Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. Pukanka MS

    Pukanka MS Нов член

    Се зачлени на:
    11 мај 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Во Неа Потидеа добро е да се оди со бебе во јуни? 10 месеци би напунил тогаш...
     
  2. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Јас моментално Никити ги разгледувам хотеливе, и ептен фино ми изгледаат. Базен, зеленило, песочна плажа.. имате искуство со местово и ако сте биле во хотел препорачајте ми? :) и јас прв пат со бебуш надвор од Мкд ќе одам @elcezelce сподели искуство читам си одела, водата каква е, која плажа ја препорачуваш? :)
     
    Последна измена: 17 мај 2022
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Dali ima nekoja od vas odeno na odmor so 1god bebe vo Sitonija da mi spodeli iskustvo?
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Каде на Ситонија?
    Никити, Торони..?
     
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Има разлика за 6м бебе дал ќе се оди на почетокот на Ситонија или најдолу,Торони на пример?!
    100 пати се премислувам каде и што.
    Маж па чул Сивири било убаво за со деца.
    А што ќе му мења на бебево на кој дел ќе е ?!:?:
    Небаре ќе се бања и ќе плива оно:)
     
    На Stressed Out и duffi им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Нее, тоа за мама и тато. Само да има ширина на плажата да се распостели се.:D
    Ставаш базентче и уживате.
     
    На mjay.yyy и Bubce38 им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Богами, нас и без бебе ни требаше бааѓи ширина.
    Можеш да замислиш сега колку место ќе ни треба
    Два чадора носевме до лани, годинава викам барем 4:D
    Туку, Торони не сум била. Арни се таму плажите ? Да не е одма длабоко?
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Не се сеќавам.:tmi: Бошка ќе ти каже.
    @Bozica1980
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.265
    Допаѓања:
    18.379
    Провери дали има доктор во Торони за не дај боже, зошто е повеќе како селце како што сум чула
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    4.640
    А да си отидете и таму и таму, долго е летото. :)
     
  11. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Nikiti, se izvinuvam , zaboraviv da pisam .
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Добро е. Има од се по нешто. Има делови каде плажата е поширока, но и потесна, песочна е. Водата чиста. Има вие каде да седнете да јадате, има лекар.
    Тоа е.
     
    На fana и sikica7 им се допаѓа ова.
  13. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Fala ti mnogu na odgovorot , po se izgleda tamu ke ideme ova leto so sinko.
     
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Не ни треба доктор. ТатЕ е со нас.
    Штом е како селце појќе ми одговара.
    Ние посекако не сакаме шамата:)

    Не знам што толку ја тупам коа за бебе море е море. :)
     
    На Bozica1980 и fana им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    259.176
    Пол:
    Женски
    Длабоко е одма. Јас па така сакам за да е чиста водата. Ок е Торони, плус сите други места се блиску за шетање.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    7.640
    И Sarti и Аmmouliani се супер :)
     
  17. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.377
    Допаѓања:
    7.704
    Пол:
    Женски
    Ammouliani не ми е баш за бебе. Бевме кога малата беше околу 9-10 месеци. Мана му беше што за на плажа треба кола да палиш. А со мало дете што спие попладне дури да отидеш на плажа треба да се вратиш, попладне пак исто. Инаку општо убаво е, има лулашки, мини луна парк. Водата е убава чиста и топла.
    Затоа следната година бевма на самата плажа сместени во олимпијада и каде каде е подобро за со мало дете да си блиску до плажата.
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.265
    Допаѓања:
    18.379
    А Олимпијада какво е како место?
     
  19. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.377
    Допаѓања:
    7.704
    Пол:
    Женски
    Мало место е, има шеталиште покрај море. Тук там по некоја лулашка. Маркет, таверни, пицерија/ гиро,
    кафич/бар, пекара, месара сето тоа има. Аптека има. Е не видов дали има продавници за гардероба и играчки. Ама и не ни требаа :D:D. Плажата е плитка, тоа ми беше најбитно. Има убави плажи после олимпијада накај трети крак, некој си 15-30 мин со кола. Исто така блиско е Ставрос (10-15мин до кола) таму има повеќе за шетање.
    Се на се бев задоволна, мало ми беше детето и на плажата бевме поголем дел од времето.
     
    На Maca Macka и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ние се решивме за Калитеа па ќе споделам искуство,ќе одиме сега пробно 4 дена септември здравје пак,иако мене вториот крак кај Сарти и Вурвуру таму ми е љубов,за со деца милина ама многу се оскудни со убав смештај.