http://www.youtube.com/watch?v=8p22DqN- ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=lTlbGsD- ... re=related Последниве денови се на 24 часа вести го начекувам она со бордањето,не можам да го најдам видеото, ама екстремно добро е! Уф! Ова е слично на тоа! Февруари не ми бега да зајавам убаво! Копаоник! Многу ми е жал што мислам дека никогаш нема да имам шанса да научам и да сурфам,но бордање е права ствар! А многу ми се смешни оние луѓе што одат на зимување,а мразат снег и ми се има случено,да слушам такви кукумјавци,цела недела. Па што си отишол ако ти студи и ако мразиш снег,па уште и не си ни скијач?! Снобизам,шта ќеш! Уф уф уф! УФ!
Утре сабајле тргнувам Банско, на 7 дена. Конечно најдовме некој добар хотел, 230 евра по човек за 6 ноќевања, 4+ ѕвезди. Едвај чекам да се опуштам во сауните и парните бањи, а најмногу да се вратам на она што најмногу го сакам, скијањето.
Оваа нова година ја поминав во Банско.Ништо спектакуларно вообичаено како и ланската,бевме во Банско и останавме таму една недела и се вративме на третата ден од Божиќ,па тоа сега за сега можам да го рачунам како зимување,бевме во најстариот скијачки центар во Бугарија-Боровец каде што во мене се разбуди авантуристичкиот дух па ми се јави желба за патување но после новогодишната атмосфера морав да се вратам на работните обврски меѓутоа и таа една недела добро помина со оглед на тоа дека дека ги посетивме уште неколкуте зимски центри во Бг.кои сами по себе зрачат со шарм и даваат свој шмек на местата.....Немам што да ви опишувам како е таму бидејќи речиси сите веќе сте биле. Меѓутоа втората недела од Февруари Спојлер сум на конгрес од работата со уште неколку колеги од работа,без дечко ќе бидам таму ќе ја посетиме и Словенија во Блед....па уште една недела ќе поминам во прекрасна зимска идила со неповторливи зимски пејсажи а јас како љубител на зимата по враќањето ќе ви ги пренесам импресиите од Блед.
пелистер Значи викендов со мажот и детето ќе одиме на скијање за прв пат на пелистер. знам дека има да се изнајмат скии но дали може и санки да се изннајмат или треба да носиме?
Оваа зима заминувам на зимување во Банско со моите пријателки .. банско е една од моите омилени дестинации за зимување, сум била повеќе пати таму и местото е прекрасно и во секој период од годината има своја посебна убавина ..
Копаоник! Местово ме воодушеви,гледав репортажа деновиве и се опседнав.Моите беа баш пред еден месец преку колектива и се презадоволни,татко ми ми рече дека е доста реновирано и заживеано за разлика од тоа што било претходно реновирани биле и хотелите,отворени доста барови и продавници,само што патот бил многу лош.Е сега нз само ски терените некој да сподели искуство ако бил претходниве години и дали се погодни за почетници?
Многу би сакала зимово,кога ќе се врати дечко ми некаде да отидеме,па макар и на 3 дена викенд. Небитно на кое место.
со дечко ми би сакале годинава да одиме до банско...но ако не е банско крушево не ни бега и минатата зима бевме таму ии прекрасно е...го обожавам
Боровец ми е желба уште од одамна да го посетам во зима, а и според коментарите и сите оние reviews за местото што ги читав на нет, уште повеќе загорев за таму . Годинава дефинитивно нема да ми се исполни желбата, туку најверојатно ќе се оди стандард неколку дена во Маврово на воздух. Што се однесува до мене доволни би ми биле само 2 дена. Третиот ден мене веќе ме фаќа сафра. Доволно долг период да почне да ми недостига Скопје, и доволно долго да имам време да се издувам и одморам. ( не дека се заморив нешто од црногорскиов живот, ама така иде зборот )
Feminki sakame da ideme dvajca za Bansko,ako ima nekoj par so kola zainteresiran da go delime patot neka pise...