За 1недела тргаме во Ксамил со синко, веќе 1година направи. Малце ми е страв како ќе патуваме дека 6 саати е патот. Него малце офф, како се справувате со исрана? Носите готови каши или таму готвите? Проблем ми е ручекот дека има и месо па 2 саати варење некако не ми е у прилог
Јас кога бев во Ксамил пред 8 години немаше струја редовно по неколку саати на ден. Сигурно имаат уште прекини. Внимавај на месото во фрижидерите ако купуваш од тамошни продавници ми е муабетот.
Moeto e godina i pol i planiram da gotvam godinava. Seuste ne jade restoranska hrana. Od dogodina veke moze da se razmisli za hotel so obroci.Inaku mozes da vmetnes nekoj den i gotova kasicka ako jade. Mojata ne gi jade zelencukovite zatoa ke si varam meso 2 saati
Ние бевме натака. По пат заморно со оглед што мораше да се застане неколку пати. Мој совет да тргнете околу 1 по полноќ,утрото сте таму. Јас носев готови каши. Си испланирав за секој ден, наутро овошје со житарки, за ручек зеленчук со месо навечер ноќна каша на хип. Супер поминавме. Струја не снема воопшто ама тоа шпоретот дур зовриеше вода еден саат требаше. Ние во ресторан си јадевме и баш одмор беше. Мене ми беше шубе да купувам овошје за бебе таму и затоа вака. Туку имам едно прашање, Неи Пори искуства со деца и дали има смештај таму да бараш на лице место?
Ne e bas kako vo hrvatska ama cista e o samiot pesok se sozdava iluzija deka ne e mn. Vo sekoj slucaj preporacuvam
Букирав во Лидо ди Језоло за септември. Се одлучив поради песокот, се надевам нема да се разочарам. Фала.
Бев 1 ден таму, спиевме 1 ноќ во Лидо и 1 ден се капевме во морето, многу топло и убаво беше. Спрема Хрватска е многу потопло морето. Убаво да си помините.
Фала Лаки. Јас сум фан на Хрватска али сфатив дека имам бебе и дека базентот треба на цименто да и го ставам. Што би рекла баба ми немој на цименто сине ) Требаше Турција али малиов се разболе и нема оставање никаде доживотно и сега само со кола релација. Инаку прекрасна е Италија али ете јас лично органски не им го поднесувам туризмот со скриени трошоци и реков дека никад веќе не одам али ете бебе, песок, море и близина пресудија.
Ne si zgresila voopsto plazite se super i tamu nie bevme pred odenje go posetivme sea life mali se izraduva na ribite. Vi posakuvam ubav pomin
Преубаво е во Лидо, од вода, до плажа, до среденост на гратчето се е убаво. Ич не си погрешила со избор, убав помин
Девојки, може ли да ми дадете предлог за во Македонија место за одмор? Со бебиња сме, испод година :/
Фри и ние бевме на 1 ден во Лидо ди Јесоло, не го шетавме многу бидејќи подоцна стигнавме, ама плажата на која бевме беше многу убава и водата исто.
Ич да не му се сеќираш, патот ко што сфатив преку Грција ќе одите е бомбона. Ако слушав вакви муабети од пред 5г немаше да одам, јас сум од Ксамил презадоволна, деца беше преполно. Мој совет, на одмор, купи си готови каши, ама ако сакаш да готвиш секако во смештај си за ручек ќе го зготвиш за 1ч сигурно, 2ч се вари месо количина за возрасни а камоли за дете. Или земи само намирници што брзо се варат, нема ништо да му биде ако 10 дена јаде само пилешко/мисиркино а не телешко. Одморот е 10 дена, не е којзнае колку па да се сеќираш сеа. Гледај поедностави малку, помалку нервози и стресови, и за тебе и за дете таманка. Да те утешам, нема нит рестрикции, нит ништо, таму има се и поише од кај нас, преефтино е и преубаво. Не е точно, немаше рестрикции ни еден ден, ни на вода ни на струја. Ксамил сега е едно 100 скалила над Охрид наш, а за мене е поубаво и од Грција искрено. По маркети има се и сешто, што ќе ти душа посака, поефтино од кај нас и повеќе избор. Од сирења од брендови кои кај нас се прескапи, до тестенини, месо (има и свинско), млеко, јогурт, сосеви, сувомеснато, сокови, кафиња, се има. Најскапо е турското кафе и вода во мали пакувања, во големи е поефтино од кај нас. Мене ми кажаа ама не послушав, носев се од Скопје, ама немаше потреба. Догодина само Турско ќе понесам и толку, се има таму. Ресторани има на секој чекор, не ти се исплати да купуваш да готвиш дома, има се, храна превкусна, ефтина и убава, со сите луксузи кои ги сакавме, со сите вкуснотии кои ги јадевме ние прв пат вративме пари од одмор, и тоа не 5е, си вративме убави пари. Само мој совет, идете во иднина септември или до 15 јули, најубавие плажи беа презафатени. И никогаш не зимајте здраво за готово што ќе прочитате, ако слушав немаше да тргнам, патот го направија катастрофа а немаше врска, автопат најнормален, само на едно место кај планината беше кривини, се друго нормално. Ова рестрикции исто немаше, храната ми ја претставија ужасна а имаше се како кај нас и поубаво, плажите наводно биле прљави а тоа почиста плажа у живот не сум видела, луѓето не знаеле англиски, како па да не, сите знаеа колку да се разберат... Самиот факт што на едно место видов коли какви што можам да сонувам ми даде отприлика слика какво е местово, имаше стварно луѓе од секаде и тоа со прекрасни коли.
