Girlsss јас одам, Струга со друштво..Едвај чекам бидејкии и дечко ми ќе биде со неговото друштво во ист хотел соо нас
Треба да имаш обична возачка,доволно е,лани немаше потреба ниту од меѓународна возачка дозвола.Но,внимавајте на знаците и правилата зошто имаат големи казни,па уште и македонче... Стварно е без везе да одиш на остров и да се закопаш во едно место и гзот да не го мрднеш...џабе патот и парите...
Во Шпанија во Лорет де Мар, туристичко место на 75 км од Барселона. Самата помисла дека ќе одам ме возбудува премногу, а веројатно ќе поминам и 2-3 дена во Барселона. Само... ќе си почекам да ми го дадат пасошот и кога ќе дојде Август заминувам.
Сум била таму на одмор, убаво е . Има многу млади и по цели ноќи е лудница...забава 24/7 Коктелите им се многу добри, нема да ја утнеш таа плажа, уствари барче е ама ќе го познаеш по огромните коктели , и не се скапи. Обавезно да одите до Барселона, има автобус на 20 минути а картата мислам дека беше 5-6 евра. Многу е убаво , и знам дека супер ќе си поминеш
фала ти многу, не знаеш колку сум возбудена, едвај чекам. Ваки информации уште повеќе ме радуваат. Инаку прочитав дека има млади од многу различни земји, а јас ептен сакам да се запознавам и дружам. А за во Барселона сигурно нема да пропуштам!
starfish има млади од секаде, најгласни беа англичаните и германците, пеат по улици, частат по кафичи...што да ти кажувам, таман мислиш овие цела вечер пиеле, сега спијат...ете ги наплажа Има и италијани, онакви средени, издепилирани, па се мачкаат со триста чуда кожичката да не им изгори. Ех вака кога се присетувам...уф...ај земи ме со тебе Храната им е убава , слична на нашата ама и многу различна, паеља обавезно да пробаш, исто и сангриа- убаво благо винце. Цените се како во секое туристичко место , малку поскапи од вообичаеното, ама кога ќе видиш секаде рестораните се скапи, има маркети и продавници таму цените се скоро како кај нас да пазариш во Веро. Нема екстремна разлика , како на други места. Супер е таму ,јас пак би одела, има и ноќен живот ,и плажа и море убаво, Барселона е блиску да не зборам што се има да се види во Барселона. Супер е и не се сомневам дека супер ќе си поминеш .
Сите планови ми се променија, со работава нема да се иде на одмор, ќе си седам дома Ај догодина здравје Башка иам и многу трошоци други периодов, факултет, иако нема јас да го плаќам, пак е трошок, свадба, старосватица, е тоа богами јас ќе треба да го изреализирам, ама ако, мерак ми е а и не сум воопшто скржавец
не се нрвирај лижалка, подобро работа отколку одмор 10 дена, како па наредната година со пари на одмор, главна
Со другарките најдовме најефтина понуда за Турција 397 евра со all inclusive hotel, цената вклучува и авионски и патни такси. Не е скапо за овие пари, но искрено сега во овој период кога моите имаат големи трошоци, прво матурата, па сега школувањето на факс и срам ми е да им побарам толку пари Некои од нив можат да си дозволат. Не дека не можам ни јас, но не сакам да ги трошам моите барем овај период за тие луксузи. Прифатливо би ми било до кај 250 евра. Крај краева ова лето и да не одам никаде, другото не ми бега..Можеби септември пред да почне студентската година ќе одам со дечко ми за поефтино..Не ми се даваат толку многу пари за на одмор. Немам постојана работа за сама да си приуштам луксуз. *Штурецот и мравката-ЛаФонтен "Не го поминувај времето само во забава.Работи и штеди за моментите кога ќе немаш"
za onie koi se bile vo nessebar me interesira dali lesno moze da se najde privaten smestaj vo ekot na sezonata na pocetokot na avgust, ako odes na sopstvena raka bez agencii.
Девојки со дечко ми решивме да одиме на одмор во Струга и некој ден во Охрид, што мислите убаво е Струга? Досега на плажа во Струга не сум била и ме интересира дали е убаво...
убаво е во струга има и машка плажа и женска незнам зошто ги викаат така,го сакам нокниот живот во струга ама во охрид за да одиш на плажа е поубаво
Ози да не те разочарувам ама мене струга не ми се свига ич... за вечерниот живот не знам многу, јас колку што сум била ги знам тие кафичите што се покрај дрим, и не се ништо посебно, повеке се со фамилијарни луге... плажите се многу помали од охрид и нема толкава гужва, односно нема воопшо гужва.. јас кога бев бев на еуротелот и таа ми рекоа важи како за некоја поубава плажа ама мене не ми се свига
Да, во Охрид ти е поубаво, сите плажи што се од таа страна на езерото се поубави. Е сега зависи каде, на пример тие првите плажи во Охрид не се баш за капење бидејќи водата е многу гнасна, освен ако слезиш дирекно во вода од скалички од платформа. Ама пак таму за забава е убаво