Никити. Плажата не е убава, ама со 7 месечно бебе одевме на Лагомандра, дебели сенки, убава вода, нема ветер, нема бранови, ситен песок. Убаво беше за навечер има каде да се прошета, ресторани поголем избор отколку на други места на краците.
Сепак за Торони се одлучив. Прочитав дека нема избор за шетање ама првенствено за убава плажа и вода идеме, за шетање да ми беше ќе идев на сосема различна страна. За ветерот слушнав доста поделени мислења, се надевам ќе се погоди убаво времето.
Ние ептен убаво си поминавме во Полихроно. Плажата е топ, местото мирно ама пак има каде да се прошета. Ако сакате поголемо место идете малку подоле Ханиоти или Пефкохори, исто се убави плажите и плус има поголем избор за се. Само за овие места обавезно букирање смештај од дома зашто се е пополнето и доста поскапо од пред 5-6 години.
Toroni имаат преубава плажа,вода и песок.Бевме пред 5 год.Ако најдам слики ке ти пуштам .Навечер тивко,мирно ,милина.Прав одмор истеравме далеку од гужвите.
да ханиоти и калитеа бидена сум супер е ама ова ми се виде ептен за деца одма на плажа хотелчиња дека со бебе и 3 годишно дете да не пешачиме да преку booking ке резервираме фала најпојке ме интересираше морето дс не дува.
Не дува и нема бранови, супер е. Генерално се е блиску до плажа и шеталиште, нема многу идење пешки. Само плажата е малку тесна ама се наоѓаат лежалки, не е страшно. Со цените не се нормални, ние пред некои 4-5 години бевме, таму баравме смештај и цените беа над 80-90 евра.
Неа Пори е рај за деца. Комарци има да, ама со добра заштита немате гајле Убаво градче за шеткање, убава плажа, плитка вода. Со бебе под 7,8м е најлесно на одмор, со толкаво може да се отиде било кај, после 1г треба повеќе да му ја мислите за многу работи. Бебе мало нит ќе се бања, нит ќе игра со песок, на плажа ќе се оди ептен во одредено време. Само за гужвите треба да се размисли. Ние со бебе бевме кога беше првото 3м (Неа Пори), а потоа по некоја година малава кога беше 8,9м, синко 3г бевме во Фурка (во еден смештај одма на плажа, со свој затворен голем долг двор, синко си возеше тука и точаче), само имаше мало невреме и тоа што не зезна, инаку убаво место и тоа за деца Во Турција бев со 4г и 1ипол г деца и супер си поминавме. Само сега 2г не сме биле на море и ми се оди во Грција, да терам таков типичен одмор во апартман, да си готвам, да влечеме гуми чуда до плажа Сакам плитка вода, убав песок, да се изнаиграат и шлапкаат децата, 4г и 7г се. Уште не сум разгледала места, незнам кај да одиме... Летово ќе го тераме и во Охрид пак (приколка имаме во камп), но на море 10 дена мора да се отиде конечно по 2г пауза
Дали сте биле на одмор со 3/4 месечно бебче? Ние планираме во Грција за да ни биде поблиску, ама прво бебе ни е па не знаеме баш како ќе реагира и на патот а и таму..
Јас бев со 4м бебе. Прво бебе ми беше, патот го преспа како што се сеќавам, само цицаше и не носев ништо за него. Во Неа Пори бевме и супер му беше. Уживаше на плажа, смештајот ни беше одма на 20м до плажата и во најголемите жештини си се прибиравме. Може сум пишала во темава тука, побарај... Сум заборавила се, 7г е дечкото сега Ама се сеќавам дека не беше напорно, убаво си поминавме Бев со него и во Охрид неколку дена кога беше и 3м, супер му беше и таму
Ние лани бевме во Олимпик Бич, синче имаше 3 и пол месеци. Бевме во септември, времето беше топ, гужви немаше. Тој се изнаспа, ние се изнауживавме. Годинава весело ќе биди.
Nie lani bevme vo hrvatska so 3mes bebe,mesec dena sedevme. Jas sama letav so nea nataka....polesno zdravje ko sto pisale drugite samo na cicka dur e i nepodvizno top e. Sega veke odi stigni ja. Drugarka lani se porodi kraj na juni po 2-3 nedeli vo grcija otide tamu 40 dena na bebeto mu praese. Moj sovet odi setaj si ako razmisljas a sto ako se desi....niso nema da se desi samo doma ke si ostanes Za ovaa godina se tesam bar so jadenje nema da se maltretiram nad godina e jade se...ama treba da ja docuvas pesokot ds ne go izede
Водата е добра сегде, бранови нема во Ставрос. Порано ко деца одевме со моите многу, луѓе од Врасна и Аспровалта доаѓаа да се бањаат зашто таму се случуваше да има бранови. Моите до пред короната продолжија да одат во Ставрос, истата ситуација била.
Има ли некој инфо како е во Турција оваа година? Прашувам заради пожарите од лани. Ако бил некој да препорача хотел таму што му оставил впечаток
Дали имате некоја информација за JK Village во Полихроно? И цените како се движат на леб,пиво,вода,пица...?