Со оглед на тоа дека минатово лето за првпат во 32 години не бев на одмор зашто не сакав да одам трудна (пред 3 год се вратив од Грција со миссед и шубе ми беше, не сакав да мрднам од Скопје), уште сега зјапам на букинг каде со бебе. Планираме одма на 1ви јуни да палиме. Таман ќе има 8.5 месеци малово. После крај на август пак. Дајте некој предлог каде е убаво за со мало бебе. За места за одмор сум многу пребирлива, скоро секогаш сме по острови и ги мразам краците зашто нема толку убави плажи, нема простор за мн авантури, а цените им се набиени ко којзнае што да нудат. Ама со беба сега за првпат не би одела многу далеку, со траекти, со авиони. Значи, сакам убава ама баш убава голема песочна плажа, плава вода, убав смештај и улици за шетање со количка со бебе навечер За гужва се надевам нигде нема да има толку од 1 јуни. Од краците ми се свиѓаат Каламици и Арменистис на втор крак, најубавите плажи на цел Халкидики ама па таму нема улица за шетање навечер - едното е селце со два ресторани, а другото огромен камп со бунгалови на плажа (таму башка веќе е све фул уште од сега). Дајте предлог ако имате... Едит: Ахаха, сега отварам тема Одмор со бебенце и гледам и @Sofi.ja веќе се активирала
Никити е многу убаво за шетање и има се и доктор и продавници, шеталиштето најубаво од сите места на краците. Градската плажа е просечна, мирна вода и долго трае денот. А во близина на 5 до 10км се најубавите плажи на кракот. Исто и Сарти е убаво за навечер, но има доста ветер и бранови. Повеќе ми е како селце Сарти, но има и за шетање. Јас заљубена сум во Ситонија. Блиску е, а водата тиркизна како на островите.
Ке шеткате во сарти на само 7 км.од каламитци е, или одете во неа мармрас. На втпр крак само тие две места се убави за шетање и се поголеми, сите други се по една улица.
Хаха се гледа кој не бил лани на одмор Ние лани се оштревме во јули дека ќе одиме,ама крај на мај дознав за скратениот цервикс и не мрднавме нигде. Муабетот беше во година дупло ќе надокнадиме. И ние планираме еднаш јуни и уште еднаш јули/август. Ќе пребарам деновиве и некој контакт,би сакале вила близу плажа за реквизитите на мали. Ако најдеш нешто сподели
Зашто не со авион? Абе иди си кај и сакаш. Ич не се мисли. Ние на една година го однесовме на другата страна на светот и супер поминавме
Ајде мајки да ја активираме темата уште од сега, кажете некоја добра понуда за рана резервација за Турција, која агенција има подобра понуда , вие какво искуство имате? Минатата година бевме во Турција во Лара регионот зашто е поблиску од аеродромот ама многу скапо и тоа последната недела на август 2400евра, ама преубаво поминавмо нема да ја сменам Турција со ништо веќе. Оваа година здравје сакам во јуни да одам со две деца едното 6 ќе полни дотогаш другата година и пол, за Сиде за колку време после аеродромот бевте во хотелотдали траеше многу патувањето со минибусот, исто така не сакам да патувам во ноќта беше многу тешко за мали деца, дали има некоја агенција дневни летување, со ова опција од фибула за 7 ноќи беше некоја?
@EvieBabe и ние планираме јуни и септември. Заради близина сакаме на 2 крак, Сарти најверојатно. За смештај каде гледате? Сакам хотел ама во сарти слабо избор на хотели. Ако се погодиме во ист период ќе правиме журка со 8 месечни форумски бебиња.
Јас резервирав, готово - уште пред 2-3 недели. Исто втор крак ама сакав негде кај што не сме биле до сега, а ми ја пофалија плажата во Ормос Панагиас и таму најдов. Не сум за хотели, најдов убаво бунгаловче малтене на плажа, одма тука на 50м со дворче за да игра бебе. Има и некои опции за шетање тука, бродче до едно мини островче во близина па ми се виде “недосадно” иако со мало бебе Инаку не ме држи место 10 дена на една плажа
супер. и ние секое лето сме по острови со шетање плажи ама годинава да видиме прво лето со бебе како ќе поминеме. Инаку и ние не сме оделе по хотели, сега ми изгледа логистички поедноставно да сме во хотел, мада бунгалов на плажа звучи уште поубаво ))
Ај да прашам и јас, планираме здравје крај на август да одиме во Гр на одмор. Не знам дали да барам хотел со појадок и вечера, или апартман со кујна? Како е попрактично за дете од година и 8 месеци(толку ќе биде тогаш синко)?
Кажи ми збор два за тоа колку кошта и каде се тоа. https://www.google.com/maps/place/P...957!5m2!4m1!1i2!8m2!3d40.2498456!4d23.7216834 Дали станува збор за ова , многу интересно изгледа?
Ние во декември плативме за истиот хотел од лани каде што бевме кога бев скоро 8 месец трудна. Во Посиди на првиот крак за средината на август. Многу мирно место, хотелот со доручек и вечера, терасата од собата на 10 метра од плажата. Буквално како на плажа да спиеше. Плажа поубава здравје. https://www.sunshine.co.uk/hotels/dolphin_beach_hotel-18290.html Еве слики од хотелот и собата. За деца и бебиња измислено. Мирно чисто. Бебе ќе биде скоро година
Дилемата беше меѓу тие Pyros и Feels like home ама ми беше шубе од тие скалите стрмни за со бебе па се решивме за https://feelslikehome.gr/homes/barefoot-bungalow-1-trani-ammouda овие - два се еден до друг. На другиот крај на плажата накај гратчето. Ми беше битно да има кујна зашто обично готвиме сами, особено сега за бебе кашички чуда. А има и скара надвор, топ за маж ми
Хепи првата година со бебе , беше 6м и решивме апартман као да му готвам. Ма како да не, како одмор за сите, така и за мене. Само јас и мм се намачивме секој ден мислејќи што и каде да јадеме. А бебево пак јадеше од готовите каши и нешто имав вакумирано, па само блендирав. Е минатата година,понесена од искуство, уплативме хотел полупансион. Се изнауживавме тројцата. Со приватна плажа на хотелот. За малото имав и готови, а јадеше и од хотелот од храната. Се на се, не остана гладен. Беше година ипол точно.
Преку агенција уплативте или директно на хотелот? Ми се допадна хотелот и ние сме во потрага на хотел.
На одмор јаде теглички бебе. Ние по препорака од педијатар така бевме на одмор и кога имаше 7 месеци и кога имаше 9. Педијатарот ми рече дека кога се бебиња се прилагодуваат на бактерии вируси и слично и прво се навикнуваат на домашните услови. Во апартман не знаеш кој и како пред тебе готвел и колку е се чисто па за да немаме проблеми со стомачни проблеми да си јаде теглички. Плус и мама е на одмор како и сите. И стварно така и беше. Баш одмор.
Ручек обично јадевме во Блискиот ресторан за риба. За бебе ќе земам Блендер и во маркетот имаше зеленчук и овошје колку сакаш. Обично носам плинско бидејќи без турско кафе сум мртва, па ќе и спремам. Затоа сакам блиску до плажа да ми е хотелот, бебе не може цело време на плажа па и во соба ќе диши јод додека Мама и спрема јадење. Нешто се разбира и од дома ќе носам како што рече @Joy Joy теглички. А за доручек и вечера имаше и Блендер и микро за да затоплам и нешто да дадам од јадењето таму. Навистина имаше голем избор Мислам бебе од 1 година и не е толку малечко за ова. Со синко кога беше година бевме на одмор Супер поминавме