@Вереничка Мислев овде да не сакаш да идеш https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2388639431405247&id=100007776390399 Не дека беше лошо, ама цркнавме од вруќини, колибата на сонце плус ни беше, тоа без изолација, па бетер сауна стил Јадењето ОК беше, рестрикции за вода има, гледам сега и поскапено е, тогаш ни 200е не плаќавме, ама ова пред некои 15г ти кажувам Но блиски идеа до скоро таму и ништо не е сменето, сем цената Јас би Чањ со бебе, местото е мало и едно уличе со тезги само има, но па и по селана во Гр колку има Плажата мене ми се допаѓа, покрупен-поситен песок и ситни камчиња, во вода баш тој дел е со песок и по некој камен. Доволно е широка и долга плажата, последиве години и урбанизирана доста (не сум била, но ми кажале и по слики сум видела). А пример во Сутоморе чим си била знаеш какво е, плажа 2м, на друг дел плажа со кажења колку дињи и лубеници и во вода само камења Сутоморе е за ноќен живот, леле какви спомени носам од таму а да се плажира на друго место. Уплати и иди, ќе си поминете супер, има доста нови и солидни хотелчиња, верувам ќе направите супер избор. Само гледај да не биде на ридот, да е долу поблиску до плажа, мака ќе е со бебе по узгорницата Едит: на скриената плажа плус ќе идете, каде е преубава со ситен песок, со чамче се стига. Пред тебе заоѓа сонцето, а плажата е права, без дрва и нема кај да се скрие сонцето, па ваљда на тој припек се мисли
2/3 од плажата е со лежалки и чадори, прилично се скапички лежалките, без ништо од 6е до 10е. Јас песок во Чањ видов само на едно место, другото беше се камења, ама имаше патеки за да се стигне убави од дрво. Песокот не ме бендиса многу беше прљаво на тој дел, кој што нашол оставил, катастрофа, изгледа ваму кај што одевме ние стално чистеа не знам. Ние одевме одма кога ќе излезеш од Галеб хотелот и бунгаловот уличката. Камења има секаде и се трпи, не е лошо искрено, јас бев со папучи за во вода и не ми сметаше толку многу камењата колку што одма беше длабоко. Слика ниедна немам, со дете разулавено немав време ни за слики ни за ништо, прв одмор да немам ниедна слика. Зар до толку сум забораила, се мислев од страна заоѓа сонцето позади карпите. И ние бевме во бунгаловите лани, цркнавме од жештини, а имаше многу инсекти не можеш да оставиш така баш и низ нашиот дел многу поминуваа од горните апартмани луѓе па шубе ми беше да оставам така отворено и испоумревме од жешко. И би идела пак, дефинитивно, ама во апартманите, нешто поскапи ама поарно. Лани немаше рестрикции за вода ама имаше рестрикции за струја, малку малку ќе снемаше. Ние лани плаќавме 220е по човек со доручек, ручек и вечера, без превоз дека со кола бевме а со превоз 250 беше, свекрва ми одеа 3 години по ред, они почнаа од 200е па се до 250 ( сосе превоз ) лани со нас. Ние лани на сила 100е потрошивме, баш на сила. имаше џиџимиџи, имаше и еден гумен базен со лизгалки, атракции, имаше колички горе доле, имаше кај да се потрошат пари ама дете само сладолед бараше. Преефтини магнети, преефтини џинџурајки ама не ти треба ништо.
Абе и јас мислам десно заоѓа сонцето. Не сум била прошла сезона, ама ваљда не сум во заблуда. И ние го гледавме Чањ за со бебе годинава. Баш дека таа плажа некако највеќе ни одговара за со бебе од цела Црна Гора. Живнат е Чањ, не е како пред 5 - 6 години. Многу е изградено. Али пак си е Чањ. А во Галеб бунгаловите ги викавме голубарници. Сум била во кампот ама не сум спиела таму.
^^ зависи кој период идеш, па зависи колку ,,десно,, ќе ти зајде сонцето @AngelOfArh абе не е песок, песок нели плажата, ама може да се стави од оние сунгерите долу и да се седи на раат, за само на пешкир не е. Оно гледам Вереничка сака да купи столче за бебе, така да го знае ваљда моментот За чистота немам комент! Да бе и рестрикции и на струја имаше, ама што нема вода повеќе ни сметаше. Тогаш беше со периоди, ако добро памтам од 9-17ч немаше вода, а од 10-16ч струја @TeddyGrey колиби се
Да, да колиби, само ние бевме во новите горе на крај, поголемки малце. Искрено за тие пари јадењето само вредеше, друго ништо од сместувањето. Првата година имало по еден фрижидер на секоја куќичка, втората 3 за сите на тој дел и третата еден само, малку ја претерал. Тоа е убав одмор ама искрено за без дете во тие куќички, не ми е безбедно, спиев во страв дека змија ќе ми излезе.
