Мајки ај кажете добар хотел во Охрид или Струга за со бебе и дете? Некако не ми се тргнува подалеку со бебето дека месец е.
@Филотеа ние бевме во Белви.. Ми се бендиса хотелот и јадењето... Плажата беше со бетон ама имаше мал дел кај што нема бетон и кај што можи дете да игра пред водата. Ние бевме август и имаше гужва сега сигурно е растеретено од луѓе. Да дополнам.. Одма до него е и Метропол.. Така да мислам во кој и да одиш нема да згрешиш. Одма до плажата се.
Ние бегавме од гужвата во Охрид и убаво поминавме во Макпетрол Струга, т.е надвор од Струга е кон Радожда, убаво јадење, блиску базените, љубезни, креветче веднаш ни ставија во соба кога не забележаа со бебе, на приземје не сместија дека со бебе, бевме преку недела и немаше мн гости, викендот почна да се полни па заминавме.
Posidi....palace li holiday kako i da bese...taman od drugata strana ti e sonce ke imas deka namalen e denot veke
мајки, споделете некој хак за по пат и за време на одмор, нешто што пакувате, а што можеби на друг не би му текнало, или каков било друг совет што ви го олеснува патот и престојот. прв одмор со бебенце 7ипол месеци. цела сум со листи и сѐ си мислам нешто клучно ќе заборавам.
Најбитно ти е се за бебе да земеш од облека по кратки и долги и лекови за температура, пробиотик, чепчиња итн. Јас патував со 11 месечно бебе до Грција и тоа бебе што не седи мирно и вришти во седиште, супер пројдовме дури се изненадив. Не знам каде ќе патуваш али ако патуваш во Грција земи си каши за сите денови.
Мене уште лекови ми остана да купам, па ве молам за совет дали е доволно? Топломер Сируп ефералган Антипиреа лепенки ОРС Пробиотик Камагел Алкохол 70% Хидроген 3% Јод 3% Гази Фластер Дали да земам чепчиња диазепам за не дај Боже? Ако воопшто даваат без рецепт. Бебе 4м ќе наполни на одмор. И, имате инфо дали ќе може воопшто да се патува во Грција? Дека мкд на црна листа ја стави ЕУ.
Ќе може да се патува али тие со ПЦР тест пак ќе бидат тестирани на граница обавезно. Диазепам не ти треба искрено. Можеш антибиотик сируп ама да не ти го раствараат во аптека, за алергија Лоратадин/Летизен обавезно земи.
На трошок на државата или на патникот? Антибиотик не би давала без претходен преглед/крвна слика. Ако не дај Боже нешто се случува, палиме колата и се враќаме назад. Како се дозира лоратадин/летизен? И во кој случај да давам? (можда е преглупо прашањево, ама не знам на што би можело да ми јави алергија, затоа од старт ич не ни помислив за да носам сируп за алергија).
На било што може да јави алергија, дрво, цвеќе, клима, животни. Се е индивидуално прашај во аптека колку смееш според возраст да даваш. На трошок на државата е тестот, ти си имаш доказ дека си негативна
да, да, опремена сум со цел арсенал каши поучена од форумов дека нема избор во грција. ни на крај памет не ми е да готвам, па поготово што уште нема мерак за храна моево. ќе си дреме на циц и ќе си грицка/шмука праски. тоа барем сака. а од тракатанци за на плажа што носите за оваа возраст? имаме базенче и гума за бањање ко дубаче со стреа. се мислам дали да земам некои ствари за игра со песок како лопатчиња и сл?