бевме пред две недели на 4 дена во Езерски лозја, приватен смештај..мирничко, финичко. Не се брцнавме, се откорна од дување. За 28ми имаме резервирано во Макпетрол во Струга, па здравје до тогаш. Ако има некоја искуство со хотелов нека каже збор два
Сликиве се од вила тиквеш? Има места за шеткање? Баш фино изгледа. Ние сакаме некаде без луѓе, без базен. Берово не сум била јас никогаш. Може и таму да отидеме следен месец, или некоњ друго планинско место.
Се е фул Едино слободно имаше во Вила Лина крај на август ама не работат со ваучери а јас сакав да ги искористам.
Вo Oхрид сме. Дoбрo е пo плажите, нема гужва. Идеме и пoрснo пoради бебе. Вo чаршиjа е прегoлема гужва. Викендoв ќе биде препoлнo, пoдoбра oпциjа е преку недела.
Од вили со ваучер мислам никој не работи, само хотели. И хотел Манастир и Аурора се фул? Ние Радика бевме на викенд последно таму пак никој немаше.
Да од Тиквеш се. Епа нема за шетање шеталиште ако мислиш.. едино покрај езерото нешто, за одмор е стварно убаво, а и газдите (млади со бебенце) се многу ептен фини и преечисто е.
Има и некој вили што работат ама фул се. И што е најјако не даваат повеќе дена само 2,3 За толку не се пакувам со дете.
Мене па страв ми е за повеќе. Ќе се пакувам колку треба. Повеќе од два дена не идам ептен ми фуфка. За тие два дена ќе носам постелнини крпи алкохол ,ако одлучам да одам
Веќе ако се решам да одам може и тие 2 дена, не дај боже да фатам корона Секако дека има ризик ама затоа сакам да не е Охрид, туку настрана и да нема многу луѓе. Впрочем лотарија е, и 1 да има може да е заболен и да фаниме и ние. Ама па ич не ми се трга на 2 дена знаејќи дека пола ден ќе ми биде на пат со дете што вриска по кола
За со деца езерски натаму. Јас деновиве одев на машка таму кај Хотел Дрим, ни лежалка можиш да најдиш, ни ништо. Саат два до водата ќе поседевме и назад. Гледаш да не се пикаш во луѓе, а се некој ќе се најдеше до нас. Не се почитува ништо. Гужви и овде,а за Охрид да не прам муабет. Струга најмирно е Езерски, кај колеџон, и Ас камп. Чиста вода, малце гужва, за со дечиња е топ. Препорака, викендов седете си дома. Јас од Струга шо сум не планирам да излезам нигде. Гунгула ќе е, страв ме фаќа
А влеговте да се бањате во базен? Мене Берово ми е толку ладно не верувам дека би можела да се пикнам јас камоли дете. Инаку многу убаво за шеткање на воздух.
Па искрено ќе го прескокнеме викендов, ниту сместување најдовме, ниту сме на чисто каде да одиме со гужвиве.. Ама ми фаќа око езерски
Ние ќе бидеме сместени кај фон во тие згради, околу 10 август планираме. Ме интересира каква е плажата пред фон, песок, камчиња? Дали може своја лежалка да си ставам,на таа плажа и на другите во Струга? До сега еднаш сме биле таму во пролет,па не сум ставила акцент на плажите. Езерски е кај Еуротел?
Мајки ве молам искуство за бебе со дерматит на одмор сакам да ја водам во хотел е сега се мислам што би ми препорачале Охрид или Дојран и што користите за сонце,за комарци и со...Секое искуство и мислење ми значи фала ❤️
Каде сакаш може да ја водиш, независно дали има или не дерматит, е сега море е лек за кожни болести, ама за море.. За сончање користам 30ка Еуцерин, но искрено дали 2-3пати сум мачкала кога беше бебе, а и сега на 2.5г толку. Идеме рано сабајле и попладне, остаток е под дебела сенка ако е на плажа. Плус цело време е со маичка, капче со заштита. За комарци му ставам алка на нога, лани од Зегин, оваа година од Чико + го прскам со спреј од Чико. Кога беше баш бебе алката стоеше на количка, а прскав отпозади на грбчето, главчето, газето и количката.