Е добро фала на идеата да шеткаме и ние. Ама маж ми има доста страв од авион кога одевме турција еднаш се стопи Ќе морам со две бебиња да се расправам
Какво ладно, и во Охрид е циганско лето Најубавиот дел од годината за плажа е септември. Ние бевме еднаш со 3 месечно бебе. Плажите празни, уживанција. Но знае попладне да дува ветер (не редовно) затоа спреми се со гардероба.
Има ли некоја искуство да била на одмор во Турција со мало бебе 3/4месеци? Сакам да одам здравје во септемви. Исто и со летање во авион како иде со мало бебе?
Што се случува сега со пасошиве дали некој е во тек? Ние имаме закажано за сликање на 2ри Јули за малата ама дали ќе ни го дадат до одмор којзнае..
Истото сакав да го кажам за Неи Пори. Јас сама не би, не па со дете накај Неи Пори, Паралиа и Лептокарија. За Албанија према Драч - исти случај со комарците, додуша не секаде, ама ако некој оди натаму, барајте смештај во прв ред и подалеку од каналот.
Вие што сте патувале со авион, кажете ми дали смеам да носам купени кашички за бебе, смоки.. некои такви работи и каде да ги ставам, во куфер или рачен багаж? Дали ќе ми прават проблем?
Јас мислам дека смееш се што ти треба да понесеш со тебе за бебето. Најдобро јави се на аеродром и прашај.
јас имам носено. Имам носено и термос со вода, ад. Никој никаде не ми направил проблем. Пс. Тоа што ми требало за по пат. Другото во торба чекирана.
Ви благодарам. Се јавив денес и ми рекоа дека може и количка за бебе ,каква и да е. Не се наплатува, штом и бебето патува со нас. А во агенција ми рекоа дека смеело количка само во еден дел. Па затоа се јавив највеќе. Се надевам ќе му се најде на некој информацијава
Сега ме збуни Јас се јавив на аеродром Госпоѓата не ме ни праша за која авиокомпанија се работи. 3 пати ми повтори дека штом бебето патува може каква било количка.. а јас уште објаснувам дека во два дела ми е количката.. Да се јавам утре пак?
Не знам стварно, јас колку што знам правилата се политика на авиокоманијата, што како и колку се наплаќа и дозволува, можеби сум јас грешка.
Не е така мислам. Тоа се правила за сите, што смее, а што не смее горе. Разликата во авиокомпаниите е само на дозволен бесплатен багаж, на пример за Визер доплаќаш, аза Кроатиа имаш бесплатен 30кг. Што смееш/не смееш горе е правило на аеродром, поминуваш на ртг, тоа се е ради безбедност. Ако на аеродром ти рекле смееш количка, значи смееш. Сестра ми работи на аеродром и по тоа знам
Ви благодарам на сите. Прв пат патувам со авион и ништо не ми е јасно. Значи можам да ја носам количката во два дела што ми е @Mila_Skopje Спојлер: Прашање да не знаеш колку паковки цигари може да се земе, маж ми пуши,па да не земе случајно повеќе од што треба
Јас му извадив по брза постапка во петок го сликав, во понеделникот го земав. А за регулар се чека 14 работни дена така ми кажаа