На Тасос јас лани бев. Бев изненаден колку е ефтино. Поефтино е од краците. Лежалките не се наплаќаат доколку си нарачаш за пиење. Во Лименарија е добро за шетање и искачање. Нема некој јак ноќен живот на Тасос. Али Лименарија е најдобра за шетање. За бањање никако во Лименарија. Од краците ти препорачувам Калитеа, Ханиоти, Пефкохори. Мада за мене е најубаво во Калитеа. И со плажа и со ноќен живот и за шетање навечер.
Ставиле сега за тие коли место 90 евра, за месечн ќе биде 50 евра... Out of mind... Нека ги ставеа 40 со 20 (за автомобил со помала коњажа).. Али сепак и вака не е лошо
Аурора имаат понуда за Тајланд. http://www.aurora.com.mk/category/individualni-patuvanja/tajland/ Доколку планирате да одите внимавајте кој период ќе одите, времето не е како кај нас. Може да се случи да врне нон-стоп додека сте таму.
Има некаков прево таму од лименариа до поблиските плажи кои се убави? Може ли пеш да се стигне до таму?
да да, знам. мене Куба ми е пожелна дестинација, ама никако да најдам домашна агенција што има добра понуда... На аурора им пишав да ми дадат понуда бидејќи пишуваше цените се предмет на промена на сајтот, ама никој не ми ни одговори...
Кукле, пробај со овие, многу ги фалат. http://www.itravel.rs/ Има доста наши што одат на егзотични дестинации преку нив. Ме чуди Аурора што не ти вратиле, од таа гледна точка јас сум немала проблеми, секогаш ми враќале на мејл.
Од Лименарија има бродчиња, си плаќаш и те носат по убавите плажи. Е сега дали 20 евра беше или 15 незнам точно. Јас не се качив зошто со кола бев и си ги шетав плажите со кола.
Ние преку i travel гледавме за куба или доминикана ама се преџомислувам,читав дека таму во летните месеци е период на дождови,а посебно август и септември факало и урагани .Незнам што да правиме.А оти не им звониш телефонски на аурора.
сакам да имам пишано - вака треба мн да памтам Ајде заедно да се организираме Едит. овие од итравел одма ми одговорија на прашањата и ми напоменаа за ураганите и обилни дождови. Им пишав да ми дадат предлог за друга дестинација.
А дали бевте на Плитвичките езера? Планираме со сопругот да одиме сега викендот во Макарска на 10 дена, но барем 2 дена и на езерата, па како е таму сместувањето? И отприлика колку би потрошиле за јадење, пиење и крстарење еве, за 10 дена, доколку не би се луксузирале многу? Фала ти
Па и јас им пишав на и травел чекам од нив понуда да ми дадат за август месец после десети август.Прочитав на форумов др Лазаревски тогаш ке одел па вајда ке имаме луфта и ние.А зошто ти ја дале како опција Малдиви кога и таму е ризично со дождевиве?Маурициус е добра дестинација за овие месеци(јас се сум простудирала )Веке сме договорени со друг пар инаку не ти е лоша идејава за заедно.