Мојот телешко никако не јаде освен пробав пудинг од гриз една лажичка да му дадам од Лино и 4 од кашата и така го залажував. Чисто можеш така да пробаш.
Исто телешкото не го сака, никако не го јаде на сила до кај 15 лажичиња и толку, имаш некој предлог на ксшички на babylove зеленчук да пробам дали ќе јаде пред тргнување.
Да се надоврзам за кашичките зеленчукови...мојата ги јади само од холле и тоа само три од нив... Брокула со ориз, тиква тиквичка и компир, и тиква со пилешко. Немаат некој јак мирис и зато мислам дека ги јади. Од хип и од бејби лав нема шанса да јади.
Имаш со пилешко, ако јаде модар патлиџан имаш и таква таа мислам пишува 8 месеци, а инаку јас ги земам за 12 месеци што пишува 250гр се. Прво можеш да ја понудиш и со моцарела внатре и зеленчук таа мојов ја обожава.(зобриме за бебе што магично ги замразе преку ноќ сите меса и зеленчуци). Ако ти јаде со мали парченца земи за 12 месеци кашички ако не земи за помала возраст тие што се 6 или 8 месеци ради текстурата.
Дечки, со план сме да тргнеме утре за Грција ама немаме сместување, имате некој контакт од некоја вила? Што мислите за Неа Скиони ок е како место за со мало дете?
А како тргате без сместување па и со мало дете плус? Во кола ли ќе седи додека најдете нормален смештај па и пригоден за мало дете?
Не тргаме без смештај во крајна линија booking е тука без сместување не те пуштат на граница. Нешто како да не искара
Јас сум била во Неа Скиони. Ептен мало и мирно место е. Плажата, таа што беше во селцето воопшто не ми се допадна, многу камења и периодов кога бевме ние ( септември) не беше баш чиста водата. Нооо, има прекрасен залез на сонцето, ако си љубител како мене . Имам прекрасни слики од таму. Мене ме интересира за во Охрид, од хотелите со три и четири звезди, има ли некој со чајна кујна?
Не Охрид е ладно само покрај езеро, а дома само ако имаш клима…сношти во спална ни беше 29 степени на полноќ
@doubleinfinity дали стварно?? Во хотел Белви ќе бидиме од вторник па се надевав барем навечер да се спие раат.
Епа Белви е сигурно малку поладно него во град, ако можете или ќе пуштате клима или отварајте пред легнување да влезе воздух..иначе претопло е…олку топло не било охрид мислам никогаш
Како е Метропол за со бебе, има креверче плус каде да спие, плажата, планирам да закажам од 15.8 се двоумам меѓу Метропол и Десарет?
Ние синоќа се вративме од Струга и да ти кажам дека се изнаспавме ,пријатно и дење и ноќе за разлика од Ск.Во хотелот ја пуштавме климата повремено,на плажа покрај вода не осетив некои жештини на пр како Грција ,а навечер си шеташ мераклиски,дури големава ми побара една вечер палтенце.Како се вративме дамла ме удри во Скопјево и детево само вика зошто не сме останале уште,овде многу било топло.
Е супер ко така... Ние Битола се сваривме готово.. Барем навечер да можиме пораат да спиеме.. Фала многу @azelea, @Estella, @doubleinfinity