Некоја мамичка да била Албанија со бебче годинава? Сакаме до Ксамил да скокниме, бебе е 7 месеци…Препорака за смештај и плажи
Што мислите за Неа Потидеа за со бебе? Убава ли е плажата и водата? Некако локациски најблиску ми изгледа Па и не мора да е Неа Потидеа, некое друго поблиску место, можеби имате предлог за некоја вила блиску до плажа?
Дали некоја патувал во Грција со потврда за прележана корона? Што точно бараат на граница? Документот што ми го дадоа кај матичната?
Бевме во Валона. Искрено никогаш повеќе не би отишла во Албанија сама а не со бебе. Извадивме преку букинг ама ништо не беше како што очекувавме, собата нечиста и премала, хотелот високо, плажата далеку. Пред да резервирате секогаш добро запазете каде и што. Зашто во вакви земји секогаш се лаже.
Неа Флогита, поблику е од Неа Потидеа а многу подобро и помирно место, водата чиста. За со мало дете е одличен избор.
Да. Документот т.е сертификатот од кај матичната за прележан ковид, и секако плф документот. Ние крај на јули бевме, освен овие две-три недели да има промена..
во грција секако точна адреса не ни има. Код и име на местото. Бар мене така ми се погодило до сега. Моево се изнајаде песок. Не можам доле да ја ставам, само нешто пика во уста. Големата воопшто нњ беше напорна во овој поглед.
Купувам утре и одма ти сликам. Прашуваш за пакување какп да ги познаеш или пелените ко пелени какви се?