Лани бевме комбинација Никити и Ханиоти. Искрено Никити мене ми е сто пати подобро. @Bubce38 и јас прв пат на 6м го носев. Раат одмор. Следната година беше ужасно напорен.
Фала за супер искрениот пост Ние се одлучивме да рипнеме оваа година класика одмор. Од неколку блиски со слични искуства некако ми е најпогодно да правиме некаде викенди. Не сакам да мачам бебе ама и ни себе. Не е нешто многу захтевна ама мислам дека лезет не би имале. Е веќе наредна година има смисла. Дете проодено, разбира, некој по нормален ред за спиење итн
Никити само навечер е убаво, романтично, ресторани веднаш до море. Водата крш. Треви, камења, приквечер тиња, тесна плажа...
Дали Турција е добра опција за дете од 1 год и некој месец, зависи кога би оделе. Сега има годинка. Би оделе со авион. Некој да предложи место и хотел, и за храна за детето како правевте, уште е на каши претежно.
Па супер опција ви е да пробате со викенди ем ќе видите како би одела работата ем и вие ќе сменете секојдневие и што е најважно и да е лошо викенд е ќе издржете и ќе гледате да си го направите најубав за разлика од одмор на пример од 7 дена има цел месец да ви се учинат ако не се прилагодите па ако ви е супер и осморче ќе можете да истерате. Не ме сваќајте погрешно знам и јас многу случаи кои рекоа дека си поминале супер со бебе на одмор ама еве ние не си поминавме најубаво се прилагодивме на ситуацијата мислам 5 вечери бевме и ајт дома
Мене години наназад одмор ми е споен викенд 3-4 ноќи, ама повеќе пати годишно 5 дена на исто место не издржуваме со мм
Исто хаха првите три дена сме фасцинирани и толку. Сега се мислиме за со бебе како ќе биде и каде, може она ќе сака повеќе денови да споиме
Лесно ќе доплатиш за повеќе ако ни се заарни, ако треба да скратиш ќе пропадне уплатата. Ние си тестираме малку по малку патување за да знаеме што не чека летово
Мој чоек Исти сме и ние. Плус па и дека сме од Ге, знаеме и на една ноќ да тркнеме. А и ние го тестиравме синко. До 200 км го имаме возено, без проблеми пројдовме.
Зошто да не, ова лето бевме а малата беше 8месеци. Каши носев од дома а и таму купував. Она беше на цицање тооп поминавме. Не знам зошто ви е толку страв со мали деца или па моиве баш мирни биле И со син ми имаме идено кога беше година и некој месец.. За место би ти препорачала Кемер Белек оти се поблиску до аеродромот, а иначе Сиде и Аналија имаме идено. Секој хотел им е одличен
Сивири ви е преубаво за деца, ем блиску, топло море и убава клима. Штета малото ми се разболе таму, па иако имаше доктор за гнојна ангина детето лошо реагираше на антибиотик после тоа не праќаа по болници да бараме педијатар, за мали деца докторите не се нафаќаа да третираат понатака. Возевме во сред ноќ по планини да стигнеме до прва болница, дете дехидрираше. Хорор ми се веќе одморите и стварно не знам ни јас кај да одам кај да терам. Само еден совет знам да дадам со мали деца на одмор строго да сте колку може по изолирани. Ние во хотел бевме таму куп деца од некое од децата си фати стрептокока на грло.
Хахаха ние бевме едвај го сликаа 4 ++ што разбира двајца го држевме вработен мафташе со рака за да гледа во апаратот. Се пресмеавме, па и на сликата каков испадна... смешки
Јасно ние на 3м ја однесовме ама па помалце мрдаат тогаш и мислев во скут ќе си ја седнам, кога ми рече таа на белата позадина да биде за да се слика држи ја на страна се снајдовме некако, малку искривени и чудни али битно спремни за шетање
во авион како поминавте? И дали овие хотели што ми ги препорача се близу до градот? И кој период од летото бевте?
Бидејќи чартерите им се по полноќ мојата цел пат го преспа буквално. На цице после имате околу 1 час и повеќе до хотел. Иначе ова се места во Анталија, а хотели најубаво да си видите во агенција според буџетот, иначе сите се одлични. Сите имаат нивен превоз до плажа. Ние секогаш идеме септември бидејќи јули и август е претопло и спарно. Се др што те занима пиши
Превоз до плажа??? Јас сакам некој хотел со приватна плажа. Сега почнав да гледам, немам искуство со Турција. Ако ме интересира нешто друго ќе те тагирам
Ако плажата е на 5мин оддалеченост пример, има бусчиња што стојат пред хотелот стално, исто и за враќање. Така беше случајот со нашиот хотел летово.