Каков предлог? Ако си мераклија по долги стази,јас го препорачувам ПАМПОРОВО.Можеш и Банско,но мискам Пампорово е поефтино. Не знам во МК дали има снег на Шапка или Маврово.... а и мене уште ми се скија..Бугарија не ми беше доволно.
Дали сте нашле случајно некои понуди од агенции за зимување годинава, накај месец Јануари? Мислам дека сеуште не се излезени, баш барав...
Дечки, ве молам предлог сместувања за во Пелистер или Пониква. На кајак.мк ми искачаат цели викендици, а на букинг и арбнб скоро па да нема ништо. Тоа шо го појавува се смештаи на 10км од локацииве. Хелп
Здраво, знам дека не е зима ама не знаев каде да го поставам прашањево, дали сте биле на Златибор периодов сега ноември? Ако да.. Какво е времето? Има ли што да се види или воопшто да не тргам? Сакаме 4-5 дена да одиме
Здраво, гледам дека темата веќе не е активнс некое време но, не можам да најдам некоја слична тема па затоа ќе напишам овде. Знаете ли некои убави места што немаат некој грозен пат не исчистен полн со мраз и со снег затоа што сакаме да одиме некаде ама сме по 20-21 година така да не знам дали ќе може да заглавиме или да направиме некоја беља. Затоа ве молам ако некој го види овој одговор да предложи нешто и да каже што е попаметно да направиме дали да одеме со наш превоз или сепак да организираме друг да не одведе?
Не размислувајте така. Патиштата се чистат, зимска опрема е задолжителна, исто и зимски гуми, без тоа на пат не се трга зимно време. Јас само гледам да патувам дур е ден.