Нема баш ништо. По некоја таверна за јадење и гиро. Не е како развиените селца. Туку луѓето си живеат веројатно таму. Не знам. Ние бевме без деца тогаш и ни служеше како база за шетање. Да @mariz Парга е ептен блиску и има се. Ама плажата како тука не е . Мала е гратскат плажа на Парга и тесна.
Имаше за деца лани, за малку поголеми додуша, голем на надувување базен со оние лизгалки низ кои тече вода, скалички, препреки, тунелчиња... Имаше и колички горе доле што одат. Убаво беше мислам. Дефинитивно би одела пак ама не во колибите во апартманите.
Парга на градска плажа никогаш не сум била, а сум летувала повеќе пати. За Валтос нема замена, ни Врахос, ни Амудиа, ни Канали. Сивота ми е исто во срцето. Плажите диви, убави, ама не е како Валтос. Ама тогаш си бевме дечко и девојка, полни пари Си уживавме тие години, сега не ја препорачувам Парга за со мали деца.Освен за шетање навечер, што според мене не е добра идеја со мали деца да си оддалечен од смештај да шеташ со кола, некое секогаш ќе има потреба од враќање дома
Јонско ми е незаменливо. Ем топло ем чисто и песочно. И многу убави места сте ни откриле на кои јас не сум била Здравје, некоја наредна година, сега сме уште мали за толкав пат Иначе и јас имам летувано во голубарниците во Чањ, искрено "сауната" е неповторлив момент ама ич не ми сметаше пошто имав само 18 години
Не е многу далеку, Парга е нешто слично како краците во км . Само поубав патот е. Островите се подалечни, ама таму ќе одиме на втор меден месец да пораснат децава, тие сами ние сами Никогаш не би го правела тоа што свеки го прави за нас, да одам да им чувам деца на одмор. Ама ете, свеки си се нафаќа
И јас тоа сакав да кажам. Патот е прекрасен. Башка нема гужви како на ринг роадот према краците. Ми дадовте идеа да ја разгледам таа страна пак.
Да споделам искуство со 7 месечно бебе од втори ден на море Патот помина хаотично,на граница чекавме едно два саати а може и покасно. На нашата понинавме одлично ама на грчка беше хаос,бебе едвај додржа. После го утнавне патот не свртивме кај што требаше и додека најдеме место да се исклучиме за да завртиме помина доста пат. Конечно стигнавме се сместивме смештајот одличен дури и се зачудив бидејки е за ич пари. Во Олимпик бич сме,одиме на плажа после градската плажа и таму водата е чиста а и богами и мирно. Си имаме наши лежалки и тоа мислам е најдобра работа се местиш каде сакаш. Бебе е мирно го брцнавме малце во вода како за почеток доволно е,ама затоа обожава во песокот да игра.
Читав коментари за Амудиа од типот дека водата била ладна дури и во август поради некоја река во близината и дека вриело од комарци .Точно ли е или се дезинформации ,цените годинава таму колку што гледав беа доста поприступачни за разлика од другите места во Грција ?
Бев бремена таа година море и се бањав, не многу ама влегов. Мене Јонското секогаш ми бил поладен од Егејот ама за ладна да беше не е. Полно беше дечиња и бебиња. А ни комарци нешто посебно немаше. А не се мачкавме. Можеби во делот околу реката, не се сеќавам. Ама баш да врие - немаме вакво лошо искуство.
Кемер, Аланија или Сиде, што е најдобро за со деца? Некако највеќе кеиф Кемер ми прави, само плажите биле камчиња, ама водата рај...
И ние сакаме Турција. Кемер не ни гледам понуди поради камењата на плажа и во вода. Мислам не е за со деца. Сиде е убаво, повеќето се песочни плажи и поблиску е до аеродром. Аланија исто има песочни убави плажи. Се имате ли одлучено за некој хотел? Јас мислам ќе се мрднам од гледање и читање. https://www.slobodenpecat.mk/osumgo...rska-riba-vo-paralija-vreskalo-od-bolki-foto/ Внимавајте за грчка од овие риби, се почесто читам дека ги има во плиткото.
Мајки, мислење и искуства за Турција со бебе? Дека тогаш ќе има 8 месеца се планиравме за краците, ама еве гледам само смештај деновиве преку 1000 евра е. Сигурно има и поефтино, ама маж ми е пребирлив со желбите, а и малце касно барам (во 5 до 12). Па гледав понуди за Турција, за 1300 евра има ултра ол инклузив, за истите пари барем во хотел раат. Кола немаме летово, требаше девер ми да не носи до Халкидики, вака со авион барем за превоз да не мислам. Е сега, за мене главен проблем е јадење за бебе. Не знам како би се снаоѓале со тоа. Па еве барам совет, што мислите? Има ли друга причина зошто не би оделе со малата натака?
Нз па како што гледав па водата е поубава и поплитко има, во Сиде некако плажите ми изгледаат како да удирале големи бранови.. огромни се, секој хотел си има своја плажа.. но како да е длабока водата ми личи. Плус хотелите ги двои улица од плажа (со подземен мост), и се на 100м од плажа, а веќе ако давам 1500 евра сакам на плажа апла или поблиску Во Кемер ги гледав хотелите, па гледам некаде не се апла камења плажите, има и песокче, ама водата секаде е бистра плитка рај. Аланија е малку поефтина, ама незнам зашто женава не ја предложи за со деца.. некако против беше и не ми ни даде понуди. @Spidy види во агенција Стаф, има за 1000-1200 алл инкл, чартер лет, превоз до хотел од Аеродром. И јас за Турција се одлучив зашто Грција само смештај 400,500,600 евра и тоа студио за 7 ноќи, плус јадење, плус превоз, плус акање секој ден шетање навечер, а кнап ни е за временски период (мораме 1-10 Август)... па за тие пари алл инкл ке си отидеме во Турција. Одиме денес да уплатиме, и незнам каде ке испадне... Ако се најде некој искуство да пише ке биде супер. @Sexybaby86 @Lolipop23 гледам вие натака сте биле, искуства?