Искрено јас не влегувам во Охридското езеро мене ми студи а не на бебе Во хотелот има детски базен па ќе видиме како ќе биде
Искрено не се сеќавам. Не се повеќе од 300 ден ама колку пелени се не знам. Мало пакување е. Ми личи чист и среден Хотелот, го гледавме и ние. Ама рано ми е да резервирам. Ќе кажете како е. Дали вреди за цената.
Ние одиме преку агенција ни рекоа најсредено најчисто и најбезбедно но било овде, од хотелот рекоа ќе стават и бебешко креветче во соба зошто напоменавме дека сме со бебе. Ќе одиме и ќе ви кажиме
Мајки предлог за на краток одмор со бебуш, а да не биде Охрид или Струга има многу гужва? Претходната недела бевме 4дена во Берово уште некој ден сакаме да киднеме на кратко, ако има можност и базент да има
Јас не би бањала бебе во базен. Откако останав бремена ни јас не се бањам во базен, и ми е страв да влезам во базен. Секаква бактерија можеш да закачиш (во нос, уво, интима), за малку забава не ми се ризикува. Изгрев е отворен и за гости (за оваа година не знам, лани беше отворен) од надвор, така да доста луѓе се бањаат таму.
Океј е тоа, ама пак е многу народ. Синко една година не се закашла, не ми се ризикува за бањање. А и за мене не ми се ризикува. Дојам, кој ке се занимава со бактерии и антибиотици.
Само како информација го дадов. И јас не ризикувам. Во базен не сум влегла од пред да забременам. Лани Банско бев бремена а оваа година доев плус со бебе од 4 месеци никако. Дури дијам не би, се плашам од бактерии. А за Море не би чекала. Лани бремена 8 месец бевме. Но оваа година тешко. Иако имаме уплатено зс Грција, имаме можност Албанија да го пренамениме ваучерот, ама некако ми е страв
Секаде во светот бебиња ги носат на пливање. Секаде се препорачува вода и сонце, само кај нас уште да кажат на бебињата да не дишат . Нормално ако е гнасно нема да го бањам. Ама ако се одржава, чисто е , не гледам оти да не го разладам на горештиниве. Муабетот со трудници и инфекции е друго.
Точно, ама во базен се многу поголеми шансите. Јас се сомневам во се тука. Нема контрола од инспекции, нема ред, газдите само да заштедат гледаат. Најубаво ке беше да отворат граници и на море, па воопшто да не мислам.
Пoзнаваjќи какo ги oдржават каj нас и кoлкава е хигиената на базентите не влагам jас па бебе ич. Пoлнам малo базенче и се шлапка бебе.
Хигиената не е иста кога одиш во апртман со базен,хотел со 3-4 ѕвезди и хотел со 5 ѕвезди. Оваа година че биде вака.. Догодина здравје ќе си одиме на море во Белек-Анталија најубаво ми е а и бргу се стигнува авионски и за нас и за бебе има секакви услови
Епа тоа кажувам и јас, така ке биде. Оваа година ке се бања на тераса во негово базенче. Наредна година на море.
Како е во охрид,струга навечер температурата моментално? Ќе одиме од недела, ме интересира како ги облекувате за вечерна прошетка и како за спиење? Да не треба подебело ќебенце да понесам, дома ми е по боди и кратки пижами или едни исцело кратки и го покривам со фланел пелена