Kama gel ti e za ubodi za mali bebinja do 6.mes mi rekoa ne se stava sinopen, mapez e sprej protiv insekti za bebinja od 0.
Ако прашуваш за сега е ок почиста е, иначе е прљава. Ние одевме малце подоле на плажа каде нема многу гужва и беше почиста.
Летизен е сируп за не дај Биже алергија, кама гел се става на местото на убоди од комарци, а Мапез то е спреј против комарци Крилен на Frezy derm подобар се покажа кај нас од Мапез
За септември ме интересираше. Најдов апартман на плажа по добра цена, па да знам што да очекувам. Фала мајки.
Плажата песона ли е? Водата плитка или веднаш длабока? Во водата песок или каменчиња се? Ако имаш време пиши ми генерално вреди ли да се оди со дете.
Студена е водата. Зависи и какво ќе биде времето во Септември, во принцип на плиткото може да ги брцате ноџињата, ама само толку.
20 јули резервиравме за Никити . Некој да каже како е таму инсекти комарци има ли ? Аптека лекар и сл? Бебето ќе има 7 месеци тогаш
Не сум во Никити ама бев приморена да барам доктор. Имаат како поликлиника за прва помош, за се нешто посериозно праќаат во друго градче оддалечено 45мин или Солун. Комарци нз таму, а имаш Лидл во близина, добра плажа. Аптека исто има.
Спојлер: . Еве како е на плажата, нема големи камења во водата само поситни. Водата е особено почиста околи 8 саат одсабајле, после од песокта се прави кафена. Ние бевме на 5 мин од плажа за ич пари можам да кажам и ни одговараше. Има љуљашки за деца,вовчиња како коли што се клацкаат како се викаа не ми текнува. Како забавен парк. Ресторанчиња колку сакаш и убаво гиро. По една долга патека си за 20 мин пешки се стига до Паралиа таму има и Лидл. Ама има и вовчиња носат до таму.
Фала мајка Кај песочни плажи секогаш се мати водата. Јас најдов на сама плажа за топ цена за септември.