Добро де, струја и вода нема, море и плажа, малку ситен песок има! Ајјјј што ми направивте во главава саде камења, колиби, припек десно лево... Океј. Тетка @emkaemka да на тоа мислев дека сонцето заоѓа пред тебе, ти тоа убаво си го формулирала Малку се сепнав од сѐ што прочитав, ама сепак од твојот пост ми се направи мерак некако, ми се оди на одмор! Инаку овие колиби Галеб прв пат ги гледам, не знам како не сум ги сретнала досега во пребарувања. И ајде кажувај каде има столче А за Сутоморе ќе ставам само емотикони: А на скриената плажа мислиш на Краљичина или некоја друга скришна? Ок @AngelOfArh фала ќе имам предвид за плажата и камењата што идат во пакет. Лежалки во сопствена организација планираме. Инаку јас мислев со мојата ќерка одморот е "доживљај" ама јас сепак имам стотици слики од првиот одмор со неа. Ќе видиме овој одмор колку филм ќе имаме Инаку сериозни сте со рестрикции за струја и вода?
Најсериозно, вода имаше ама струја јок. Столче на камења не можеш д ставиш, пробуваа до нас и го скршија. Сопствени лежалки земи некои подебели.
Читам имате позитивни искуства со Метаморфози. Планот ни е за таму, во септември, беба ќе има 5 месеци. Ќе биде баш пензионерски одмор, ама ме интересира дали има некаква амбуланта во местово? Педијатар?
@Вереничка полани светковци беа во едно хотелче и немало никакви рестрикции, а пред 3год беа и во колибите и за таму кажува дека немало никакви рестрикции. Ваљда лани било среќа на Ангел Свеки рече дека на плажа имало и реквизити за дечиња, спомнува и трамболина, кафичи наоколу, стандард за палачинки, сладолед на точење.. Они идат на плажа со онакви сунгерести лежалки и столче за седење, така да ќе може мислам да прицврстиш столчето за бебе. Столчиња јас во Џамбо гледав, сакам и јас за бебе и со ниет сум од таму да зедам, имаше неколку и инакви, јас едно тегетно бендисав, најцврсто ми стоеше. Беше во делот и кај за возрасните, не таму долу измеѓу играчки. Да убавата плажа е Краљичина. Оди и фали се кога ќе се вратиш
Во центарот каде има неколку продавнички има амбуланта во истиот ред, е сега баш педијатар не знам, но во соседното место кое е поголемо (ич не знам како се викаше) имаш се, на некои 5-6км нека е од Метаморфози, така да ич не се замарај за тоа, само нека нема потреба. Убав помин
Мене Петровац повеќе ми фати око од Чањ. А Суто Море е троши троши а парите не ти мрдаат Навечер е Бела циганка теби бичу ја Кога се вративме со месеци не јадевме пица и хамбургери Не ми текнува како се викаше сендвичарата ама најубаво беше таму.
Гледам за Амудиа на јонско. @duffi ти го препорача на @mariz . Ако има некој повеќе искуство за местото за со деца да пише
Плажата е рај за деца. Многу е плитко и рамно. Широко е и не е со набутани лежалки, а нема ни нешто многу гужви. Бар немаше кога ние бевме. Е селцето е баш мало. Нема ништо посебно. Ни некој голем маркет. Има мали и локални. Ама се е околу. Парга е на 10км, Врахос. А може да се скокне и до Лефката. На 40км мислам беше.
Да гледав и јас слики од плажата преуба е. А дали има нешто како шеталиште, некоја замимација за деца или ништо
Вчера баравме во две агенции брзински и само во Амудиа имаше место... Ама се мислам јас, а мм сака таму. @kiki_riki во агенцииве ни кажаа дека нема за деца ништо... а може и поарно, да останат пари за Солун Доволна ни е плажа, ситен песок, кофички чуда... Па ке видиме. Исто ни рекоа Парга ни е блиску па ке шетнеме еден ден до таму, еден ден до Лефкада може..