Зависи каде сте сместени. Во градот секогаш било топло како во Скопје, нема потреба за пижами по долги. Но под Галичица е веќе скроз друга клима. Еве ние одиме подолу, обавезно пижамки и со долги носам.
Ние oд вчера сме вo Струга. Не е ладнo ни навечер пoкривам сo тенкo ќебе (не претенкo) и спие сo памперс и шпикoзни пo дoлги ракави. Едит: и вo Oхрид истo пoкривав и oблакав.
Во ценава имаш влез и за аква паркот?! Ако Да , топ ви е понудата. Полани бев јас. Хигиена и чистоќа - врв! Храна - појќе од одлична! Услуга - скоро па одлична! Све на све презадоволни бевме. Ако стварно не пуштаат гости од надвор на плажата и во аква паркот, тогаш има предобар одмор да си истерате. Убав помин
Со бебе никако во хотел Метропол. Бевме викендов таму и сме разочарани. Климата не им работи, во собите беше пекол, базенот не работи, немаше притисок за топла вода (едвај го бањавме), за доручек/вечера мораше да одиме во Белви, лежалките почнаа да ги наплаќаат 100 денари, цело време некој се бунеше на рецепција. Неколку пара со бебе заминаа порано. Нема Р од ресорт.
Ќе се oдмoрите и шетате. Мислам и ќе се среди дo сабoта. Ние денес си дojдoвме oд тас причина цел ден истури, си скративме два дена ама се плашев бебе да не настине.
Да и аква паркот им е во цената и точно не пуштале гости од страна. Вчера се видов со жената од агенција вика вие ја земавте последната понуда, сега е поскапено 42 евра. Ќе одиме следниот викенд да се управи времето. Само се мислам дали за бебуш да носиме мало базентче
Ееее тоа со мајките на мали дечиња консултирај се Јас можам да ти кажам дека водата на плажата пред хотелот е баш топла како за Охридско езеро. Доаѓа како заливче некако и супер е. Плитко на почетокот, бистра е, нема баш камења големи. Ме бендиса мене. Во аква паркот не се сеќавам дека имаше плитки или мали базени. Све длабоко ми се чини дека беше Се надевам следниот виненд ќе е убаво времето. И ние ќе идеме Охрид. Што кажува временската прогноза?
Ние откажавме, ке одиме некој нареден викенд. Многу се радував на шетањето во Охрид, и сандали му купив на синко ама ке си ги носи на чорапи. Се надевам нареден викенд ке биде убаво за шетање.
Од недела ќе се затопли малце. Ние одиме во недела, на мм одморот од 10ти му е пишан така да нема кога друг пат ако не отидеме сега. А и не ми смета ако не е многу топло времето, и онака не бев сигурна дали ќе се шлапкам во езеро Ќе го искористиме одморот за дневни и вечерни прошетки, важно да сме сите тројца заедно @Bubish26 може да ми препорачаш некои места за шетање, во план ми се Калишта, Радожда, Вевчани, а може и до св. Наум да одиме.
ние имаме резервирано таму за следниов продолжен викенд, сега беа пријатели рекоа задоволни се..ме замисли сега
Се согласувам, важно е да сте заедно И сега иако врнеше и е свежо, прекрасно е. Дури и ми одговара што е вакво, да се изладиме малку, пукнавме во Скопје. Ќе спиете убаво какво и да е.
И да е жешко дење, на вечер е за со долги ракавчиња посебно ако шетате покрај Дрим или езеро, ветарче има, па ако заспие јас носам секогаш и тенко памучно ќебенце. За спиење зависи, во Ск ми е секогаш на кратки, ко че ојме Струга носам и кратки и по долги, пошо не ја покривам на вечер, спиеме со отворен прозор и секогаш знае да залади .
Калишта да од Бисер, одма кај Манастирот, од Манастирот одма Изгрев горе можете на кафе или ручек, поглед преубав. Радожда на риба во Вила Радожда ( охридска пастрмка нигде не нарачувајте, ни во Охрид) Вевчани убаво е и Виа Игнација или кај изворите негде да седнете, Кутмичевица исто е убаво. Струга покрај Дрим на пица или скара, Версус денски на освежителен коктел, ручек,плажа или и на вечер мене зекогаш ми е најубаво,само гужва да нема, Аквариус на вечера. Плажа со бебе бев ја на машка ама во делот од Хотел Дрим, лежалките се на растојание. Е сега тоа е за јадење и пиење хаха.