бар во Црна Гора. И на сите топло ви препорачувам кои можеби оваа година ќе ја посетите Албанија или сеуште не сте одлучиле а имате можност,Ксамил-прекрасно место,со бистра вода.. мхмх
На вториот крак се такви, песочни со бистра вода, лани јас бев еден ден до олимпик бич алиии на вториот крак дефинитивно е многу поубаво морето, некако во олимпик бич беше ептен кренат песокот како во река да се бањаш и премногу гужва имаше. Не се толку широки плажите али дефинитивно се многу многу убави и песочни
Дали некој ќе може да ми каже место во Грција да не е многу далеку(може и на првиот крак) со убава плажа а и да има места за шетање(продавници,ресторани,плоштад и сл.) Ве молам кажете побрзо викендов треба да заминеме на море а уште не знаеме каде.
Мало место, ноќен живот нема многу. Само кафичите што работат до 1 часот и после ќе мораш во Валандово, Гевгелија или Струмица. Цените ти се супер ефтини, тоа е предноста на Дојран. Комарци има, обавезно да си носиш стик за мачкање против комарци. Во езерото не сум се бањал од многу одамна. (6-7 години) А викаат дека водата е топла. Сега моментално ја градат градската плажа и неможеш да се бањаш таму. Така да ти препорачувам да одиш негде околу крајот на јули или август. Има една плажа добра, таа е на Томче Софка ресторанот и едино на таа можеш да се бањаш сега дур не ја изградат градската.