Ракија, бабин лек за сè. Мапезот божем со природни состојки, затоа. Не е лошо, ама треба почесто да се прска, зашто а изветрее веднаш напаѓаат. Тие што не се од Кочанско не знаат што е наезда од комарци. Точно, не е на одмет да се носи. Скраја да е да ни притреба сè што носиме. 2 несесера големи, еден за децава, еден за нас.
Кога сме кај пајаци, јас носам и Раид спреј за бубачки. Прво доаѓање бркам маж и дете, јас го прскам секое ќоше. Џогирам, се суши. После може да започне одморот.
Така де, плус една крпа бришанка со алкохол по сите површини, море јас и подот со алкохол го минувам и исклучиво крпи од дома
И овој е као Био. На база на босилок. Ништо не помогна годинава. А па и измутирани, чудни се комарциве.
Топломер, парацетамол сируп, чепчиња во случај на висока тт, линекс бејби, пробиотик, синопен маст, нас ова ни пиша педијатар само, 7м сме, одиме за 3 дена.
Ние сме моментално во Ксамил и е Ок, но не е така преефтино. Ова ми е првпат тука, претходно два пати сме биле во Саранда. На познатата Бора Бора, се е резервирано, нема шанси лежалка да најдеш, но затоа па и е најскапо, наши 1000ден за 2лежалки и чадор. Ама имаш уште миљарда други плажи кај што нема мн народ а лежалките се околу 250ден и водата е нормално почиста. Цените во маркетите се како кај нас, со тоа што млекото е поскапо. 4ти ден ни е и добро поминуваме. Бтв фала на сите за советите да си земам кашички за сите денови, некако си замислив дека ако не е приготвено не е здраво, но дефинитивно ова е одмор не мора да мислам за ручек за бебе, доручекот и вечерата ми се побрзи, си земав паленти,гриз,мусли да го држат
Ние останавме на првичнинот план - Црна Гора. Тргнуваме ноќта недела спрема понеделник. Има ли некој да патувал по новиот автопат низ Косово и Албанија да сподели за колку време се стигнува и дали се чека многу по границите? И додека сум тука: @orhideea и @mariz кога ќе имат време да споделат збор два за Турција како си поминале.
Ке пишам ваљда деновиве. Или немам време или немам концентрација и сила (како сега), блок ми е мозокот. Ајде утре ако најдам време
Мој најискрен совет мајки Не ставајте слики никаде дека сте на одмор! Не ни ширете многу дека ќе одите... Ставете ги сликите откако ке се вратите
Леле сега прочитав и во другата тема Тоа е сигурно организирано уште пред да одите на одмор.. само чекале да отидете изгледа Ама ако полиција не помогне.. кој ке помогне...
Еве најдов малку време за форумот па да пишам. Прво да ти кажам дека се што ми кажа од лекарствата купив и ништо не ни затреба. Бевме во Horus Paradise Luxury Resort 5* во Сиде со еуросава. Хотелот беше преубав и на плажа. Храната исто така многу убава и различна секој ден (ни фалеше свинско де ) Плажата преубава песочна и плитка. Водата да не ти се излегува. Претопла беше. 80% беа парови со деца. До сега овај одмор ни беше најубав. Го препорачувам хотелот и Агенцијата. 2 пати ни дојдоја во хотел представници од Еуросава и беа постојано достапни на вибер за се што ни треба. Се изнауживаме и одморивме. Вредеше за парите.