60 евра плаќаме од вечер И за брат ми кревет 20 евра. Кафиња се по наши 50-60 ден, коктели 180-200 ден, ручекот исто пристапни цени
А зошто не идевте преку Косово, од таму е убав патот, го гледам сега на google maps, пишува за 4 саата се стига. Мислам во Косово ни е дозволен влез или грешка сум?
Кажете некој хотел во Охрид за со бебе? Најверојатно ќе биде Хотел Мизо, зошто е блиску до центар, а и одма е до плажа. Некоја ако била таму нека ми пише. Или кажете некој друг предлог.
Ние се вративме пред некој ден од Ох. Во хотел Парк бевме сместени. Блиску ти е и центарот и останатите плажи. Ама, плажата пред хотелот е од цименто (со мал песочен/камчест дел на средина ама сепак во вода по скали се влага), и за викенд е преполно. Од хотелот имаат ставено неколку лежалки за да има демек дистанца ама јас ниту еднаш не начекав слободна. Ние шетавме по други плажи. Локацијата, хотелот и доручекот беа супер. Убаво да си поминете
Не се почитува ништо, ни маски, ни растојание Да видите во куќарките, побезбедни ми се гледаат.. Уствари ќе се испоразочарате општо колку ништо не се почитува, а гужва е секаде. Попрљав Охрид никогаш не бил! Инаку Охрид сега да не идете. Значи преполно е! Денес и утре ќе е онака или полно, ама од четврток ќе нема каде игла да се фрли! Викендов беше лудница! Водата бајаги поладна од лани, ама и немаше кога да се стопли, вчера додуше најтопла ми се виде. Редици има кон плажа, редици за дома, навечер пола град е затворен со полиција. Струга засега не е полно, завчера Изгрев бевме, ништо гужва, али плажа камења, вода ладна, ама па и далеку почисто. Можеш да држиш дистанца на маса ако седнеш, а на лежалка малу морген, ги наччкале.. Езерски е многу прљаво, плажите крш, куси.. Бисер исто може да се иде, попразно е, има и убаво јадење. Во градот не сум била, комшииве идат и викаат има луѓе, но не и турканици, места имало секаде каде сакаш да седнеш. Мислам сега општо и секаде каде може да се појде е гужва, од Охрид, до Дојран, Берово, Маврово.. Тие сме тие луѓе, тие се тие места. Инаку Албанија се иде непречено. Кој го интересираше не знам, но неколку пријатели се и Турција..
Ние планираме да идеме крај на Август, со надеж дека до тогаш ќе нема толку гужва. Баш и за куќарките прашував дека изгледаат како да се настрана па не мора да се буташ во хотел. А и не планиравме да идеме до центар, само еден викенд до плажа да истеравме. Ама кога не се почитува ништо, баш тапа. Само разгледувам, ама секаде е исто значи. Фала Емка. Едит Јас да пишам за Албанија може некој планира да иде. Моментално другарка е таму и кажа дека ни еден човек не носи маска и не се почитува дистанца воопшто. На граница без проблем и чекање стигнале, ама таму ептен е хаос.
Во Охрид ништо не се почитува, распашана банда е градот летово. Ниту полиција казнува ниту има контроли. Би отишла само за да спиеме раат без клима и да одиме на утрински прошетки. Друго не ни треба, ни плажа ни шетање низ центар.
Полиција има на секој кружен тек, запираат, казнуваат. Ние со мотор, ниту еднаш не не застанаа, прв пат со кола не легимитираа. Секое сабајле поминуваат по плажа и легитимираат ако е група или опоменуваат ако немаш 2м од "комшијата". Низ град или продавници 50-50 се со маски, по ресторани и кафичи сите носат. Исто како во Скопје е, ако можеш во Ск да се чуваш, можеш и овде, тие сме тие. Под услов сега да не се иде пошто е толпа.
Ако се чувате во Скопје ќе се чувате секаде. Еве ние не носиме маски, знам грешка ме гушат неможам да ги трпам, но тука има само еден пар постари луѓе кои и си ги преместија лежалките се одалечија, ем маски не извадија воопшто. Значи кој сака да се чува ќе се чува секаде
Берово е топ. Ти ја препорачувам Вила Лина за со базен, вила Хестиа без базен ама чисто е, двор убав, место за скара, Аурора со базен, Бела Вода со базен и ранч со коњи за јавање. Маж ми е од Берово па често одиме. Би ти ја препорачала Вила Тиквеш на тиквешко езеро. Еве неколку слики да прилика да видиш.. верувај подобро е некој накај нас Охрид,Струга. И Радика Маврово како опција.
За да функционира „чувањето“ треба сите маски да носат. Јас џабе носам, кога ти не носиш. мора да има колективна одговорност.