Си носиме храна од дома, храната - купечки кашички Пошто ко во Мк кашички што има, никаде во свет. Башка не се разбира што пишува оти нели друг јазик, иако на сликата имаш морков и јаболко и пишува 3+. Тројката секаде во свет е иста. Исто и 5ка, пример. Не е проблем да си носите она што вашите бебиња јадат, сеедно е кој што носи на одмор, ваша одлука. Ама објаснувањата - водата и овошјето во други држави којзнае какви се, мислиш доаѓаш од еко оазата на светот и одиш во некоја од Бога заборавена земја со болести, зарази и паразити.
Фала ти не помислив на тие детали декларааци и слично. .кога ти е прво дете до сега не сум обрнувала внимание на одмор... Таман да воведам се од кашичките е најдобро. Сподели обавезно
За носење кашички искрено и јас планирам од Мк да си земам особено ако одам на ново место чисто да не се замарам таму да барам и да губам време па имало ли за ручек со месо кашичка итн. и така не готвиме на одмор, не планирам и за бебе да готвам. Од тука ќе испланирам што за колку дена и толку. Сигурно има и таму добри кашички ама на туристичко место па да му ја мислам дали ќе бидат потрошени одредени видови... тие што ќе одите скоро споделете како сте минале со бебињата
@Milkiway да се исправам, месото во лидл не е замрзнато Пакувано е ама далеку од свежо. Затоа не го користам и не би препорачала, посебно не за бебе, за вас можеш да земеш. Исто, мое мислење е подобро да си купиш готови месни кашички (на такви и мислев во претходниот коментар) место да спремаш месо од дома и да патуваш со него, ама тоа веќе си е твое.
Се разбравме сега и се сетив дека за нас сме зимале некои плескавици свежи на тацна, да тоа е најпаметно така фала ти на тебе и другите за идеите со време да се опремам
Јас би сакала да ве замолам да споделите доколку имате предлог за сместување на краците. Ке патуваме со кола меѓутоа јас преферирам да е блиску до плажа и да е некое помирно местенце. Мене лично од краците Никити ми е некако прва мисла за одмор со бебе
Сите каши од хип можат да седат на собна температура неотворени. Јас не би комплицирала да носам месо, блендери, и цела кујна. Ако бебето не пребира т.е. ако јаде купечки каши, земи за 7 9 дена и терај. Комбинирај си кутии со инстант каши, гриз, ориз, просо, млечни, а каши со месо 5 ке ти се доволни. Сега барем има голем избор на каши, одмори на одморот. По пат стави ги во фрижидер и ништо нема да им е. Ако не јаде, тогаш мора да носиш се, вклучително и месо. Ама пак се тоа 5 парчиња месо, ке одиш по месари да бараш 50 гр телешко? Некои села навистина се заборавени. Јас еден одмор добив последен ден, влошки само дебели имаше, памперси како вир со мрежа дебели, сите да знаат дека имаш мензис.
@Milkiway од готови каши во Лидл има само ова Деновиве ќе сликам и од Мацутис. во лидл има солиден избор на овошје и зеленчук, па и био дури- јаболче, морков, тиквица, портокали, праски, кајсии, банани.. Месото не ми се виде лошо. Доста луѓе земаа и имаше доста празни рафтови, па веројатно брзо се троши. Ако сакаш тука да земеш храна подобра опција е сама да спремаш. Има супер избор на свежо. Ако сакаш да даваш готови кашички, носи од дома.
Ставрос сум била на еден ден на плажа, плажата беше пред излезот на Ставрос накај олимпијада кога одиш, плитко убаво за деца. Навечер за шетање има една долга како главна улица и две три споредни со бутици, продавници за сувенири, таверни/ресторанчиња за храна. Има убаво средено паркче со лулашки и луна парк. Кеј патека за прошетка покрај море. Е сега за гужва во сезона е, ама сега со короната зависи може нема да има толкава гужва како пред неа.
Некоја да била Албанија со мало дете, таму после Валона тие местенцата... ? Ако имате препорака за смештај пишете
здраво женски, Ме интересира дали некоја од вас била на одмор со бебе од 5,5ипол месеци? само на ад е бебуш. Ве молам споделете искуства
Супер ќе си поминеш, чим и уште е само на млеко ќе биде топ и ти ќе имаш комплетен убав одмор. Бебиња обожаваат да спијат покрај вода. Убав помин
Zavisi od budzetot....blue carpet ne znam dali si go gledala dole sobite so bazence se....jas go rezervirav za so epten malo bebe 5mes poso i onaka ne mozam mng na plaza da sedam barem pred soba da se brckam
@Yowannty, @kukla21 , @Milkiway, @Jana06 , @Bridget Во однос на храната за бебе на одмор јас имам добиено препорака од педијатар додека сме на одмор да давам само купечки кашички на бебе до година дена. Тоа е затоа што бебето тогаш ја развива цревната флора и на почеток се навикнува на домашните бактерии, вируси и слично. Секоја храна подготвена на друго место може да му биде проблем зашто никогаш не си сигурен колку е добро пребришано местото каде што се подготвува храната. Нема врска до поднебје и храна собрано од ваму или таму. И јас давав готови кашички дури и во Охрид иако е во Македонија нели. И истото лето давав готови кашички и во Грција купени во Македонија за да бидам сигурна дека имам кашички што бебето ќе ги јаде. Не ги јадеше сите и не ми се експериментираше да барам она што го јаде по различни маркети додека сум на одмор. Од чисто практични причини. Да не се расправаме со кенкаво бебе со стомаченм вирус додека сме на одмор. Над година наредното лето јадеше комбинирано кашички и она што ние го јадевме во ресторан. Кашички месни готови зашто немав намера да блендам месо на одмор, а риба и зеленчук во ресторан.
Види ги хотелите на трет крак. 18м беше кога бевме Уранополи. Скоро сите хотели имаат големи и песочни плажи со лежалки за гостите.