Подобро ти е хотел. Имаш јадење нема да мислиш што да му дадеш. Јас секогаш плус со кашички се опремувам за секој случај ако нешто не сака да јаде.
Не дека јас планирам и сакам таму да му варам манџи и месо, ама не сум сигурна дали ќе џвака до тогаш убаво за да му давам од хотелската храна. Башка и се плашам од стомачен вирус. Од друга страна, не знам колку и дали ќе го држат сит Хипп кашите на таа возраст? Инаку тоа ми е најпрактично искрено Многу сум збунета, ни знам каде на кои места да гледам, ни што да барам.
Многу убаво изгледа. А какво е местово,има ли каде да се прошета или нешто интересно за деца,да не ни е досадно навечер,да има кај да се прошетаме? И има ли аптека и доктор?
Колкаво ќе ти биде детето кога ќе одите на одмор? Лани мојата беше 1г и 10месеци, од дома имав во тегли од некој си 300гр вакумирано 3-4 манџи право ми беа и малку на грубо испасирани ( компир манџа, грашок манџа и боранија) таму само пред давање ќе ги извадив од фрижидер да постојат на собна тт и и ги давав дека не ги јадеше топли па немав проблем. Исто можеш готова супа да си земеш таму да ја направиш ако има услови повеќе од 10мин не сака готвење, макарони, палента. Не му се плаши што има компир ништо не и е манџата.
Само што се вративме од таму на година и 3 месеци. Лани лето бевме на 7,8 и 9 месеци. Ако можам да помогнам, прашај
Го бањавте во базентот? Со јадење како има ли избор што да јаде ако сме алл бебе од 11месеци? Јас сум одела ама не сум загледувала бебе дали би можело да јаде од таа храна оти секогаш сум зимала нешто чудно и специфично што не е за нив.
Јас ќерка ми на истата возраст ја носев во алл инклузив. Се, ама се јадеше, да се разбереме дома не јаде од истото. Месо, сирење, салати, овошје, компоти, ќе се најде нешто што ќе јаде не се секирај ич.
Ние лани пролет бевме. Беше година и 2м. Го брцнавме малку во базентот. Мојот јадеше од доручекот и вечерата. За ручек носев каши. За доручек од изборот се наоѓаше за него кисело млеко, чорби секакви, зеленчук, овошје. Тоа што го јадеше и дома.
Има да, мојов е поголем и вече ќе се јаде. Овошје знаеш дека има се. За доручек му мачакам путер, мармалади. За ручек зимам нешто посновно, да не експериментирам многу, компирче варено, печено, ориз, полнета пиперка имаше, пире, макарони....месно не му давам тие денови, ама не е проблем за 4-5 дена. И јајца избегавам од таму иако има варени, само дома јајца, коа знам и дека убаво сум ги сварила. Ама има стварно што да се даде. Земам и неколку теглички каши на хип, има едни шпагети со домат и моцарела, па си имам и тоа како план б. Ама искрено не се сеќавам да сме отворилњ тегла, има многу избор стварно ќе се најде. А во базен го бањавме уште од 6 месеци. Првиот пат коа бевме во јуни лето, хотелот беше скоро празен, во базен бевме сами. После изчегување одма го мијам убаво од хлор и тоа е тоа. Пелени за бањање од дм и немаме мака
Ние лани со него бевме за Анталија тогаш он имаше година ипол, и јадеше се буквално со нас. Млеко и кекс житарки или корнфлекс имав кога им побарав дури ми нудеа они да му блендираат месо итн многу беа услужни. За базен син ми плачеше кога го вадевме, по саат време се бањаше со мм, па го носевме во игротека да се измори и заспиваше веднаш
Јас минатат година малата ми беше 7 месеци бев во Анталија и поминав прекрасно големиот беше 5 години.Во хотелот каде што бев имаше и готови кашички во тегли и свежо секој ден специално кујна за бебе све што сакаш имаше таму. Топло ти препорачувам зашто беше све многу чисто хотелот јадењето плажата.
Ние се мислиме истo за Анталиjа бебе би имала 7-8 месеци...нo се плашам пoради авиoнoт какo прojдoвте вие? Сo тoплoтo какo е?
Многу добро спиеше на града цело време, зашто јас сеуште го дојам, тоа е најдобро време да одиш ова година многу се плашам зашто многу е немирна сака нон стоп на нозе да е ич не седи.Јас бев последната недела на август и беше многу топло 42 степени во текот на денот, но од 11 до после ручек 14-15 јас не излегов надвор со децата.
Леле извини сега го гледам постов. Па искрено нема нешто посебно. Една улица, два Хотела, апартманчиња, 2-3 маркети 2 ресторани и 1 за брза храна и 2-3 пекари толку. Но мирно за прав одмор. За др искрено не знам, аптека има. Хањоти и др во близина околу него кои се на другата страна од кракот, се на 20 мин од Посиди.
Лани бевме с јас и маж миво хотел кај што стварно беше мирно, фамилијарни луѓе со мали дечиња,приватна плажа што нас ни е многу битно пошо одма да си во соба ако случајно нешто затреба, оваа година резервиравме пак таму, бебе ќе е 8 месеци, таман со кола, багаж колку сакаме. Иначе сум патувала еднаш со авион кога беше бебе 2 месеци и беше хаос, сега морам пак кога ќе отворат граници, искрено страв ме фаќа..