Преубаво е. колки ве чинеше? Водата чиста како на краците е тука или не? Аланија пример водата е ништо посебно.
1520 € за синко само авионски билет во хотел бесплатно. 6 ноќи 7 дена. Сиде Турција. Сум била на краците, накај Атина, на Крф, Црна гора, Хрватска, Бугарија. Ама како овде никаде на друго место водата не била топла. Се бањавме и вечерта во 9 часот и сабајлето во 7 часот. Водата беше многу чиста а плажата многу голема и песочна и внатре во морето беше песок. И претставниците од Еуро Сава што ни беја дојдени во хотел рекоја дека во Сиде плажите се најубави и песочни. Искрено јас не би одела некаде каде што има камчиња или камења на плажа или во море. Синко се изнаигра со песок. Дефинитивно и другата година сум за Турција. И тоа што се беше вклучено во цената е огромен плус. Се имаше во хотелот. Немавме потреба да излезиме надвор од него. Излеговме само едно утро за да го посетиме стариот град на Сиде. Воздухот беше влажен но се трпи.
Преубаво!!! Мило ми е што супер сте поминале! И мене ланскиот одмор ми беше најубав, догодина здравје пак!
Мамички имаме резервирано за на одмор за Црна Гора Сутоморе.Ве читав овде ама нема многу мислења споделено за Црна Гора најмуногу споделивте за Грција.Ова ни е прв одмор за големата ќерка има 3 год и 10 месеци и за малово кое има 3 месеци па сум малку под стрес како ќе биде што ќе биде. Ако сака некоја мамичка што била таму ова лето или некое претходно нека сподели искуство за плажите ресторани игротеки хахха и слично
Сутоморе е убаво за ноќен живот и шетање, за со мали деца и не баш. Плажи куси, со камења, карпи, секогаш преполни и бучни. Ако сте долу во некој од хотелите ок, ама ако сте на брдото баш ќе си видите мака Чањ ви е близу, далеку поубава плажа, помирно, баш за дечиња е, па ако не се снаоѓате таму, колата и стационирајте се у Чањ @TeddyGrey може ќе ти каже нешто плус-минус
Па ... Сутоморе не е за со деца. На плажата искрено никогаш не сум ни била, зашто ја бие лош глас. Ноќните локали се прегласни, а се сите еден до друг. Навечер бебе би се плашело таму да шета. Има и мирен дел од шеталиштето ама мора да се пројде овој. Приватен смештај под магистрала ако имате или ако сте во хотел ќе бидете блиску до плажата, другото е све над магистрала. Чањ е супер за со дете. Баш како што кажала Емка.
Се вративме завчера од Црна Гора. Многу добар одмор истеравме. Дечињата (2,5 години и 5 месеци) беа супер и по пат и таму, им годеше престојот на плажа и во море, дури помирни беа од дома. Бевме сместени во Улцињ, ама само првите 2 дена бевме таму, потоа ги шетавме и другите плажи, Чањ, Бечичи, ада Бојана, Шушањ, Сутоморе... Во Улцињ плажата е многу убава и со многу ситен песок, но многу е плитко, со метри натака во морето е плитко и не можеш саглам да се избањаш. Син ми по малку се плаши од вода и мислев ќе му одговара плитко и без бранови но потоа се испостави дека всушност позабавно му беше онаму каде што е подлабоко и со бранови, така што воедно престраши па не излегуваше од вода по цел ден. На ада Бојана исто е многу убава плажата, со ситен песок, малку е подлабоко и побрановито, но нема толку гужва на плажите и ептен убаво поминавме тој ден. Сепак скапо излезе, плаќаш влез 8 евра за на островот, плус лежалки 10 евра и во барот таму изгор, па не се вративме пак. Бечичи и Чањ исто преубави плажи, со ситни камчиња, преубава вода, забава за децата на плажите, замоци на надувување, трамболини и сл, на син ми му беше многу забавно. Шушањ катастрофа! Вода нечиста, камења поголеми, едвај можеш да се симнеш до плажа, поседовме 1 час и си заминавме. Сутоморе го оставивме за крај оти тука читав негативни коментари, но не беше лошо. Немаше многу гужва оти веќе нели септември фати, водата беше чиста и супер за бањање. Вечерта беше гласно точно, но им беше интересно на децата по шеталиштето, дури и на бебето му годеше галамата. Е сега маж ми на враќање го фати стомачен вирус па се мислам дали беше од Сутоморе? За цените скапичко е доста, може да кажам дека поскапо и од Грција, лежалките по 10 евра без ништо, само во Чањ беа 7 евра, по ресторани исто не е баш ефтино, забавите за деца изгор, 1,5 евро возење кое не трае ни 5 минути, а дете како дете нормално сака на се да испроба да се вози... Тезгите исто бессмислени цени, во Сутоморе само беше така поефтино, Улцињ, Будва изгор.
