Машка, езерски, пред евро хотел сите се песочни. Женска е лом, ливадиште не е за со дечиња. Цела Струга е таму
@Вереничка Ја сум од Струга, Охрид е дефинитивно хаос, значи целаа Мак. е таму, со цени претерале 100ден е саат време паркинг, со маж ми се чудиме што сите запнаа во Охрид да одат кога поскапо, повеќе има гужва од Струга, а плажите се подалеку за разлика што во Струга секаде пешки се оди. Версус плажата што е кафич и редторан ви е врв, реално таква плажа не ни имаат Охрид хаха. Бисер е исто убаво и за шеткање, таму е манастирот на Пресвета Богородица, машка ( кај Хотел Дрим) и женска плажа се исто со лежалки и мирни плажи. Базен со Аква Парк во Изгрев. За смештај.. има на боокинг апартмани, хотелчиња или некој се одлучуваат за сместување некаде во куќа кај што идаваат соба или спрат.
Освен Струга секако хаха би ви препорачала да одите некаде на помирни места, немаат езеро за капење ама за тоа чист воздух, базен. Берово е мирно, а преефтино, убаво јадење, има повеќе вили кои ги издаваат со базен ила пак Аурора, малце понастрана Бела Вода, кој е љубител на јавање може да искористи, Мавтово во Радика или Хотел Туто( за со малу поголеми деца исто има коњи за јавање) најбитно од се денски е подносливо топло, на вечер се спие со јорганче, Вила Тишвеш на Тиквешко Езеро. Проверено ви кажувам.
Машка плажа после 4 саат е бесплатна иначе се плаќа барем така било секогаш кога сум одела до сега а одам веќе 7-8 години. Женската плажа е бесплатна ама ако одат треба да внимаваат стакло да не нагазат, цела плажа е со стакло парчиња и пикавци хаос е таму и водата е цела тиња. Версус е убаво ама не знам дали се плаќа, лани еден ден сакавме да идеме таму и не вратија имало приватна прослава и веќе не отидовме.
Версус не се плаќа, ете со кафе или ручек можеш цел ден да ги користиш лежалките. И убедливо најубавото место и во Струга и во Охрид
Уфф ми го помативте умот. Искрено мислев дека повеќе гужва е во Струга затоа сакавме во Охрид ама Љубаништа, Трпејца и слично. Меѓутоа немаме успех со сместување, значи гужва ќе биде. Е сега Струга, не сакам градска, спомнавте Версус(таму сум јадела и баш имало луѓе некако не е многу голема ако не се лажам и како од затворен тип) Езерски, таа е дива? Сакам понастрана, да нема многу гужва и галама. Таму чиста е водата? Песок? А за сместување предлог, има хотелче, вила, апартмани во близина? Каква дилема, трилема.. Се осеќам како дебил, вирус, јас одмор ќе терам, а од друга страна неколку слободни денови и дете кое цело време зборува за плажа и купување гума
Да не е голема ама за тие што сакаат народ, убаво средено, коктел, а сепак имаат и деца, Версус е убава. Тие плажи кај Евро Хотел се такви нема луѓе, чиста е водата, можеш слободно да се опуштиш.
https://www.facebook.com/Villa-Nika-Pestani-Ohrid-195490033822764/photos/?ref=page_internal Ми пишаа 30 евра соба,сега прво да споделам со хотеливе како е и ќе резервирам