Од сабајле накај 9 часот до кај 11-12 и потоа од 17- 19 часот. Ова ако е јули- август кога е жешко, ако е вон сезоната јуни- септември зависно од времето колку ќе е топло. Ако не е многу жешко може и цел ден на плажа да сме.
Млеко мачкам пред одење на плажата и таму уште еднаш до два пати ако сме на пример од 9-11/12 ако сме подолго повеќе пати.
Здраво женски. Ме интересира дали некој бил со 1 год бебе во Турција? Ние планираме да одиме на 1ви Јули. Алинклузив, па како се снајдовте за храна за бебе и што треба да земам од лекарства ?
За лекарства јас носам вака: За тт сируп / чепче, за пролив, повраќање, алергија, електролити, крема за удрено и за стипнато од инсекти, топломер.
јас се вратив сега од Турција, ама бев со бебе од 8 месеци. Носев готови кашички, а плус и на доење е бебуш, од хотелската храна само 1 банана му дадов. Јас бев ултра all inclusive меѓутоа иако имаше преголем избор на храна сепак за бебе не ми беше соодветно се да се даде зашто ретко нешто беше чисто така без други додатоци, зачини итн. освен овошје нели и среќна сум што носев кашички. Е сега, твоето бебе е поголемо и не знам како сте со храната, јас со моето уште воведувам намирници. Исто така, зависи и од хотелот,некои имаат и специјален дел само со бебешка храна, тоа прашај. А за лекови носев скоро исто како @bella12 плус спреј за комарци на Чико и Линекс пробиотик. Бев во Сиде јас и имаше комарци.
Ние во Лара ќе одиме. Алинклузив. Јас скоро се и имам воведено, плус сама јаде, не и белндирам,само ми е да не е многу зачинета храната. Пријатели што прашав рекоа била зачинета храната.. Затоа се мислам. Ќе купам и кашички инаку. Ама мака имам дека не ги сака купечки ич. И уште нешто сум на мисла. Нели последниот ден се одјавуваш пр во 12ч. Нас летот ни е вечерта во 24ч. Што ќе правам без соба толку саати Кај вас како беше? И дали носеше пелени за во вода? Извини, триста прашања имам
Pa prasajte da si platite uste eden den iako nema da go iskoristite. Toa se mnogu saati i za bez bebe da si
@Zumbulce9 пробиотик заборавив да пишам, @Kate Rina 93 давај пробиотик уште пред да тргнеш на пат и дури сте таму сите денови давај. Сигурно и матичниот педијатар ќе ти каже што како. Јас првиот пат кога бевме на одмор дека бебе и не знаев што и како пред одење се консултирав со педијатерот.
Кајгана и палачинки готват пред тебе. Па можеш да кажеш да стават помалку зачини. Не памтам дали уште некое јадење готвеа така.
Ви благодарам на одговорите. Прв одмор ни е со бебе, ептен се плашам како ќе се снајдам, мислиш на крај на свет одам И уште ова, кај да најдам сандалки за бебе, за песок. Оние со ластик позади што се, гумени? И дали може количка да си земам за бебе?
Количка секако дека може да земеш, само прашај за на аеродромот како оди за пријавување на количката. Да знаеш како отидовме првиот одмор со дете, мислам пола куќа ја однесов , затоа веќе на наредните летувања си ја знаев грешката и со список пакував.
@eta за Торони од лично искуство, еднаш бев и никогаш не би се вратила. Зошто? Прво, многу далеку е. Патот со кривини, ми се смачи дур стасавме. Гледаш 30км, а 1ч возиш. Плажата, ништо посебно. Водата длабока за дечиња. Два чекора и оп, до половина. Од активности, ништо нема. Еден ресторан и едно за гиро. позитивно е што најчесто сместувањето е на сама плажа, па со триста тракатанци топ е со детенце. едит. Јас во Турција кога сум била храната воопшто не била зачинета.
Сивири е супер за со мало дете.Ние првиот одмор со бебе ни беше таму ,имаше 8,5 месеци, преубаво поминавме.Смештајот на сама плажа,ќерка ми уживаше,таму почна да лази по песокот,ситен е,а и можеш да седиш на плажа до зајдисонце до 20 часот.Се беше фамилии со мали бебиња и деца.Местото е мало и има едно шеталиште покрај плажа ,ама доволно ти е за со бебе.Следната година кога имаше 1,5 година бевме во Никити ,па другата пак повторивме во Сивири,мене ми беше многу раат таму, најубав одмор,баш таму се запознавме и со Каетана.
Сивири е преубаво за со мали деца. Мирно мало место, песочна убава плажа, плитко, без бранови. Баш совршено.