Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Препорака за хотел во Охрид, ама да се почитуваат протоколите и да е чисто?
    Размислуваме за Белви или Тино, некој да бил во скоро време да сподели искуство?
    Уште не знам дали е подобро да одиме во апартман или хотел?:wasntme:
     
    На KuklickaSk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    15.680
    Пријатели се вратија и беа многу задоволни од хотел Парк,и од почитување на протоколи и храната ,со мало дете беа.
     
    На mal.ecka и Magic13 им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.762
    Лаки. Чисто,дезинфекција после секој
     
    На mal.ecka, duffi и Magic13 им се допаѓа ова.
  4. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме знам дали е соодветна темата за прашањето ама мора да прашам поискусни мајки. Како поминувате по пат со мали деца? Во смисла повраќање, нетрпение, кемкање и сл. За поголемо дете ок, има разни занимации. Денес решивме на подолг пат да тргнеме и тоа пак не е којзнае каде. На саат и пол од дома. Ни поврати во кола 2 пати, се утепав од бришење, па пресоблекување, па полни пелени. Ништо не јадено. Се препотив. Ни шетање ми се виде, назад си се вративме. Малата има 19 месеци. Ако вака изгледа шетање со дете, цели исповратени, мириса цела кола и сл се прашувам дали јас прерано се разочарав или едноставно така тоа треба да изгледа? И ве молам доколку има некои капки, апчиња и сл за против повраќање за толку мало дете, пишете ми. Ова ми е прво искуство. Позз
     
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    @Spidy
     
    На Spidy и PeachGirl им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.187
    Проблем со повраќање немаме. Се вози од бебе на долго.
    За повраќање има лижавчиња на база на ѓумбир за патување. Колку се ефикасни, незнам.
    Или Локомотив сирупче. Евентулано да темпирате да спие.
     
    На mssuniquee и PeachGirl им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    13.654
    Пол:
    Женски
    Утре идеме за Охрид, првпат на подолг пат од кога почна да повраќа зимоска. Исто има 19 месеци сега. Ми повраќаше и на 10 мин во кола. Нема што не пробав, и гладна и јадена, и седиштето на сите места во колата и на сите позиции ги пробав, и со анимации и со играчки. Не најдов една работа што точно помогна. Најдобро се покажа да лиже лижавче дури се вози, така најмногу издржа, околу пола саат пред да поврати. И секако ако заспие е најдобро, па генерално темпирав за дремката да идеме некаде повеќе од 6 месеца веќе. За утре исто ќе тргнеме пред спиењето на пладне, ама плус планирам да дадам првпат сируп за повраќање зошто не очекувам да спие цело време до таму, ми го препорачаа Локомотив сирупот.
    Јас се помирив дека ќе си повраќа, секаде одам со резерва комплет алишта, имам ставено подлога под седиштето во кола за да не ја флека колата, а навлаката од нејзиното седиште секако ја имам перено сто пати до сега. Единствена надеж ми е дека ќе одрасне некогаш, и тоа е тоа.
     
    На happygirl, PeachGirl и duffi им се допаѓа ова.
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.214
    Пол:
    Женски
    Мојот во кола си нема гајле. Исто од бебе го возиме на долги релации и навикнат е,веднаш заспива.
    Во среда тргаме за Истанбул,навечер таман и он ќе си спие иако е 10h пат.
    Минатиот месец до Албанија ми го преспа цел пат.
    Ако стане ќе му дадам некое киндер јајце,лижавче се заигрува малце па пак заспива. Мерак е со него :)
     
