Немам конкретно место. Купувам од секаде,бидејќи сакам да ги прошетам убаво продавниците,а не само во една и готово. Женско,што да правиш
Од било каде. Не ми е важно дали ми е од некој скап бутик или е од тезга на пазар. Битно ми е да ми се допаѓа...
90 % од облеката ми е или Васидора или Теранова. Што да правам ко само таму си наоѓам нешто по мој вкус
Највеќе парчиња имам од H&M и Манго. Инаку купувам од сегаде, немам некои предрасуди во врска со ова ама кога купувам сакам се да ми е на едно место па затоа и се погодува 90% од алиштата да ми се од Бершка, Страдивариус, Пул анд Беар, Манго и H&M... Во Скопје Сити Мол го има ова се на едно место па така ми се скратува и времето за шетање натака навака. Солун мора да се испоштува барем еднаш годишно да се искористат попустите и таму многу сакам да купувам облека. Еј од Зара немам ништо, ама баш ништо.
Нема h&m во Сити Мол-ама спроти рамстор во мега фешн мислам дека продаваат алишта од таа марка.. Not so sure,though..
Што знам,не трчам по марки и никогаш не сум трчала... Добар дел од облеката ми е од ефтини продавнички,затоа што ако ми се допадне нешто од таму и видам дека е квалитетно,не ми е важно дали е марка или не. Кога одам на шопинг најчесто одам во сити мол затоа што реално,таму имам највеќе избор. Најмногу парчиња имам од Теранова,Страдивариус,Пул енд Беар,Њу Јоркер (од таму купувам и долна облека),а патики секогаш,ама баш секогаш купувам од Адидас. Презадоволна сум од нив.
Од кај ќе стигнам. Битно ми е да има реална цена и солиден квалитет. Не сум ограничена на една, две продавници.
Нема, јас глупаво сум напишала. Мислев оптшо дека најмногу алишта ми се од H&M, Сити Мол го спомнав како место во Скопје каде што имам се на едно место, а за H&M мислев за Космос...
@mims-89 Потполно се пронајдов во твојот пост И јас исто,најмногу во сити мол,све има на едно место,а и скоро све ми е по вкус.Најчесто Бершка,Зара,Страдивариус,Пул&Беар,Манго,Котон,Бата. Калиопе и Теранова понекогаш,кога нешто ќе ми фати око,затоа што не баш секогаш сум била задоволна од нивниот квалитет.Но имало исклучоци секако.За долна облека најчесто Интимисими,Лиска... А надвор од Скопје сакам исто така шопинг да направам во Космос најмногу поради H&M и плус некоја продавница што ја нема кај нас.А и во новиот трговски Палма Мол,во Тетово откако го отворија скоро, доста парчиња и од таму сум купила,имаат убави продавници.А и трговскиот многу убаво е направен и за прошетка е супер
Ви завидувам за Сити мол , кај нас нема вакво нешто, се едно исто низ дуќаните, а важиме за "снабден" град. Ама мене пак ретко што ми е по вкус Мене најблиска, а воедна и економична варијанта ми е Космос.Секоја сезонска распродажба гледам да ја искористам, а воедно и си ја обновувам скоро целата гардероба. Да не се повторувам, дуќаните ги спомна и Мимс , веќе и мижејќи можам да се снајдам што каде се наоѓа.Па точно знам каде влегувам ,што и каде барам и не губам многу време. Пример од Бершка и Х&М секогаш купувам фармерки и панталони, задолжително. Лани од Манго купив зимско палто, предебело и меко, а прелеко, цела зима не го соблеков. Манго знае да биде поскап, а од скоро е проширен во Космос, па има и повеќе избор.