Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    . На стомак, на голо, до горе кај желудникот ставаш лист од списание т.е таков тип на хартија. Спушташ маичка и тераш цел пат без проблем. Научно не знам да објаснам каква е поврзаноста на овој изум ама мене и на сестра ми ни помогна многу
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    24.540
    Пол:
    Женски
    Мене ми е претешко во кола. Аауу.. секој викенд сме релација Ск-Струга или Ск-Берово.. борба луѓе. Темпирам исто кога е за заспивање ама а застанеме на патарина толку од нејзиното спиење, па почнува циркузот. Телефон до сега не сум и дала и не планирам, цуцла неќе, играчки брзо и здосадуваат.
    За недела дена пак летаме со авион, се надевам овај пат ќе е бар малу подобро од прошлиот.
    Иначе ние имаме резервација и Грција и Албанија, Албанија како втора опција ало Грција не пуштат граници. Не сум таму (Валона) никогаш бидена. Некој искуства? Препораки за шеткање?
     
  3. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Така патуваше брат ми со весник на стомак уште пред 40год,престана да повраќа кога положи и почна да вози. Незнам точно да објаснам нешто оловото што се користи при печатење делувало против повраќање.
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    13.654
    Пол:
    Женски
    @PeachGirl го преживеавме патот :D
    Дадов Локомотив сируп пред да тргнеме, темпиравме тргање со дремка и заспа штом влезе во кола. Спиеше 2 саата, со неколку пати будење зошто и е затнат носот, ама ќе захрчи и закенка и одма презаспива. Јас и маж ми бевме напред во колата, воопшто немаше потреба да интервенираме. Стана одма после Стража, и застанавме 3 пати до Охрид. Застанувавме кога ќе почнеше да покажува знаци на лошење, на второто застанување дадов уште една лажичка сируп, и последниот пат кога застанавме поврати штом искочи од кола, на Туристичка на 5 минути од хотел. Скоро 4 саата не фати целиот пат со застанувањата, и освен сок ништо не јадеше од 10 сабајле до скоро 5 попладне.
    На враќање ќе пробам и со весников. Сирупов мислам дека немаше некој посебен ефект.
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што добро сте поминале. Сега уживајте :*
     
  6. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    10.378
    Jа на фб прoчитав на пупачетo фластер ставале и имаше ептен маjки штo пишаа дека им пoмoгналo за малите.
     
    На PeachGirl и Spidy им се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Дојран во брзо време со деца ,како е ,водата дали е за бањање,и дали има многу комарци? Се размислувам дали Дојран дали Струга да одиме .
     
  8. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Јас ве напнав со изумов ама мора навистина да се пофалам.. Денеска издржа цел пат без да поврати, и за напред и за назад. И си јадеше после тоа и сѐ беше без проблем. Возењето беше 2 саати.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.288
    Пол:
    Женски
    Мајки, предложете каде да се оди на одмор во Охрид, мислам на сместување, плажи, храна каде има добра. Сакаме со мажот и малото да одиме. Она обожава вода и каменчиња, цело време би се играла со тоа. 8месеци сме. Секако не планирам цел ден да бидеме во вода или на плажа, ама ете сакам да се радува. И планираме околу 1 час да сме во на плажа. Остатокот би шетале низ градот.
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ние резервиравме во хотел Аквалина во Охрид немам искуство прв пат ќе одиме ,ама прочитав доста позитивни коментари кој ме убедија да резервирам ќе бидеме полупансион ,хотелот има мини аквапарк и приватна плажа .
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Јас бев викендов на славија во холидејн м на сама плажа е. Среќа ќере беше супер и прошетавме и на други плажи и центарот е блиску.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Валона сме ние моментално. Сместени сме на 15 мин од градот. Комплекси Sunny Beach. Супер е местово мирно нема гужви, водата тиркизна, чиста, топла, убајна. Само имам една замерка, не е за помали дечиња, плажата не е песочна со камења е.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    26.376
    Бебе на 1 година не треба да гледа во екран, ама вие си знаете најдобро.
    Секој викенд скоро одиме за Дојран, голем е веќе не спие цело време во кола и кловн сум 2 саата, ама не давам телефон.
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    26.376
    Дали е после тунелите?
    Ај некој нека сподели апартман/хотел со приватна плажа во Валона?
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Да после првиот тунел.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.713
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Знам дека не треба и не гледа. Цртани гледа само во кола. Во спротивно се дере, плаче и вика. Помеѓу плачење со солзи и цртани, ние одлучивме да му дадеме цртани.
    Во седиште не сака да седи толку долго, а да го извадам од седиште не доаѓа во предвид.
    За мене, на пример, не е нормално да тренираш дете со cry it out метода, ама многу родители се одлучуваат за истата.
    Секој си знае најдобро за бебето.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    10.378
    Предлoг за убав смештаj вo Крушевo сo бебе? :)
     
    На KuklickaSk и elcezelce им се допаѓа ова.
  18. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Вила Ла кола,Медуза,Папу ,Флора во сите сме биле супер се сите која и да ја одбереш нема да згрешиш.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    26.376
    Мајка, секој си знае најдобро за детето, ама и не баш, зошто ама позади се има наука. Како, на пример, што научно е докажано дека детето не треба да се патка за да прооди, како што не треба да јаде мед пред 1 година, како што првите месеци од животот треба да пие само млеко, е така е научно докажано дека гледање во екран кај бебе/мало дете носи долгорочни последици, проблеми со говор, внимание, концентрација...
    Некогаш, имајки најдобри намери и за мир , не сме ни свесни колкава штета правиме.

    Ако некоја мајка пише дека купила проодувалка, сите пишуваме немој, ако пише дека дала кравјо млеко тетрапак, пишуваме немој, не чини. Само за телефон , сите молчат. А штетата е многу голема.

    Плачењето на дете што не зборува е начин да каже дека нешто му смета, и начин да добие нешто што сака, и плачењето кај бебе е нормална работа, а со телефонот само му го одвекуваш вниманието.

    За cry it out не ти коментирам.
    Cекако ќе му направиш на син ти непланирано кога ќе го одбиеш од ноќно цицање и општо од цицање. Колку покасно толку потешко.

    Не е темата за тоа, избришете ме ако треба. Ама морав да одговорам.
     
    Последна измена: 31 август 2020
    На Bubish26, Puffy2019 и BabyT* им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.713
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Немој да мислиш дека не пробав да изигравам кловн. Пробав, функционираше некое време и толку. Играчки еден куп понесов и секоја ја играше по 2 3 минути. Досадно му е да седи во седиште долго време и тоа е тоа.
    Знам која е штетата, како за проодувалки, така и за моблни читам. Ама не е поентата да плаче и да се дере цел пат. Паузи ке правиме ама пак мора да го врзам и да се возиме.
    Откако почна да оди ни во хранилка не можам да го ставам. Мора да е во движење, сака да го открива светот. Кога е дома цртани не гледа. Не го интересираат затоа што може да оди и да истражува. Општо екрани не го интересираат, ни тв не гледа.
    Ако погледа цртани еднаш месечно, верувам дека нема да има никакви последици по развојот. Немам грижа на совест затоа што соодветно на секоја возраст (откако е роден не, ама од следење предмети, до фаќање тропчиња итн.) јас го стимулирам со играчки за развој, секој ден работам со него, па дозволувам да седи мирен со цртани додека патува.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.