Цела кола е натоварена и плус куфер на колата имаме и тој е полн. Вие вака се товаравте или јас ептен ја претерав? Ама времево е скроз променливо овде е зима на пример. И морав и зимски и летни и есенски да спакувам. Сега се вртам да видам да не имам заборавено нешто како и секогаш.
Така. Јас вчера се вратив од Грција. Носев и летни и есенски и јорганче и ќебенце... Блендери, лажички, играчки, лекови ехеее. Топ беше колата.
Ние сме во Ставрос, на плажа или пензионери или со деца, со по едно две три. А и каде што сме сместени 99% во хотелов се со деца па кога плаче некое сите ѕиркаат кај е нивното и што прави За товарење да не правиме муабет, јас и маж се спакувавме во еден куфер среднаа големина а ќерка во два куфера и една торбица. Башка базенче, гума, количка, кенгур, транспортер и други тракатанци
Исто мила денес стигнавме Црна Гора кола полна на угорница не искачуваше ми се чини.исто време променливо во Охрид па морав да земам се и сешто а овде добри 30 степени не пречека. Ајде убав помин нека ни е на сите
И ние како бевме товарани, срам ми беше на граница Освен алишта, играчки, постелнини, блендери, базенче, количка, седиште....носев и еден куп јадење за него. Ко селски туризам. Од сите можни каши готови плус свежо овошје и зеленчук, месо во фрижидерче, пакети вода...се што користи тука за да не му менувам ништо. Од страв на пријателка бебе фати стомачен вирус... На враќање колата изгледаше како никогаш да не сме слушнале за перење кола
Убаво да поминете лепотицо моја, ќе ви мафтам од другата страна на јадранот Се надевам ќе биде топол. Ние тргаме за некој саат. Тргаме како цел стан да сме го земале со нас. Дури и кадичка и ставив за бањање. Значи земав се што ми гледаа очите. Три дена ќе се истовараме Ќе ме убие срам во холот на хотелот. Како од Марс да стасуваме.
Моментално сме смесѕени во Добре Воде, Црна Гора со дете од 3г. Значи премногу сме задоволни и ние и дете. Пред некој ден бевме Тиват и Котор убаво ама поскапо од тука, тука е живо џабе. Утре договоривме крстарење низ јадран за 35€ од особа што и не е многу. Еве слики во моментот од Добре воде.
Пефкохори е со поубава плажа и има луна парк за разлика од ханиоти. За Неа потидеа не знам. Ако има некој контакт за прв или втор крак,близу до плажа нека ми пише
Охохооо се активирала темава рано рано чекајте уште снег не сме виделе, вие плажи барате неа потидеа има преубава песочна плажа али за навечер нема кај да прошеташ. Лани бевме со бебе на викенд и супер беше, ама беше тогаш имаше 6-7 месеци, заспива во 9 и тоа не ни значеше. За поголеми деца ќе биде досадно мислам. пефкохори и ханиоти ми се премогу гужва, не ги сакам . Мали и тесни плажи. Ако планираш да одиш во шпиц сезона, подобро не. @pepapa