Даа во Ленд оф парадис здравје следен одмор планираме да идеме еднодневно, оти баш таму одмор е преескапо
Нема од шо да ти е страв од искуство ти кажувам одиме веќе неколку години и после 15 септември некаде за со дете е идеално, мислам според мене и за нас е тогаш супер температурата и не е воопшто прежешко во Египет не би од јуни до август никако. Здравје ние планираме некаде после 20 септември да одиме
Исто и сестра ми оди крајот на септември и го споделува истото искуство во однос на температурите. Презадоволна е таа
Мајкии добро утро. Каде ќе се оди годинава на одмор? Сакаме крај на август да одиме синко ќе е 9 месеци тогаш. Предложете места Грција на вториот крак или Албанија? Фалаа
И јас сум за втор крак да идеме. Ама ние сакаме и крај на јуни да тркнеме на 5-6 дена. Синко ќе е 6м тогаш, валда ќе видиме нешто од одмор Мене у план ми е Никити или Логомандра. И Вурвуру ми е трета опција. Почнувам да разгледувам смештаи, ако најдам нешто одма ќе споделам. Сподели и ти ако видиш нешто интересно
Вчера баш гледав Никити смештај некако не најдов нешто ете така да ми фати око. Вурвуру исто. И некако далечко Вурвуру ни е нас преку 5 часа пат ни е и од Охрид и од Скопје. Сега ќе го проверам Логомандра прв лат слушам за местото. Али и цените годинава машала. Јас искрено ич не ја сакам Грција, посебно Егејско море, Јадран ми е на срце или Јонско ама далеку ми е за со бебе. Албанија исто гледав ама па таму освен Ксамил не сум била на друго место, а Ксамил некако не ми е за со бебе. Чаре? Хахаха
Вурвуру , Никити и Логомандра се тука некаде во км, +- 10 тина разлика. Јадранско море е ладно бе Нас Јонско ни е 400км од овде, не е толку страшно да извозиме, ама и оно е ладничко. Не оти ќе го капиме синко де, ама па шознам
Да поладни се и Јадранско и Јонско ама па ние Охриѓани па учени на ладно хахахах. Јадран и Охридско тука некаде се за топлина. Зошто да не го капите? Во базенче малку вода да се згрее на сонце и немате гајле. Нема со саати да седи секако. Кратко ќе се прошлапа. Убаво е малку солена вода за носето синуси. Да ти кажам не ги проверив на мапа колку се разлика во километри. Ќе видам денес подетално фала мајка на инфо
Во базенче, да. Ама во него и кочан вода од планина да ставиме ќе се стопли Јас за мене си барам потопличко море А здравје, август у пикот ќе ви дојдеме Охрид. Тогаш ќе те гњавам каде да го носиме на плажа
Јас имам позитивно искуство со Kalamitsi. Бевме кога малата имаше 1 година. Мало мирно место јужно на втор крак, од таму го шетавме кракот и западно и источниот дел. Плажа ситен песок без гужви, инаку бевме почеток на септември.
Ние уплативме за Торони, хотел Hotel Blue Sea Toroni 9 ноќевања за крај на август. Ова ке биде прво одење надвор од државава со малата. Баравме поблиску да е ко за почеток бидејќи не сме патувале со нејзе а втор крак сум била и ми се свиѓаат и плажите и морето. Маж сакаше Турција ама некако не се осмелувам со мало дете толку далеку. Сакам ако нешто недај Боже се деси да сум на неколку саати од Скопје и одма да се вратам.
Јас искрено за со бебево сега гледам хотели, јуни и ние ќе сме 6м. Вурвуру ми е под кожа, секоја година одиме бар на неколку дена, го обожавам таму морето и обавезно во прв ред во двор да ти е. Ама за сега си сакам најмалку доручек и вечера да не се замарам, кога ќе потпорасне да може да ужива сама во тие дворчињата и плажата, од тераса да ја гледаш доѓа во предвид Вурвуру. Никити па освен за шетање не ми прави кејф ни плажа ни вода за да се мислам. Башка кај ќе се распостелеш на таа плажа со базени, место за спиење, триста чуда за бебе. Некако хотеливе си имаат свој приватен простор и да не мислиш дали ќе најдеш место и дали ќе згазиш некој на плажа. Конкретна препорака немам пошто никад во хотели не сум одела . Некако ме влече накај прв крак ко да има повеќе избор. Порфи исто ми личи убаво меѓу први и втор крак, ама па мора кола да палиш за да прошеташ, од друга страна бебе во 7 заспива па си викам кај ќе шетам. Кога ќе дојде јуни ќе испадне кај најдеме место таму, ние секогаш 3 дена пред одмор резервираме.
Еее прв одмор кога имаше 6 месеци кај ќе го оставиш таму. Сега втор одмор година ипол ќе е кај ќе не врти таму ќе одиме Искрено, и јас се мислев дека мала 6 месеци како што ќе биде ама одлично поминавме многу убав одмор
Ај кажи ми на кратко, како изгледа еден ден на одмор со бебе? Кога одите на плажа, по колку седите, кога и каде јаде, спие? Јас сум целата збунка. Сега за во јуни сакам и мама и внучка да ги земеме со нас, ама уште сум на два ума
Зависи кој период одите,ама во глобала повеќе ќе сте внатре или под сенка него на плажа.Мали се на шест месеци знаат да изгорат и под сенка.Насабајле околу 8 9 ќе одите ќе поседите до кај 11 најмногу 12,па фаќаат горештините.Ќе си одите во смештај.Тек околу пет ќе одите пак кога веќе сонцето намалува.Малите со капче на глава во бели маички.Најубаво да барате местенца со убави природни сенки,под дрва.Под чадор ќе зовријат.Јуни може да не е толку жежок може и повеќе ќе си седите на плажа.Ќе си спие на плажа ако му прија и не е топло.Ако не мама ќе го чува во смештај ти ќе се сончаш.За јадење моиве цицале,ќе му дадеш готова каша било каде Ако многу му ја мислиш нема да отидеш
Не му ја мислам за нас, ние милион посто ќе одиме и крај на јуни и крај на август. Се думам госпожа мама дал да ја носам. Секоја година си ја носевме по еднаш со нас и коа немавме бебе. Си велам дал и годинава. Ама арно викаш, во најжешкото нека си се чуваат со внукот, а јас на раат ќе се пржам
Нема две деца исти води се по него.Ако сака да се вози супер,ако не ќе правите паузи.Мој предлог е да бидете поблизу,да има доктор или аптека во близина,чисто ти да си по раат.Од тука носиш каши,вода.Пред да одите ќе му даваш пробиотик,и таму ќе продолжиш со него.А мајка носи си ја ем помош ем ќе поужива.
А вака од искуство некоја мама да ми предложи хотел во Грција на 4-6 саати од Скопје? Да е блиску до плажа, природни сенки по можност и не страшна гужва? Не знам што е попаметно, да барам доручек + ручек или ручек по ресторани? Гледам повеќето хотели нудат само полупансион. Спасува и тоа, не дека не. Да се едитирам, сега си размислувам дали е попаметно хотел или апартман, па да можам некоја супа да сварам да не биде цел одмор на сува храна. Како ви било попрактично? Освен на викенди, не сме биле подолго надвор од дома.
Зависи колкаво е бебчето. Попрактично според мене е апартман. Ние лани бевме во апартман и попрактично ми беше бидејки за малата можев и манџичка,супа и сл.да и приготвам за да не е само на купечко и сува храна цел одмор.Додека во хотел ја немаш таа ,, привилегија,,