@MilaSs12 сака и купечки каши не е голем јадач , не е нешто воодушевен ни од домашни ни од купечки едино банана што обожава хаха
Преслатка е и гумата и малата Ме потсетивте ,кога беа мали брат ми и сестра ми Отешево поминувавме по цели лета ,ги врзував со рибарски конец кај мене на рака гумите и немаше бегање колкави и да има бранови ,па можете така @Milkiway има и печурки Ние тука негде ако отидеме , преспанско или Струга добри ќе сме ...
Информации од корист за летување со бебе Вчера бев во Џамбо со намера да купам гума и не видов нигде за машко бебе хаха ја прашав продавачката рече немаме за бебиња за поголеми деца само
Тогаш немаш гајле, банани секаде се исти. Ни мојот не сакаше да јаде, ама купечки ич не ги сакаше, домашни полесно поминуваа.
Има за бебиња на почеток од лева страна одма. @Milkiway имаше за машко со полжав 999 денари, а имаше и друго едно 1500 доста поголемо како куќичка е и многу повеќе ми се свиѓаше
Јас бев со две и пол месечно бебе на одмор, септември месец. Бебе немаше грчеви, цицаше секогаш кога ќе присака и немавме никаква мека.
Тасос, не е далеку, убави плажи, убава вода, супер смештаи. Кој е во можност хотелот Илио Маре го предлагам. Бидена сум трудна, лани ни пропадна,за септември имаме резервација со малава, дај Боже да бидне ова година.
Ние бевме Никити, бебе беше 13 месеци. Најдобро ти е да се сместиш во хотел, или негде одма или блиску до плажа.
И ние со мм сме шетачи со возење, сме возеле не знам колку километри. Секогаш сме преспивале и измеѓу, ако треба и на различни места и на одење и на враќање, па истото би го правеле и со малиот. Би резервирала со време каде колку би преспале и само одиш и се сместуваш. Само зависи и од детето како е навикнато. Нашево ужива, мислам дека лезет би било возењето со него, само што поради ситуацијава нема да одиме никаде додека е вака.
Да си го носиш, јас на 3мес лани во Албанија ја носев и супер поминавме, баш убаво ќе му дојде на бебчето
@IRBBB со 4 месечно не би ти препорачала, ни со 10 месечно. Тогаш имаат регресија во спиење и цел ритам им се менува дома, не пак некаде. Тие скокови за мене беа наајстрашни, бевме на еден викенд ние со малава на 4 месеци и поминавме ужасно, секако дома не ми спиеше на вечер тој период ама тогаш почна да осознава и беше страшно плачлива, 10 месец исто се погоди да морам да отидам во непознато за ќерка ми,веруват коса убо шо не почнав да си кубам. Вистина да не знајш кога точно ќе имаш кенкаво бебе ама тие месеци се добро познати на сите.
Колааа никако, бар според мое искуство, мојава не седи во кола, темпираме да тргнеме кога е време за спиење ама кога ќе се разбуди после пекол дур да стасаме, прам муабет за 2 саати пат, не па 15-20 саати, граници чекање ау ау не. Малтретирање е за бебе/ дете, само авион.
Со кола одевте? Како поминавте по пат? Ќе го имам ова на ум. Прерано е, јас пред 2 дена се породив, ама многу би сакала да сме во можност септември да прошетаме малку. Ем не е многу жешко, ем со коронава затворени цело време, ни треба.
Честиткии, ние имавме лани резервирано за Истанбул да одиме, тогаш беба требеше да е 4 месеци, арно што затворија граници оти не ќе се видеше ни Истанбул ни ништо хаха исто и јас сакав многу да одиме и мислев дека ќе е малечка и само ќе нанка, јас ќе пијам чај и ќе лутам со мисливе додека гледам накај море ама сум згрешила, сепак ќе си ја пратиш бебка и она ќе ти каже што уствари сака. Според мене отидете некаде на страна кога ќе и а 2-3 месец и тоа на некое место за релаксација, мирно.
@IRBBB Ќе си видиш детето како ќе се однесува, не се сите деца исти. Може ни скок да не осетиш, ни грчеви, ни плачења во кола, а може па да не можете да мрднете никаде некој период. Рано е да одлучуваш за одмор, сега адаптација ви треба на сите. Честитки, големо да расте!
Со кола да,патувавме навечер, спиеше цел пат, плачливо бебе ,со изразени скокови, грчеви се комплет,на одмор како друго дете, многу полесно е на таа возраст пред да почнете со цврста храна,уште во бременоста имав резервирано и не бев сигурна дека ќе се изреализира ама поминавме екстра.