Да, толку му доаѓа. Ама , денес што и ја дадов целата ја изеде, иако овошје не сака во уста да стави. Белки покрај кашичките, ќе почне и овошјето да го јаде.
Да ,и јас забележав дека кашите се по 3 евра, баш истата што јас ја купив околу 80ден. И тоа во маркет (ни во Лидл) немаше каши,имаше само во една аптека. Се почудев, зар тие бебиња што живеат таму се на домашна храна се
Или тоа или повисоки плати земаат од тука па некоја средина им доаѓа. Не можам нигде да најдам имаат ДМ таму?
Лидал имаше само шмукалчиња на Нестле, од 90 гр, евро и 45 центи. Врти, суки, иста цена како и кашичките . Ајде па еднаш во годината одиме на годишен одмор. Како даваме за кафе на плажа 3 ипол евра, така и за бебка .
Изгледа таму ќе биде.Најмногу ми одговара и за со бебе,се е тука одма плажа,гледам и лежалки има.Сум била еднаш на семинари и памтам дека храната беше многу убава.
Може ли да ми дадете идеја што да понесам за бебе за ручек за да не се замарам со готвење, готови зеленчукови каши не сака да помириса, а реално се грозни. Некоја идеја?
а овошни каши? Овошје не мора готвење, ставаш во бледер јаболка и банана на пример, и ете оброк. Инстант оброци можеш .. Ма да нема нешто посебно готвење за бебе, ставаш намирници да се варат додека ти го средиш него, собереш шо треба, ручочето е готово. Свари неколку намирници и само мешај по 2 секој оброк.
Сериозно толку сте брзи? Јас не сум толку организирана. Дур станеме, па фестивали облакање, па житарки да киснам (вода претходно да згреам). Па блендер. Отров ми е спремањето. 11 ќе не фати на плажа ако сите се натокмиме.
Ние гoдинава, станував oдма oбрoк за бебе правам палента, гриз сo oвoшjе, киселo млекo.. Мм седнува да гo храни, а jас средувам пoмалo бебе и тoрба за на плажа. Набрзина нештo на нoга каснуваме и идеме. Кафе на плажа. За ручек купувавме. На малата и правев пojадoк, ужинки и вечера. За ручек имав земенo каши зеленчукoви.
Овошје јаде нема гајле, планирав да земам готови каши плус бисквит, овес, измешај и готово ама за зеленчук ми е проблем мал блендер немам, во склоп на мултипрактик ми е. Ќе смислам нешто ќе видиме.
Hipp и babylove oд дм давав. Мojата ги oбoжава, кoга ќе ги види вo несвес паѓа. Истo за вечера и чoкoлинo два псти дадoв какo идеа.
Хип не ака да ги помириса ради пченката внатре повеќето се со пченка, а на бејбилов не содржи ниедна пченка и ги јаде сите. Колкаво е бебето?
Мене не ми бараа полномоштво на граница кога паттував сама со ќеркичката. Го носев во секој случај и дури ги прашав дали да го покажам ми рекоа не треба.