Ме интересира каков е тој грчки јогурт? Читав дека добар бил за намалување на масните наслаги околу половината.
Ако мислиш на тоа што Американците го викаа greek yogurt - тоа ти е обична павлака со пониска масленост.
Ти кажав ако ти одговара на твојот макронутритивен и калориски дневни потреби,можеш се да јадеш. Google IIFYM.
Тоа што има најмалку шеќер, а најмногу протеини. Не знам кое од овие, прошетај до маркет и разгледај различни производители и види позади на табелата што како има. Мастите нека не те плашат многу, јас искрено избегнувам 0% масленост бидејќи мастите и не се толку лоши. Јас мислам дека јогуртот и киселото млеко имаат повеќе пробиотици што е голем плус, ама павлаката повеќе заситува ако ти е за диета.
Го читам воведот и си мислам "ах, што убаво ни било пред 10 години". Случајно налетав на темава преку гуглање нешто, па ае да ја оживеам, зш да не. Во моментов ми текнува на грчките јогурти на Колиос во Тинекс и на Бела Фарм во Кам, горе-долу цените за 150 гр. им се движат од 35 до 55 денари, зависно од масленоста. Често се и на акции. Во Стокомак има ќеси бејби спанаќ и бејби рукола, стандардна цена 69 денари. А од минатата недела ги има и во Кам за 59 денари, ама мислам дека им се краткотрајна понуда (ќе видиме дали ќе ги има и понатаму). Плус имаат и ќесе микс, спанаќ, рукола и мислам марула. Само 100 гр. се ама како додаток шака на оброци траат по недела дена, а периодов кога нема многу избор на свеж зеленчук мислам дека е топ избор. Ај ќе искористам прилика да споделам моментални акции низ маркетиве, можеби темава најдобро би служела за тоа. "Тревата" од Кам: Во Тинекс има намалени борании, грашок, туна и ослиќ: Во Кипер има пилешко: