Извините што се мешам, за Вевчани паметно е ако одите на изворите, обавезно да го намачкаш/испрсксш детето со нешто за против комарци, има доста и без разлика дали преку ден или навечер (особено навечер) е доста посвежо, да си земеш за бебе нешто по долги. Инаку Кутмичевица е некако поубаво менито и погледот, ама во Виа Игација имаат мини зоолошка таа е интересна да се види. За со мало дете убаво е во Калишта за на плажа, има сенки, помслку гужви.
Калишта мислиш за Бисер? Хмм па викенд фул е секогаш.. е сега јас по плажите не сум иско сум Стружанка ама за капење тој дел од Струга и не е нешто нај зарад змии. Јас гледам кај имат кафе само хаха.
Е добро, јас преку недела одев, а минатиот викенд чим Андон Дуков беше полно, што останува за другиве. Сега е сегде гужва, после 20ти август плажа, ми е страв со волку народ
Зошто не охридска пастрмка? Таа да не е 2500ден имаше во едно мени во охрид лани Ние по кафани само пастрмка јадеме Имаш предлог за ресторанче за пица покрај Дрим?
Епа оти не е охридска зато хаха кој ќе ти даде пастрмка охридска, на толку туристи, а е забеанета да се лови. За то сме џубриња невидени, секогаш покажувааат една риба, ставаат друга да се пржи, само нас можат да ни дадат или да кажат дека моменално нема. За покрај Дрим имајте предходна резервација селогаш пошо за вечера е секогаш фул.
Охридска пастрмка само ако се знаеш со газди па преку врски "под ракав"...1 имам јадено на тој начин во Радожда. А другово си е мавровска пастрмка на Билјанини јадев ама не беше 2500 сигурно тоа... А иначе на Потпеш има убава Белвица само го срушија ли цел ресторан? Ја ви предлагам Белвици да јадете низ охрид а не пастрмки...
Јас малце поопширно за ресторанчињава за пици покрај Дрим... Ако сакате да имате атмосфера и не толку гужва(мислам на деца што скокаат во Дримот), а воедно и убава пица тоа е дефинитивно КАСТЕЛО, а ако сте за гужва,а за вкусна пица тогаш УБАЈНА И АНГЕЛА, доколку сакате да испробате специјалитети од храна тогаш АГАПЕ, ако сте за чорба АНТИКА. Не така случано ти ги кажувам сите овие
Па тоа викам, лажет дек е охридска и наплаќаат како тоа да даваат, кој не ја познава ќе помине со "охридска" уствари мавровска. Белвица или крап само и тоа крап езерски, знаат и тука мајмунлаци да маправат, на стружани им даваат како ши требит, на туристи од базен.
@monik55 може ли да споделиш искуство како поминавте во вила Ника, пиши тука или во лп, се мислам дали да резервирам.
Не сме биле уште а и среќа што не резервирав,убаво рече маж почекај не брзај,ми се измести одморот. Сега ако се оди по планот во четврток ќе одиме ама незнам дали во оваа вила,гледам мометнално и понуди од хотелите.
Нашиот одмор заврши, си поминавме прекрасно, хотелот топ храната превкусна. Водата во езерото топла на плажа бич бар за пиење лулашки за деца екстра. Во базенот водата пречиста значи стакло чисто пречисто.. Услуга на ниво од паркирање на кола до носење куфери.
беа мои блиски, ептен се пофалија. Сите мерки биле запазени, се менувало редовно постелнина, лежалки на дистанца, хигиена супер. Ние ќе одиме за продолжениот па ќе видиме.