На Плитвички езера имам одено друг пат, не тогаш кога бев во Макарска, ама само еден ден, го посетивме националниот парк. Преубаво е, рај на земјата. Сместување околу езерата искрено не знам дали има, затоа што тоа е национален парк, можеш еден ден да одиш да ги видиш и да се вратиш пак во Макарска, ако си сместена таму. Имаше тури од макарска до Плитвице, искрено не се сеќавам колку пари беше, можда околу 300-400 куни. Инаку за 10 дена со крстарања со шетање, со еднаш да јадеш надвор како човек мислам дека 300 евра минимум во тебе (само за еден). Ако те интересира нешто друго слободно прашај. И сподели искуства кога ќе се вратиш
Скала Потамиа е блиску, али мислам дека не би било добра опција да одиш пешки. Најдобри плажи според мене се Нотос, Псили Амос и Голден Бич. И Мермерната ја фалат, ама таму со кола не. Јас не отидов зошто ми рекоа дека патот е ептен лош и ќе ја испокршам колата. Ако бараш сместување, само Потос или Лименарија. Лименас никако. Јас бев во Потос сместен. Плажата е 10 пати подобра од таа на Лименарија. Лименарија има кратки плажи и кога влегуваш одма е длабоко. За шетање е добар градот, за бањање не.
Луѓе ајде да ми пишите мислење за Будва, годинава сакаме да одиме таму,гледав слики ама некако плажите не ми се свиѓаат баш. Веќе 7 години одиме грција и сакаме да смениме, ама ми е страв да не се разочарам многу пошто лани бев закинтос, оломнани лефкада, па другите години на двата краци и навистина преубави места се, прекрасни плажи...па затоа ве молам за мислење
Калитеа си го зедов редот,на почеток на сезона..се надевам дека до крај на летото ќе одам Кушадаси(од кога ми е во план)
Будва е фул во сезона, нема место за пешкир на плажа, мала е, нема некои убави плажи, и се оди најмногу за ноќни искачања по дискотеки. Сутоморе е помала верзија на Будва, и повеќе ми се допаѓа, ама нема кај да шеташ пр. плоштад, само една улица е. Инаку има многу убави плажи во Црна Гора само треба убаво да се информираш.
Леле јас те испозамарав, ама само уште ова да те прашам Од јадење и пиење преку границите до хрватска шо смее а шо не смее да се пренесе. Вие дали носевте цигари, јадење, пиење нешто... ? Ние одиме со кола па пример сакаме да си земеме едно шише ракија и вино и цигари
Uste neznam. Se mislam.dali preku atlas utre treba da idam po agenciive . koj period ke ides ? Izvinete za latinicava od mob sum pustena
Јас се јавив во неколку агенции, воглавно со цените се исти. Инаку за хотелите ми рекоа дека плажите биле подобри во оние хотели кои се подалеку од градот, односно во областа Макади. Лани еден мој пријател беше сместен во Nubia Aqua Beach Resort и ми потенцира дека се било ок само плажата била премногу плитка, па поголем дел од времето биле во базент. Ние планираме да одиме при крајот на Јули
Немај гајле, се шо те интересира прашај и секако кога ќе се вратиш сподели искуство Од јадење јас лично носев нешто како овошје, ќифлици, конзерви некои , еден ранец храна ми се собра кога идев у хрватска. Алкохол не носев тогаш, но знам дека е дозволено до 1 литар алкохол и една штека цигари по човек. Кога патував еднаш носев едно шише ракија со мене ама патував со автобус и не не проверуваа. Мислам дека до едно литро нема да ви прават проблем, ама сепак распрашај се убаво. Убав помин
Епа да, и ние така мислевме, по едно литро алкохол и штека цигари е дозволено скоро секаде Фала ти многу за инструкциите Утре заминуваме, па кај почетокот на јули ќе пишам импресии