Ариел не мора да јадеш нешто егзотично кое ќе ги надополни твоите дневни потреби за се. Има локално што може да се искористи пример мешунките,шумските овошја и те како се богати со витамини. Капини,малини итн. Компирите исто така. Рибата и сите бели меса се супер за протеини Со малку пари може аупер да се помине
...мене само едно не ми е јасно НЕКОЈ...НЕШТО..ти плаќа тебе СТЕФ/како и да ти е ников/ за да не овака ПРОСВЕТЛУВАШ и ЕДУЦИРАШ што и како е здраво да се вежба, јаде, диши?? Мислам ...дај олабави не, стварно.. Или отвори си вежбална и биди супер гуру у вези вежбање или ПОЧНИ ДА ПРИФАЌАШ и други мислења. Верувај, има луѓе што истото го прават и живеат како тебе па не се експонираат толку
Спојлер Жити се ова веке оди во крајности, може па и делумно да си во право Стеф, ама олабави малку пушти ја таа тестатура ке ја скрсиш, јак/а си мислам дека треба да се слушне и туго мислење. Не биди инат, запнуваш за едно и 5 страници се пишуваат за тоа се исто па исто. Не го уништувај форумот ке те молам! Ефтина здрав храна кај нас само на пазар... секако зависи што барате
Да се разбереме Стеф навистина има разбирање од работите, за воља на вистината и вежбална има Постигнал резултати, се гледа тоа на него, јас го имам на ФБ и знам за што збори, ама многу ја тупиш бре пријателе со едно та исто. У право си, за многу работи си у право, ама за некои работи абер немаш од точни информации, поготово со МНГто и глутаматот содржан во нашето тело, абе нема врска тоа ама ајде. И ама направи споредба јаболко со вегета, лелееее.....
http://io9.com/what-if-natural-products ... 1503320184 Еве ти добра статија за тоа. П.С не сум платен од ниедна компанија и ако вистината и фактите се такви. Ако читам истражувања и журнали и размислувам поинаку од вас не значи дека сум платен...
Не мора од никаде да читаме за да знаеме дали прсканите јаболка се здрави или не се. А, да беше здраво прскањето, работниците немаа да носат маски и скафандер, нели ?
Не ми се потребни никакви факти. Мислам дека моето мислење беше прејасно. Ако хемикалиите се здрави, немаа да бидат нарекувани ХЕМИКАЛИИ. И немаше од нив да умираат инсекти итн. И немаше луѓето при прскањето да се облекуваат од глава до пета. Значи штетно е ! Па, извини, јас тоа не сакам да го јадам.
Ти се слушаш себе,хемикалија е секоја супстанца од воздухот,водата,плазмата се е тоа хемикалија,дали е органска или не се вика хемикалија. Не сум ти јас крив што не си посетувала часови по хемија. Да си посетувала ќе си знаела и наместо да си ограничена со твоите размислувања и да страдаш од природната заблуда почни да читаш журнали и научни испитувања...
