За олимпијадата има каде да седнете да јадете, покрај море имаше сигурно 5-6 таверни една до друга. Претежно служеа морска храна, но има и пици тестенини и сл. Не е толку пусто да нема каде да седнеш. Сега со короната не знам како е, ние кога бевме шанковите на плажа што се имаа како вечерна забава со жива музика, ако сакаш на пијачка значи има шанкови каде да седнеш.
Исто и ние. Не знам само на кое место би било баш за со мало дете, 3 и пол месеци. Сакавме Албанија, ама незнам.
Што да се вели за морски воздух? Може ли во град да е поубаво за бебе од море? Во септември е идеална температурата. Ич не мисли. Албанија има повеќе пат. Грција е подобра опција.
Како е во Неа Флогита за со деца? Плажата дали е песочна? Одбравме вила која не е на сама плажа и сега страв ми е да не утнавме... Кој ќе трча ако им се приоди во вц. Како се справувавте со штотуку одвикнати деца од памперс?
Мајки, 8м ми е бебето ве молам ѕирнете нешто да не заборавам за него од листава: електролити Линекс За комарци алка и спреј Кама гел Еферегал сируп за темп Летизен сируп Топломер Нешто друго да сте носеле со вас од лекарства?
Кога ќе одиме на одмор и моето ќе е 8м. Кој спреј за комарци го зема, и дали алките се оние класичните од Зегин или има некои специјални за бебе?
За полазено, изгорено од сонце. Исто што и синопен. Само синопен да не е за поголеми дечка прашајте педијатар.
Фала ти Јас планирам да одам на педијатар со списокот и да ми каже дали е добро и ако фали уште нешто да ми каже. Ептен се плашам како ќе поминеме со малечката,да не заборавам нешто
Синопенот е јак антихистамин, камагел е гелче од камилица. Јас никогаш ни за нас не земам Синопен. Ептен не дај боже јака реакција некоја. Камагел врши работа, особено на изгорено од сонце, и лади и зацелува.
Тоа да дека синопенот е појак од камагел. Затоа и пишав ќе си праша педијатар. Еве моето дете инаку е 3,5 год зимата беше од нешто полазена. Од што не знам под брадата баш дури отечено од камагел не и помина, од синопенот во комбинација со ларадатин сируп за три дена немаше ништо и помина.