Мене препорака од педијатар ми беше било каде на одмор да носам готови каши. Поентата и беше дека бебето се навикнува на надворешниот свет до кај година и пол и се учи да се бори со бактерии, вируси и слично (гради имунитет). На домашните нешта е навикнато, ама кога одиш во туѓа кујна колку и да е чисто си има нешто што секако останало (не е се дезинфицирано). Тоа може некогаш да му направи проблем на мешето. Нема да биде ништо страшно ама може да е доволно да ти се расипе одморот. Затоа на одмор готови каши. Ќе си испланираш за секој ден кашички за ручек обавезно. За доручек ако јаде одвошни каши такви купи, ако јаде лепче со намази тогаш тоа или земи со тебе или купи таму. Вечерата исто како доручекот.
Впечатокот за едно место се гради врз база на се она што дотогаш си видел + друштво+време+интереси. Нешто налик се дефинира како вкусот. И за едното и за другото не се расправа бидејќи најчесто факторите се субјективни. Ниту има дискусија ниту може да се убедуваш з лично чувство и искуство. Јас Ксамил со Охрид не можам да го споредам. Во Охрид сум живеела пет години тој е за мене лично најубав град на светот. Токму така на светот, а сум видела доста. Ги имам најубавите емоции и спомени кога сум таму кои ниту еден град не може да ми ги даде. А не пак Ксамил
Мене не ми се допадна Ксамил, додуша со впечаток од еден ден .Тоа беше тотален хаос од натрпани лежалки и луѓе. Премногу гужва,резервирани лежалки,нема каде да се сместиш на плажа,вештачки плажи со нанесен песок,,проблем со струја,со паркинг,цело Косово на одмор ,и веднаш назад во Грција.
Ксамил пред 2 г и Ксамил сега нема врска, а камоли Ксамил пред 5 и 8г. Рестрикции немаше немало ни лани, проблемот со лежалките го има, ама може да се резервира, има куп плажи да си ставиш сам лежалки, Ксамил моментално може да му парира и на Грција апсолутно.
Грција не е само Халкидики. Не за џабе со години е на мапата на туризам како елитна дестинација Јас се погодив кога ги правеа плажите. Со две мали деца, внука ми да беше едвај пет години. Од Игуменица без патоказ, од сплав ( сигурносен стандард икона) по кој не влечеа, додека стасавме со милијарда прашања каде е тој популарен Ксамил гпс што не го лоцира, се до самиот смештај на плажа пред кој имаше преполни контејнери и од нив крави јадеа. Веднаш фамозните плажи со кршен бел камен на соседното брегче ако може да го наречам прават нова плажа камион истура со приколица ние со бел прав на фаца. Уличките приказна за себе, на автопат Велес Скопје нема такви кратери. Во морето говна од туристите. Во рестораните струја нема. Џамијата негде во близина и некој празник се погоди пет пати на ден пееше човекот. Си ги истраумтизирав децата мораа да јадат само зеленчук кој рака на срце уште му го паметам вкусот, прекрасно. Ниту сладолед не добија поради систем замрзни одмрзни. Отидов и до фамозната Саранда. Јас така го доживеав тоа место Ксамил. Внуците ми пораснаа во меѓувреме па имаме за што да се смееме И стварно и се радувам на развојот на Албанија. Многу. Ги има и како туристичка дестинација. И лани беа во Германија на прво место како туристичко откритие. Јонско преубаво море. Само истите проблеми кои сите ги мачат градежна мафија и криминалци не и дозволуваат да се тагне на таа мапа онака сериозно.