Како прво: Темата бега 180 проценти од намената Убава замисла на Стеф, ама очигледно со нас нема разбирање. Ако не, нека се прекрсти темата во која храна е здрава па да не бидат скоро сите мислење оф-топик. Очекувам моево мислење да биде избришано, затоа што на форумот селективно се бришат мислења, во зависност од тоа кој член ги напишал Сакам да ја прашам Silver.E дали е таа сигурна за се што јаде дека никогаш не било третирано со пестициди, дали сама си ги одгледува зеленчукот и овошјето, од семиња или расад кои таа сама ги произвела (затоа што и семињата се третираат). И целосно се согласувам со Ariel, за она мислењето со здравата храна и трендовите од запад. Дренките, рибизлите, боровинките... сите тие се исто толку корисни како и аронијата и брусницата, само што се многу помалку рекламирани (за аронија знам дека се произведува кај нас, ама пак, се држам до тоа дека рекламата прави чуда) Еве и чаевите... Со замислам дека правам поздрав избор бирам зелен или црн чај пред турско кафе. Овие чаеви се одгледуваат на огромни плантажи, и се третираат со хемикалии постојано. Цел свет пие зелен и црн чај, сигурно не се бере од природата. Единствен сигурен чај ви е тој што сами сте го набрале, од ливада, далеку од населено место, далеку од отворен пат, далеку и од загадена вода, таму некаде, во некоја пустелија, или некаде горе во планина. Татко ми има големи овоштарници, а не се сеќавам кога последен пат сме имале овошје за продавање. Нешто за јадење, нешто ситно за некоја зимница, ама јасно е колку може да има од незаштитено дрво. Црешата во дворот секоја година раѓа повеќе од што можеме и да набереме и да изедеме, aма тука секогаш има по некое црвче Да не зборувам за компирите кои се наводнуваат со вода од реките на кои единствената вода им доаѓа од канализации. Реално, никогаш не можеме целосно да бидеме сигурни во тоа што го јадеме, ако не сме си го произвеле сами. Така, сега можете пак да ми го избришете мислењето, навикнав веќе
Веќе пишав дека имаме градина и во неа си одгледуваме буквално од се. Нема што нема, значи за нас количината е доволна, се е природно и непрскано. Со наши семиња, од истите плодови, самите правиме расад. Ова е најбитно! Потполно се сложувам дека е претешко да се јаде и да се најде исклучиво здрава храна, во ништо не можеш да веруваш повеќе. Се е загадено. Но, да потенцирам, она за кое се залагам: пребирај ! Одбери го подоброто кое се нуди во моментот. Заштити се колку можеш. Знам дека е потешко да ја изнајдеш и набавиш таа храна, ама вреди.
Која ти е поентата со провокации и зајадување ? Ако имаш нешто паметно да напиши, напиши... Џабе убава тема отвори... Сам ја отвори темава бе човек - каде да се најде ефтина и здрава храна, а сега самиот кажуваш како таква нема, и онаа нездрава ја правиш здрава. Навистина досаден и пренапорен си ! Лезет нема на темиве од тебе !
Еве ќе слушниш и таа една од најздравите работи што постојат и превенира рак, мелената служи како додаток во исхранта, ама таму каде што прашав е многу скапа 100гр е 380ден. А обична можиш и дома да посадиш, ама мораш на 10тиот ден да ја стрижиш па да ја блендираш ... многу е покомплицирано и најчесто ја пијат веќе заболени од рак. И подобро е за секој да најде мелена и да ја додава во салата , или за доручев во житариците, за не дај Боже да не му притреба свежа
Не постои такво нешто. Можеби кукрумата,но се уште треба да се истражи. What is the evidence? Wheatgrass is a natural source of vitamins and minerals. However, available scientific evidence does not support the idea that wheatgrass or the wheatgrass diet can cure or prevent disease. One small early study found that wheatgrass juice, when used along with standard medical care, seemed to help control symptoms of chronic inflammation of the large intestine, a condition called ulcerative colitis. This 2002 study tested fresh wheatgrass juice against a sham drink in a group of people with ulcerative colitis. All of them received regular medical care, including their usual diet. Those who drank about 3 ounces of the juice every day for a month had less pain, diarrhea, and rectal bleeding than those in the group drinking the placebo. Although there are individual reports that describe tumor shrinkage and extended survival among people with cancer who followed the wheatgrass diet, there are no clinical trials in the available scientific literature that support this claim. The American Cancer Society's nutrition guidelines recommend eating a balanced diet that includes 5 or more servings a day of vegetables and fruit, choosing whole grains over processed and refined foods and limiting red meats and animal fats. Choosing foods from a variety of fruits, vegetables and other plant sources such as nuts, seeds, whole grain cereals, and beans is healthier than consuming large amounts of one particular food. http://www.cancer.org/treatment/treatme ... wheatgrass
Јас читав на друго место и си имам стекнато мислење и сакам да најдам каде се продава најефтино. Американците секако не веруваат во алтернативна медицина и прават срања како ГМО.