Супер, фала женски. Мислам дека на Дојран би иделе, на србите им треба повеќе време да стигнат до граница, ќе ги претркаме Ние сме на прв крак одма под Солун, а ако тргнеме толку рано ќе мора малце да чмаеме во Солун.
Кој ден одите ако не е тајна? Недела на Дојран е пола Струмица на граница. Затоа велам гужби има секаде сега во сезона. Зависи како ќе ти се погоди. Иако низ Дојран е нешто помалку ама и само две ленти се. Инаку Србите преспиваат во Дојран.
Ние во Неделата убаво заглавивме ама и касно тргнавме во 6. Никако после 7 на граница,ептен е мачно со деца многу гужва имаше може повише од 2 саати чекавме. Мене кажете ми кога е најдобро од тука да се тргне за да не ја фатиме гужвата во недела?
После 8, после одјавување од собата. Ако користиш ден, ќе се зезнеш со граница пак, сите викендаши се враќаат тогаш.
Кога и да тргнете гужви има, висока сезона е. На враќање е побрзо. Ние пред 3 викенда и тоа на Дојран каде никогаш нема кола имаше огромна колона. Ама пуштаа веднаш. Без гледање на пасоши.
Уфф маму им ј..... Сабота се паѓа, 10ти август, уште во сезона. А се враќаме мислам паѓа вторник или среда.
Не би требало сабота толкави гужви да има. Недела и до Гранико знае да биде колоната. Како цел град да тргнал на бања. Уживај, не му ја мисли толку. Убаво да си поминете.
Преку недела нема толку гужва, ама за викенд е ужас. Ние во јуни на одење не начекавме гужва, ама одевме во среда. А за враќање (недела беше) си почекавме малку повеќе на грчка граница, на нашава пуштаа одма, без проверка на пасоши. Ама сега е висока сезона, многу гужви има по границиве.
Ние одевме во понеделник и тоа тргнавме касно накај 9 саат и имаше колона ама не беше нешто страшно брзо миневме за 20-30минути двете граници ги поминавме,а на враќање среда исто за 10 мин се минеше,ама за викенд викат дека сите си чекале по 1-1,5 час,посебно недела дека и на агенициите скоро сите аранжмани им се од недела,така да може и преку Дојран најубаво за викенд. @mariz мислам дека најпаметна одлука ти е за Турција,ние се зезнавме што не си уплативме за таму,Грција ѓавол и пол исти пари ќе потрошиш,не се нормални Грцине со цените,сите што отидоа во Турција се презадоволни ,мене само од авион што ми е страв .Една пријателка со децата секоја година оди во Лара само различни хотели и вика најблиску било до аеродром,а Кемер и мене најмногу ми фати око,ради зеленилото.
Aj на здравје Супер ќе си поминете Сподели после враќање импресии како си прошла со малата во авион. Иста возраст се со мојава, јас не се осмелив годинава за Турција заради неа, а сакав. Ај може догодина Уствари кај догодина, бебе од 5 месеци ќе имам ова време