Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Денски мислев нема гужва во Охрид. Утрово кога шетаме во 8-9 часот беше празно. Супер е. Навечер после 7-8 се полни шеталиште. Преполно е. Ама не е страшно. Немаме директен контакт со луѓе. Се шетаат сите. А во ресторани и на плажа пак немаше гужва. Кога ручавме во ресторан само две маси имаше. На плажа исто не е гужва. Пола од лежалките беа слободни на лагадин.
    Најверојатно навечер и локалното население излегува се шета и плус туристи и затоа е така гужва на шеталиште.
    Кафичиве не ги загледав. За нас седнување во кафич тешко :D ресторан ептен дека мора да јадеме.
    Водата не е ладна, се бањаше малиот.
    За сместување незнам да препорачам. Ние сме во центар. Мене лично така ми повеќе одговара. До плажа идеме еднаш и секако носам торба. Сакав барем за шетање да сум поопуштена и да ни е тука блиски. Да се шетаме и наутро и навечер. Да можам да се приберам за пресоблекување, одмарање...да не идеме со кола. Ама тоа си е лично. Кој како смета дека му одговара. Дали плажа или град :)
     
    На Aqualina, crazylady, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Кога најрано е добро да се отиде на пат низ Мк со бебе? Дали 2-3 месеци е ок?
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.745
    Пол:
    Женски
    Зависи од многу фактори. Прво, дали бебето е мирно? Има ли грчеви? Цица и спремна ли си да доиш во јавност?
    Каде би оделе? На планина не знам каде може заради надморската висина. На плажа веќе е прежешко и ке можете само рано наутро и после 5 часот.
    Зависи и ти како се чувствуваш.
    Од аспект на храна, најлесно е додека цица.
    Плус сега со коронава...
     
    На lackygirl, crazylady, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  4. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Не знам јас никогаш немам платено на машка. Можда дека од Струга сум :P За женска и јас истото го пишав, дека е лом и не е ни за големи,а поготово за деца ич.
    Версус е гужва, машка е гужва, помирно езерски, евро хотел, тие пред евро хотел. Топ за фамилијарно.
     
    На candy.cane, Вереничка и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Апдејт: викенд во Охрид никако!
    Премногу гужва.
     
    На CareTee, Magic13, lackygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  6. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Најлошото тек допрва доаѓа. За 1ви, 2ри Август - Илинден цела МК ќе е во Охрид.
     
    На Aqualina, crazylady, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Ние сакаме после 10ти во Струга:^)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Дали бил некој деновиве во Струга? Има ли гужва? Плажа препорака?

    @jovana03 која плажа ја препорачуваш?
    Би сакале езерски да одиме малку понастрана, дали се чисти, средени плажите и каква е водата?
    Благодарам :f:
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    А некој да бил, или се во план да идат за Турција? Да ми препорача место и хотел?
     
  10. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Јас бев минатиот викенд, убаво мирно чисто.
     
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Ние денес се враќавме од плажа во 12, колони колони од Охрид накај плажите. ние многу рано одиме, па не фаќаме гужва. Преку недела е ок, викенд не би идела пак.
     
  12. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Навистина незнам колку е сигурна Турција за оваа година. И ние до пред 3 дена бевме одлучни за таму но тешко. Проблем се границите.. На нашето прашање во агенција што би се случило ако ги затворат одговорија " Не дај боже,ние не одговараме" И тоа не одврати. Вака поблиску сме до нашата држава, ако чуеме нешто веднаш тргаме.
    И искрено овде кај што сме сум презадоволна. Доручекот во хотелите во Анталија вода да му носат на овој тука.
    А за препорака за хотели, кој и да го одбереш во Турција нема да згрешиш :)
     
  13. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Албанија? Гледам по фб идат фамилии. Да ми препорачате некој убав хотел ако некоја има искуство?
     
  14. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Ние сме сега во Албанија во Драч. Хотелот е Паласе & Спа Драч (Palace hotel Durres) и ептен го препорачувам. Има и дел за деца и внатре како игротека. Ама само хотел. Градот нема кај да се шета и мн смрди ваљда од стовариштето на бродовите. Ама ние не шетаме, овде има се што бараме. Базен приватна плажа навечер музика коктели..
    За шетање видете друго место, мада и овде е преполно со странци. Албанија оваа година е најдобар избор. Ем море ем блиску.
     
    На Aqualina и 123baby им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.143
    Допаѓања:
    26.029
    Пол:
    Женски
    За викенд сегде е гужва, од пон до петок убаво е. Следниов викенд јас не препорачувам идање.
     
  16. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Го разгледав ептен фино ми изгледа, а и цената е ептен прифатлива за ваков ранк на хотели. И ние не сме многу за шетање со две мали деца од 1 год и 3 год. Како букуравте? На боокинг ми дава само опција со појадок има ли all inc. ? И плажата како е?
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Ќе ти прикачам слики најдобро. :) Совршено е за со деца,имаат баш каде да си играат. И за нив не плаќаш. Да ние на букинг резервиравме, потоа се слушнавме телефонски да потврдиме :)

    Моментално; 327D1B7E-04DD-4E19-BC6A-DFB00E84389D.jpeg

    Плажата;
    C123EC05-4C7C-4EC0-B0E3-AE419C08415D.jpeg

    Појадок имаме само но е баш богат. Ваков појадок во ниеден хотел досега не сум имала.

    DACD568F-16A3-4F94-8907-BB0EEA363F9E.jpeg
     
    На Puffy2019, elcezelce, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Имавме уплатено за Турција, но за жал останавме само со ваучер што ќе го користиме другата година, ова ми изгледа ептен пристојна замена . Фала на инфо секако ќе го имаме во предвид и убав помин на вас.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Имаат опција allinc? Многу се жалат за патот до таму, како е, колку саати патувавте? Албанија искрено ми е последна на листата, ама нема избор годинава, очигледно востона е единствен избор. Како е хотелот со интернер, зошто работиме онлајн? Плажата каква е? И уште нешто, што ручате/вечетате? Надвор од хотелот претпоставувам! Фала ти, уживајте
     
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Патот да е лош преку Струга,6 часа патувавме :worried: И мене ете Албанија последна на листата,секогаш бевме за Турција но ризик е сега. Иначе јадење има во хотелот и ручек и вечера. Има мени си бирате.. Секако тоа е се плус.
    Добар е интернетот фаќа и на плажа но внатре во лобито и во собите е најјак.
    Плажата е супер, песочна морето онака, топла вода.Ние сме на базени и спа само :) Благодарам, цирнете има доста избор на хотели во Албанија,ние тука по препорака дојдовме:)
     
    На Корнелија и Aqualina им се допаѓа ова.