Никако, ни за возрасни а во никој случај за деца. Прегнасно е, бев за викенд пред неколку години, косата ми се крева кога ќе се сетам какви гнасотии видов во водата и на плажата.
И ние планираме во септември одмор, бебе ќе е 5 месеци. Неа пори ми е љубов од детството, ама ова со комарциве што го пишувате ме плаши, мали ми се многу децата, а и мене колку ме касаат тоа е страшно, па и алергиска реакција неколку пати имам отекувам цела. Такво место барам со широка плажа, да не е многу длабоко и да е чисто, може и некоја занимација за ќерче 2.5 год да има, лулашки, рингишпили..
Исто искуство. Кога ќе се присетам одма се вознемирувам. Ужас. Некоја пиша и за Сарти, плажата е супер, ама да - има ветер.
Јас правев за мене и имаше опција да додадеш патници па само ги додадов мм и бебето, не како посебен формулар акп мислиш на тоа.
Мајки на 1годишни бебења да ве прашам дали ги бањате малите во море,ако да по колку време ги држите во вода и кое време од денот? За една недела одиме за Грција па незнам дали да ја ставам малата во море да не ја настинам се плашам,или да си земам со нас мало базенче па да го наполнам со морска вода и под сенка да ја разладувам. И каква крема користете,јас засега имам само бекутан 50 фактор.
нормално дека ги бањаме во море,па за што друго одиме ако не за морето јас на 7+ месечна возраст ја бањав по 20 мин,па во базенче плус ко што викаш па ке поспие па пак во море,уф едвај чекам пак да се оди иначе исто бекутан 50ка користи
Прв пат на 10месеци ја носев, на плажа од сабајле од кога ќе стане па до 11-12 часот и попладне од 16/17 -19 часот. Ја бајнав по 10-15 мин зависи кога како. Водата беше топла но приметив устата и модрееше. Можеш да си земеш мало базенче и под сенка. За тоа кој крем ќе го земеш е твој избор различни фирми, различни цени, битно е да е 50 фактот. И под сенка да е .
Значи може на еден фолмулар да сме сите тројца (јас,мм и бебето) А дали треба да се испечати или може и од тел да им се покаже на граница?И дали е точно дека треба да стигне нешто на меил како потврда дека може да патуваме и стигало некаде околу 23-00час на полноќ пред патувањето.?
Е супер што може и од тел.Ние дека Недела ќе идеме па ако мора да се печати ќе ми беше проблем дека недела ништо не работи. Благодарам
На моб ќе добиеш QR код и ништо не ти треба ќе го покажеш мејлот секако уште ќе си на мк мрежа можеш да упалиш нет. На полноќ стигна мејлот пред да одиме. Сите бевме на еден формулар
Е па дојде време да се патова до Македонија со бебенце мое. Нека ми е господ на помош во авион, на крило ќе ми биде, а мојов е активен ко за 100. Едвај чекам да си ги видам моите. Три недели ќе се изнауживам. Прв пат јас маж ми и бебенце заедно..
Јас почеток на јуни го капев во охридско што сите знаеме колку е ладно, а не во море каде 100пати е потопло. Не настинуват толку лесно. Користам биодерма 50фактор топ е. Убав одмор
Среќен пат и убав помин.Пиши како сте поминале со бебе.Ние за некој ден се враќаме назад многу ми е криво.Како ќе ја разубедиме големата да си одиме дома, многу и е убаво овде.