Добро ако е бебето помало од 6м, и на плажа никаков фактор да не се става? Чудно ми е како би правела..
Ќе ставаш 30ка фактор со физички филтри. На плажа и под сенка има зрачење од прв зрак наутро. Јас не би го оставила без фактор. Исто и дополнителните реквизити гледав да се со заштита.
Не е баш ни топло во Мај.. Измеѓу Аланија и Сиде би избрала Сиде. Имаш каде да прошеташ вон хотелите, песочен песок, поблиску до аеродромот.. Сега празно е уште во Анталија, и нашиве фаци пола од одморот во дуксери го поминаа.
На бебе е строго забрането 50 ка фактор Бебе мало не смее на сонце дирекно да се изложи без разлика дали е со фактор или не. Ако се изложува кожичката да му е покриена со памучна бела лесна облека или во малечко покриено базенче на дување. Јас во Грција бев со бебе 7 м
Од кај тоа дека е строго забранет. Ина негде пишува кажал некој? Ја за се скоро ги читам ААП. На плажа стриктно 50ка би ставала моето како што е бело и ноќе мислам ќе изгори. Не си играјте со 30ка на сонце...ја возрасна па 50ка сум ставала и сум горела For newborns and babies under 6 months, The American Academy of Pediatrics (AAP) says that parents can apply a minimal amount of baby-safe sunscreen with an SPF of 30–50 (no lower than SPF 15, though) to the face, back of the hands and tops of the feet.
Во 50 фактор има хемиски филтри кои не се препорачани за бебешка кожа. Мајката си ти. Што сакаш, тоа ставај му.
Мајки дали е океј 3-4 месечно бебе да се носи на одмор? Ми се врти во главата идеја за во септември, Боже здравје да направиме еден одмор. Или да си седам мирна, рано е?
Секако ама не пишувајте дека е строго забрането. Значи не е строго забрането ама штетно е па понатаму кој како сака. Некое ќе изгори штетата ќе бидр поголема. Мислам и Антоније имаше убава емисија каде збореше за овие заштитни креми најдете ја на телма амбуланта вас што ве интересира за кремиве
Ние сме 3 ипол. Чекаме Турција да ги отвори границите и да помине лок даунот и ќе патуваме. Дали прво Истанбул или Анталија ќе видиме.. И син ми беше 7месеци кога прв пат патувавме за Турција.. така да ич не му ја мисли шетајте си
Маска на лице на 8 месечно бебе? Тоа не дава капче, не па маска. @Zumbulce9 ние бевме лани на море со 8 месечно бебче и си поминавме тоооп. Редот му го запазив, во најжешкото си спиевме во соба, единствено таму ми спиеше 2 саати без да се разбуди, ноќите ни беа најмирни,мачкав со Еуцерин за бебиња и и ставав капче на главчето кога се капеше, Нина обожаваше да е во вода. За храна, ние бевме Албанија, имаше еден куп пиљари со преубаво обошје и си и купувавме, си правевме сами кашички, Турција е поорганизирана и верувам дека во хотелот би била топ храната. Не би ти препорачала во Јули/Август да одите пошо е ненормално жешко. Претежно таму хотелите се со приватни плажи ама на сите тука им препурачувам да одат само во хотели со приватна плажа пошо за со бебе е најпрактично, лутање наоколу само додатен стрес за вас и малтретирање за сите. За гума, има гуми за толку малечки бебчиња, ти праќам слика од нашата, ептен стабилна и со стреа на неа. Пеленка згора над количка или врз лице на бебе никако! Ни па маска, глупости. Доколку се плашите, нема ни да отидете некаде. Јас имам 10 летови со моево бебе до сега имано, сама ќе седиш на седиште, дезинфекција и тоа е тоа. Ќе си купиш од ДМ памперс-купаќи и ќе си уживате.
Струга ама има и во Џамбо сигурно. Доколу сега нема, побарај на nama.mk или ако имаш време на алиекспрес.
Јас по препорака од педијатар земав биодерма 50ка фактор. Многу е добра и на неа пишува за бебиња над 6 месеци. Е сега за помали би требало со 30ка фактор..
За бебиња најубаво е 30ка фактор. Плус ќе биде под сенка, лесно е со бебе кај ќе го ставиш таму ќе седи. 50ка фактор веќе на деца кои одат и нема да можеш да ги задржиш под сенка, па сплет на околности ќе бидат изложени на сонце повеќе отколку бебе. @Zumbulce9 ако сеуште немаш уплатено за мај, не ми текнува дали прочитав, мој совет е јуни. Турска мене Јуни и Септември ми е најубава. За сите останати што планирате одмор со бебиња, јас ви препорачувам целосен костим и капче како must за во вода. Послатко е голо, ама позаштитено е облечено. Еве како бевме ние со цела униформа лани. Гумата во позадина. После целава ситуација со корона што не зафати, знам колку на сите ни недостига одмор, па ви посакувам да си поминете најубаво летово, кај и да одите.
Ова ми беше само за пливање. Материјалот е нуркачки, во вода не може да се спури, нема да го облечеш и чуваш на сонце. На плажа ја чував по лесни маички и памперс, под сенка нормално. А имаше и доста поголеми деца со горен дел ваков со долги ракави кои си играа така на плажа, па не се спуруваа. На мисла сум дали да земам горен дел и јас за ова лето.
Интересно изгледа ама нели и е жешко во ова? Би купила ама ми е страв од прегравање. Мојов на кратки е дома и по пелена сега на 24ст и ќе го видам испотен на главчево и грбчево Едит Видов веќе сте пишале погоре