Никити. Неос со бебе баш тешко ќе ви биде, цел е, што би рекле србите, uzbrdo- nizbrdo. И Никити е далеку подобра локација, најубавите плажи ви се во близина ако планирате да посетувате. Можете во Метаморфосис (3-4км пред Никити, воздушна бања ама не и најубавата плажа). Погледнете нешто во Јерисос и во Калитеа- Voula Apartments на сама плажа.
Ако не барате во местото да има многу за шетање, тогаш може и Сивири на прв крак, новиот дел на Сарти на втор крак, Јерисос на трет крак, малиот остров Амулијани на трет крак, Олимпијада (има жена македонка што се грижи за смештај, таму живее) или Ставрос (има неколку жени србинки што се мажени и живеат таму, за помош).
Мајка ми е скроз поразлична од свекрва ми. Маж ми ја обожава, и се диви како успеала да направи таков однос меѓу мене и неа, со нејзе можеш да правиш за се муабет, на секоја тема знае да ти одговори, начитана е, разбрана, шеговита. Мене ми е права другарка, секогаш одевме/одиме кога ќе е тука на кафе, другатките мој уживаат кога е и таа тука, многу е вредна,брза ама никогаш не би прифатиа да дојди со нас со став дека тие 5-7 дена треба да ги посветиме на нас, а не да ја "влечкаме" и неа кај ќе стигнеме. Свекрва ми е прича за себе, таа само да ти се тупне може со месеци, ти ни да се гушнеш со маж ти. Јас уживам во тишина, мир, секско со дете тоа е многу кратко ама не сум човек кој "пати" за друштво, сакам само да не сум дома хах. Пред да ја имаме малава секоја недела одевме некаде низ Мк со спиење, бебе е 4 и пол месеци почнавме и со неа. Првиот ден е хаос додека се навикне, не дека е нешто поразлично од дома ама ја се осеќам поубаво дека сме сменале. Едвај чекам да отидеме на одмор, штета што не се границите отворени иначе ќе летневме Истанбул, колку и да ми е тешко, можеби нема да имам време за одмор ама со нив двајца некаде далеку од Ск.. живот. Ни баби ни жаби.
За дете од 1 ипол година подобро е да купам гума за пливање без или со тоа такво одозгора за заштита од сонце? Знаете на каква гума мислам
Првпат слушам за поврзаност на морбили со вода. Морето е лек, мислам стварно кој педијатар ова го препорачува? Син ми на 5 год прими прва доза, од бебе секоја година одевме на одмор.
Без скоро никакви случувања во самото место: Каламици (блиску е Сарти па ќе можете со кола до таму) или Торони (блиску е Неос Мармарас). А со некакви случувања, ама ништо претерано е Никити, супер местенце и имате прекрасни плажи во околината. На 3км од Никити е Метаморфозис кое се смета за воздушна бања.
Хаха по зборењето те познав дека си од таму некаде, имам другар од Охрид, јазикот го владеам. Фала на покана, со задоволство прифаќаме
Со оглед на ситуацијата дали ќе одите на одмор ова лето.? Ние имаме платено за август но не знам дали ќе одиме.