Јас го имам тој проблем со малава во кола. Не сака да е врзана и во толкав мал простор, цел пат вришти, се тегне, јас се препотувам. За 2 часа пат, правиме 10 паузи мислам. Нема од еднаш месечно да има последици, се сложувам со тебе ама мислам дека децава се мноогу попаметни од колку што ние знаеме, ќе научи дека за да го добие телефонот мора да вриска, а вие за да имате мир ќе му го дадете. Можеби сега не ама за кратко време обавезно. Јас искрено сум многу против телефони иако сакам одмор 5 минути или на раат да зготвам нешто без да скокам низ стан како мајмун, јас одлучив да сум циркузант и да седам цел ден на земја со неа за да ја пазам, во кола исто, патоваме со сите можни играчки, шишиња, кесиња и пак е цабе некогаш, тинверувам дека е тешко ама ќе ве надмудри еден ден.
Против непротив неизбежно е, не се потресувајте, не е за умирачка. Јас на ќерка ми не и давам, ама госпожа научи од братучетката. Ја гледам тап тап со прстето отвара Јутуб Ете не давам, нема ни побарано, а знае.
Мајки како е процедурата за вадење пасош на мало бебе? Некоја да сподели искуство? Бидејќи треба да патуваме во Октомври со авион, како одат тие работи?
Си закажуваш термин, одите двајцата родители,еден од вас го држи за сликање и тоа е тоа. Ама закажи со време,за да ти го издадат пред октомври.
Од детето носите извод ,а од родителите не сум сигурна може да требаше венчаница. Види на нивниот сајт пишува сигурно
Јасно ми е се тоа, и јас сум против. Додека беше бебе буквално ни додека го шетам низ соба не го вртев накај телевизорот. Веројатно затоа што не му давам мобилен да гледа цртани, тој не се ни интересира за истите. Ке погледне некоја минута и пак дава гас и шета по куќа. По цел ден сум на земја, со месеци. Сега куќата ја направив соодветна за него и цел ден си бара работа. Играчки само едукативни му купувам, за возраста знае доста работи кои се за поголеми деца. Знам и дека децата лесно учат да манипулираат, имам личен пример со одење во веце. Ако не му дадеш да влезе се дере на цел глас. Солзи и мрсули, јас не попуштам, синко не попушта. Ако не го залажам ке плаче и плаче. Веројатно и ке ми се удри од глава тоа гледање цртани ама ако вреска цел пат мене одморот автоматски ке ми се уништи уште од старт.
Извод на родени од детето и лични карти од родителите, не се сеќавам за венчаница ама имајте ја. Подполнувате документ и го сликаат, тоа е тоа.
Нормално ќе научат, проблем би било да не знаат да научат, муабетот е да не почне да манипулира со плач за да му го дадеш телефонот и да му стане навика да гледа нон стоп цртани.
Манипулација на пример плаче за да го земеш во раце оти не сака да се вози во количка не можеш да споредиш со дозволување да гледа цртани/игра игри на телефон! Крај краева само родителот може да дозволи детето да го манипулира/командова.
Сите манипулации се исти. И телефон, и земање во раце, и добивање било кој предмет. Се што детето ке добие со солзи и дерење, а ке престане со драмата во иста секунда штом ке го добие е манипулација.
@Bubish26 тоа што сакав да го кажам веќе го кажа @MilaSs12 Не ја споредувам тежината на манипулацијата само дека сите родители сме исти...еден ден ќе "паднеш" на некој плач и нема да можеш да не попуштиш дури и кога се коси со твоите принципи
За мене плачот не е манипулација, туку комуникација. Да каже што сака. По мене бебе не е манипулатор. Две бебиња израснав со тој став.
Точно.Поготово во периодот на тантруми.А и која манипулација од штотуку родено дете,кое има една недела,и мака со грчеви.Па тоа знаело да манипулира за да било постојано во раце.Едноставно му треба топлина,сигурност,го осеќа мирисот на мајката.
Мајки, ги оставате ли малите директно на песок? По пелена или панталончиња? 9+ е моето. И дали само мачкање со фактор или подобро е онаква облека за плажа што покрива добар дел од телото?
Само по пелена,после ја вадам ставам нова Со фактор го мачкав пред да излеземе наутро на плажа и уште еднаш два пати после Го избегнувавме времето од 13 до 17 не одевме на плажа
Да да, во најжешкото секако надвор не. Фала, не купувам тогаш таква облека, ќе мачкам постојано со фактор.
Јас сепак би ти рекла ако имаш можност да си купиш таква облека затоа што е мало уште и треба да е заштитено 100%. Пред 2 недели мојата која има 5 месеци, ја носев на море, под сенка цеко време и вечерта дома кога и ги видов обравчињата и рачињата малку црвени, срце ми се стегна. Не ми беше јасно како може да биде црвена под сенка, значи на сонце нема теоретски шанси, додека стигнеме до лежалка трчам и ја кријам цела, со капа е плус тоа и ја фати. Од тогаш само облека и тоа на долги ракави, капче и сме супер