Во последно време имам голема желба (и потреба) да одам негде на зимување на снегче и на чист планински воздух. Има многу понуди од туристичкиве агенции, за Бугарија најмногу, Бањско И Боровец, ама цените се изгор. Да не збориме за Копаоник, таму е скоро дупло поскапо. Најприступачни се сепак наше Маврово, Пелистер или Крушево, што не се воопшто лоша дестинација. Има избор, сакате хотел, сакате приватно сместување, вили, викендици ... Сепак мислам дека Маврово ќе биде избор за мене оваа година, најдов солидно сместување по приступачна цена и едвај чека да дојде денот да се спакувам, да тргнам и да го заборавам Скопје-во барем на 2-3 дена Кажете какви се вашите планови за зимава, планирате ли да уживате негде на снегче и имате ли некоја добра понуда?
Јас си одам на Вигла во Грција не ми е далеку одам со автомобил за два нецели часа сум на стазата. Викаат дека оваа година ќе се направела жичарата на Пелистер ако се направи супер таму ќе одам
За мене поубаво место за зимување од Крушево нема! Можеби затоа што ми се таму другарите, другарките и баба ми xdd. Навистина е супер.
Никој пат не сум била во Македонија во зима, желба ми е Инаку обично го поминувам зимскиот одмор во Saint Moritz, кај што имаат некои другари вила.. Не сум многу по скијањето, по ми е добро snowboard
Каде ми препорачувате да одам овој период од декември со дечко ми? Ве молам дајте ми предлог тој ке си дојде од странство деновиве и сакаме да одиме на планина, во хотел дајте ми совет, треба брзо да одлучиме?
Би ти го предложила хотел Алпина во Маврово.Хотелот е прекрасен со прилично прифатливи цени.Ти посакувам пријатен престој каде и да одиш.Повели разгледај си http://www.hotelalpinamavrovo.com/
Па во животов имам еднаш идено на зимување, пред 20 години во Маврово, на мои 5 години. Од тогаш сум имала само неколку викенди зимно време, кои биле пред се за одмарање и дишење планински воздух. А и тие се бројат на една рака. Освен санка која ми била пријател, скии и даска само од далеку сум видела и на слики Не дека не го сакам снегот, планините, не дека не ме привлекува скијањето, посебно ме фасцинира сноубордингот, НО зимувањето е скапа инвестиција. Многу поскапа и од летувањето. Летувањето може да ти биде од многу скапо, до просечно секој да си го дозволи. Морето е бесплатно, купачи може и за 500 денари да си купиш, пешкирот е ефтин А зимувањето не може секој да си го дозволи. Не е само да платиш сместување а кое притоа е многу скапо, туку тука имаш ски карти, ски лифтови, да не зборам за опремата ако ја купиш или изнајмиш, а и самата зимска облека скафандери и други глупости. Ски карта дневно е од 1000 денари па нагоре. Значи една седмица над 7илјадарки. А кај е се останато од пат, храна, сместување. Има летни одмори во јуни и септември за 7000 со пат и сместување. Така да се случувало да одам и на повеќе летни одмори, ама зимувањата се речиси непозната категорија за мене Така и годинава ако не ни падне убав снег во Скопјево, снег само на монитор ќе си гледам
На планина. Нема да одам на скијање или санкање, туку само да вдишам чист воздух. Ќе пешачам, ќе пијам топол чај и ќе се одмарам.
Морам да се согласам со Росонерка, за зимување треба скафандери, специјални скијачки јакни, скии, бордови и сите глупости, па карти за жичара, пари за топло чоколадо. А за лето само купачи, пешкир и добро расположение, смештај може да се најде пристоен за малку пари и некој јак шопинг може да се направи после. Кога ќе размислам пре ќе одам до грчка на еден шопинг, него на некое скапо зимување. Но да имам толку пари да можам да си дозволам да одам зошто да не. Оваа година најверојатно ќе одам на еднодневна таканаречена екскурзија до нашите јужни соседи
Голем зиморлија сум како човек, од скијање немам ни с, несакам ладно, ама годинава прв пат се наканив да одам на зимување.Изборот падна на Крушево и одлично си поминав.Сместувањето беше солидно, местото прекрасно и има што да се види посети таму. И да сте скијач и љубител на зима и зимски спортови и да сте од онаа мојата категорија на луѓе, во тој мал град ќе најдете занимација за секого.Споменици, музеи, цркви, ски центар, одлични вечерни случувања и слично.Цените во градот се смешни. Влез во Македониум- 30 денари, влез во спомен куќата на Тоше- 60 денари, возење со жичара (повратна) 150 денари и слични цени кои за туристичко место се многу ниски. Ако го одберете Крушево како дестинација, нема да зажалите. Имајте убави зимски денови!
Оваа година, исто како и секоја претходна, ќе си останам дома и ќе си го чувам Скопје.Сакам зима и снег, ама како што кажа Росоњерка, зимување е многу скапа инвестиција.А и не знам да скијам, зимувањата се интересни само за оние што знаат да скијаат...
Ако мислиш на тој динствениот хотел на Пониква цените се 900 ден за еден со доручек и вечера, ама до март е се резервирано , така да нема ништо слободно во тој хотел
може да се најде сместување на пониква, јас без проблем си резервирав во хотелот осоговски бисер ..видете таму.има ли некој искуство баш од тој хотел да ни пренесе? поз
Е да скапо е одење на зимски одмор особено ако скијаш.Плус кај нас цените се многу високи,во однос на тоа што го нудат.Слушнав дека и новиот скијачки терен на Кожув е џабе инвестиција,многу ветер дува и патот е несреден,жива мака додека да стигнеш.Ако грешам некој нека ме поправи А општо за седење во викендичка со друштво,секаде е убаво каде што има снег,убава природа,мирна околина...па и не мора да се помине многу скапо.
Јас бев во Австрија.Во еден зимски центар,доста скапо помина но... Скијам и јас и пријателите со кои бевме,се изнаскијав и си поминав ТОП! Но во право сте,зимски одмор е поскап од летен,но ако одиш на зимски одмор повеќе за да дишиш чист воздух,да си се порадуваш во снегчето,на некоја планина,нема да те фати многу по Балканов.Уживајте феминки,и да не сте отишле оваа година,можеби следната.А и никогаш не се знае што ќе се случи.