Дефинитивно да и морето е преубаво чисто топло,кога бевме ние пред 3 год имаше со мали дечиња дури и по екскурзиите ги носеа
Ми се оди на одмор, ми се плаче. Но имам бебе што ќе направи летово годинка..... ниииишто не јаде, по 2-3 лажички блендирано. Млеко не сака одамна. Од оваа помисла не можам да си го замислам одморот каков би ми бил. Течности не сака. Искуства мами со ваков бебуш?
Па има и многу сместувања на сама плажа и ние го разгледуваме како опција,иако повеќе сакаме во хотел,го гледавме Ostria Sea Side во Ханиоти,ако има некоја искуство би сакала да сподели.
Мајка што ти менува дали нема да јаде дома или на друго место? Промената е убава за секого особено плажа каде ќе се опуштите, релаксирате. Воздухот е чист, ќе се бања, ќе игра во песокот, ќе спие поубаво. Тоа само може да ги зголеми шансите да јаде. Јас би идела
Фала мама. Секако ќе се оди некаде. Ама ова веќе не се трпи. Ни качува на килажа ни бутур. Незнам зошто ме фаќа старв да не се разболи, да не дехидрира,..дека друга држава, не знам зашто такви мисли ми се мотаат
Те сфатив јас на што мислиш ама мислам дека плажата е стварно забава за деца. Може низ игра ќе успееш да дадеш и вода и храна. Секако за не дај боже има доктори, болници, не мисли на лошо.
Искуството трае 3 години до јули. Додека не научи да блука беше буцо буцо, пикав бутав каши со месо. Откако почна да плука почна лошото. Излегоа сите заби и еве уште не јаде. Пет опции за оброк и си бира. Слаб висок, тоа е. Понеси си се од лекови и оди, ни дома нема да почне да јаде. На одмор лани моево не ни спиеше затоа што се му беше ново. 2 години инаку. Кога имаше 1 бевме во Охрид и солидно поминавме.
Мајки, сакаме во август да идеме во Црна Гора, имам тетка таму. Бебе ќе биде 8 месеци, но некако ми е страв за патувањето дека подалеку е. Сега за сега обожава да се вози. Ептен сум на мисла дали да ризикувам. Предност ми е таму што имам свои луѓе за било што, и бебче ќе има кој да го причува ако сакаме да шетнеме со мм. Според вас да ризикувам или не
Секако дека да,ептен е убаво што имаш твои таму па не верувам дека некој проблем би имале убаво ќе си поминете
Јас не би мислела ни минутка. Полесно нема да биде. Цица или ад пие, каши можеш да понесеш или таму да правиш, ке си се вози во количка и ке седи на плажа. Најголема обврска да не јаде песок. Како расте ке одиш на одмор ама ке си трчаш. За спиење најмал проблем, темпирајте навечер да тргнете, наутро ке стигнете.
Ладна ке е водата, ние кога бевме беше ладно. Поубаво е во август, водата топла а температурите малку пониски.
И јас мислам како Јана, да отиде. Промена ќе ви годи, може ќе се разјаде . Не мисли секогаш на црни сценарија.
ПОради тоа што оваа година ќе ми биде прв пат да одам на одмор со бебе и искрено немам појма каде и кога да одам. Затоа молам за малку помош и секако секој совет ќе ми биде корисен. Бебе ми е 8 ипол месеци моментално, се мислиме каде е најдобро да се оди со него на одмор и кога, дали да се оди во Грција или кај нас некаде на езеро.. Да ми препорачате место во Грција кое што е одлично за бебе,чиста и топла вода, да е рамно итн? Ако одиме во Грција кога е најдобро да се оди Јули,Август или пак Септември?
Предлог за место во Грција крај август/септември, бебе ќе биде 3 месеци. Во принцип битно ми е да има болница во близина, друго за бебе мислам не е битно.