    На elcezelce, PeachGirl и duffi им се допаѓа ова.
  9. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ајде утре со лесно да поминете, таман ќе кажеш искуство од сирупот. Е сега кога веќе ми се случи ова размислував јас како дете како поминував по пат и исто така имав и гадење и повраќање. Дури и како 14 годишно девојче на патување со Белград. Е сега таму патувавме со културно уметничко друштво и по пат еден повозрасните ни кажа еден трик. На стомак, на голо, до горе кај желудникот ставаш лист од списание т.е таков тип на хартија. Спушташ маичка и тераш цел пат без проблем. Научно не знам да објаснам каква е поврзаноста на овој изум ама мене и на сестра ми ни помогна многу. Е сега и со детево дали да пробам, не знам дали ќе делува. Спиди нека проба, не губи ништо.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Ухх, баш тешко :worried:
    Сакав само да ти потенцирам, анимации од типот играње со играчки и гледање во телефон не е добра варијанта. Не треба да гледа надолу за да не и се повраќа.

    Кај нас големата (6 год) има гадење при патување, но успеваме да регулираме со лижавчињата. И отвараме прозорец од нејзина страна кога почнува гадењето.
     
    На koritsaki и PeachGirl им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.664
    Допаѓања:
    106.773
    Пол:
    Женски
    @PeachGirl тешко е , те разбирам. Големата има 9.5 години и уште повраќа ама пред секое тргнување на подолг пат и давам лижавчиња против повраќање и решена ситуација. Патуваме 3-4"пати годишно околу 500км до Мк и од година почна да повраќа.
    Сега малово (11 месеци) иста приказна, наваму кога доаѓавме два пати поврати и баш и купив капки Наусолвит вчера за накај Водно ги пробавме и не и се згади. Гледам го препорачуваат многу и тој Локомотив сируп па ќе го купам и него. Имам лижавчиња ама не знае уште да лиже :)

    Кога сме кај сирупот дали треба да стои во фрижидер?
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    13.654
    Пол:
    Женски
    Од телефонот и мене ми се лоши во кола, а не па детето, јасно е тоа. Мислев во смисла на тоа некој да седи со неа да ја игра, зошто обично јас возам, она си е позади и освен да и зборам друго не можам. Пробав и маж ми да вози а јас да седам позади, ама и тоа не помогна. Ќе видиме како ќе биде утре со сирупот, ама секако не можам секој ден да и давам сируп за 10 минути пат. Барем вака за подолго возење да имам некоја алтернатива.
     
    На koritsaki и Kitten им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.713
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    До детето е. Синко едно време само во кола т. е. транспортер заспиваше.
    Сега мора да вклучам цртани за да седи мирен во седиште, ама не се жалам. Не му се гади и не повраќа, се надевам дека така ке остане.
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.762
    И тоа не е решение. Ако патувате 3 саати, 3 ли ќе гледа цртани? :(
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.713
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Не е, ама со комбинирање на време за дремка, јадење, играчки је помине време.
     
  16. Mila987

    Mila987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Tie shto imate patuvano so malo bebe na podolga relacija, moeto ke bide tocno 3mes, ke patuvame 6,7h dali cel pat vo transporter sedat? Deka ne se preporacuva tolku dolgo
     
  17. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    15.680
    Ќе правете пауза и ќе го вадиш колку толку
     
    На Mila987 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Јас на 2 часа го вадам од транспортер, да се истегне барем 15-20 минути, му давам да цица.
    Ако цица бебето, тамам ќе му дојде. Само немој да го држиш во раце додека патувате. Два часа да седи во транспортер, па пауза, па пак да седи и така цело време.
     
    На Chuchanov, azelea и Mila987 им се допаѓа ова.
  19. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Е па женски, денеска пак ја возевме малата и покрај ужасот од вчера. Имав преглед на 30 км од мојот град и моравме да ја носиме. Го пробав трикот со хартијата од списание. Верувајте воопшто не и се слоши, супер поминавме и за назад. За разлика од вчера не и дадов млеко. По пат побара смоки. Се напи малку сокче и и дадов лижавче. И заспа. @Spidy пиши како ќе поминете. И пробај го изумов.
     
    На Kitten и Spidy им се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    22.952
    Пол:
    Женски
    Каков е тој трик? :)
     
    На Frosty! му/ѝ се допаѓа ова.