Како ми се оди на одмор леле леле... Страв од Корона, страв од непознато дека прво дете ми е, па како ќе се снајдам надвор од дома. Кажете ми искуства тогаш ќе биде 4 месеци, да одиме или да си почекам наредна година поголем кога ќе биде?
Јас ќе си почекам до наредна година, страв ми е и мене,ќе биде поголема женска и нема толку да се плашам.
На 4 месеци со малава одевме низ Мк така на викенд, малце ни беше зезнато ради непознато.. тешко прифаќаше да не сме дома. Сега на 5 месеци сменавме и држава, беба се понашаше одлично. Мислам дека е рано за вас. Тој период имаат и проблеми со спиење, скок.
И јас така мислам. Од толкава желба да мрднам надвор од дома си се тешам дека лесно ќе биде. Маж ми вика ние дома сме ненаспиени и утепани, а не на 'одмор'.
Јас бев лани со 4 месечно бебе, исто така прво дете. Тргнавме до Охрид на викенд и продолживме во Албанија уште неколку дена. Имав време со маж ми да се видам затоа што тука од сабајле до вечер е излезен, ако заплаче малиот не морав јас да трчам да го земам постојано, можев да се истуширам на раат... На одморот го имав тоа што дома го немав, затоа ми годеше. Сега има полна година, па не седнува на едно место, така што ни сега нема да е лесно, ама секако дека би оделе некаде. Секој период со своја тежина...
Маjки штo решивте за oдмoр? Мислам за надвoр oд МК? Ептен си замислував сo бебе на мoре...испадна џабе се брзавме за пасoш... Jа за секoj случаj резервирав Oхрид ама не ми е тoа тoа... Бевме минатиoт викенд и малце ми е мачење нoсење тoпла вoда за бебе вo базенче затoа штo езерoтo уште ми е ладнo..да не збoрам дека и мoретo е пoздравo..
Ние имавме уплатено за Септември за Турција иако има уште време за тогаш ја откажавме резервацијата, огромна желба да се оди ама неможам да се стресувам од некое повторно затварање на граници и да носам разни шишиња за дезинфекција и да носам куфери, бебе и да се потам под маска.Здравје ќе чекаме подобри времиња.
Ние не одиме. Нигде. Не ми се ризикува. Од март се пазам и да зезнам работа за да си направам кеиф на душава една недела. Нема шанси.
Мене ако ме прашуваш да си одите (ако е можно со ситуацијава секако). Првото на првиот одмор ми беше 4месеци и поубав одмор и прав одмор сум немала на плажа ќе заплаче дај цице ќе заспие и спиеше на лежалка. Од друга страна полесно зошто уште е само на млеко па нема носење на храна, блендери и такви ствари. И трето додека не е проодено најлесно е Веќе вториот одмор ни беше во фаза на проодување и цело време трчавме по неа и не можеш да седнеш ни 5мин па кај е храна мкнење од дома за неа, па готвење таму плус.. абе ај. Па после како проаѓаат годните мислам дека се потешко е после тоа следува дојди ваму, тргни се од сонцето, оди под сенка а она ништо не слуша и така.. си се изнакажав јас Затоа ако може да одите ич не му ја мислете
Ние би оделе ама ни е страв за границите да не ги затворат. Во Охрид ке одиме на викенд, ама на море е поубаво. Кашички секако и дома му готвам секој ден, нема да ми е проблем и таму. Се надевам наредна година со мирна глава ке може да одиме на одмор.
Ние сакаме септември здравје со коронава ако се стиши и ако се пуштени границите тогаш бебе ќе има 4 полни месеци. Сакаме албанија орикум да одиме, таму плажите се празни може да кажам дека и сами ќе сме на плажа, Сакам да прашам , ако се решиме да одиме дали смее да се бања бебе во морето? И ако се бања како со памперс ќе биде бањањето? И дали има креми за заштита од сонце за 4 месечно бебе?
Можам да ти кажам само за кремата зашто прашав педијатар, има органски креми за 0+. Другите се 6+. Има пишувано во темата козметика, ставив и слика ама кремата е 1100 ден.
Јас ќе ти кажам, моево е 3 ипол месеци, јас живеам на море и до сега само 2 пати ја носев и тоа само попладне после 18 часот, сеуште и смета светлината, не сонцето, туку општо светлината и смета и не може да си седи како што седи дома на пример и си гука, тука се нервира, плаче, кенка.....сеуште е рано јас мислам, оваа година ништо, здравје наредната година веќе ќе е подруго.
Мајки дали сте биле во Охрид периодов? Дали има многу гужва, цело време различни информации добивам од некои дека е штама од некои страшна гужва.? Каква е водата, се уште е ладна? Препорака за место, плажа, сместување?
Нема многу гужва. Најубави плажи за со бебе : Љубаништа, Трпејца, Пештани таму издаваат и смештај, плус плажата е одма тука.
Преку недела е полабаво, ама има гужва за разлика од други години. Почната е сезоната. На плажа до 12 часот сите лежалки се пунат. Ние на аквалина бевме неколку пати. Повеќе одиме по диви плажи за да не се мешаме. На Љубаниште еднаш бевме преку недела имаше гужва и повеќе не отидовме. За викенди не одиме на плажа дека има многу гужва. Водата е топла во плиткото, не се бањам никогаш во Охридско За сместување не знам имаме тука стан Во Струга бевме исто преку недела на Изгрев и немаше гужва, не знам како е по другите плажи.
Јас бев викендов во населбата езерски лозја пред евротелот се наоѓа, мирно место има 2 помали плажи само 3 4 фамилии беа со деца. И водата е таман. На женска плажа и ливадиште имаше повеќе народ.