Кемер е посвежо, за шетање има на двете места каде да се иде и кемер е убав ама јас би ти рекла сиде повеќе е за со дечиња во септември
4 годинки и малата годинка ипол Вие ќе ги користите сите услуги дур се сместите, може и порано да ви дадат соба ако сте со деца. Барем досега ние со турците ептен убаво сме поминале, за се ни искачале во пресрет. Дури количката ја однесоа на мајстор да ми ја средат оти ми ја скршија на аеродром
Ова во Аланија е Литоре ? Преубаво е Ние бевме август 2020 беше гужва али па немаше огромни редици за храна
all inclusive има буквално секаде,ако си платиш.Од здравствен аспект за дете секогаш би бирала море,отколку базент.Чак шо више имам аверзија спрема базенти Пушташ дете на плажа,си игра во песок,стани седни,лази лопатка,кофичка,водичка милина.Малата беше две год кога отидовме Посиди.Преку 30 пати идеше до морето со кофата по вода и се враќаше на лежалка И да падне паѓа на песок,нема како да се повреди
Реално алл ин во Грција уопште не вреди за парите. Ни хотелите. Онака , има за јадење ама не е тоа тоа. Ама па водата , плажата, топлината на морето е незаменливо. Плус е блиску. Не дај Боже што и да биде , за брзо си дома. А децата непредвидливи се. Така да по мене сепак Грција и морето нивно.
Дали некој патувал со автобус со една година дете до неи пори, лептокарија, или олимпикбич ?? Како поминал, ме фака страв да не почне да плаче дете, да вика, да писка И дали има педијатри на овие три места за недај Боже
Неи пори има лекар, другите места не знам. Немам искуство за патување со автобус со мало дете ама ЛИЧНО ЈАС не би се осудила
ние бевме во апартман,за жал името не го памтам.Ја најдов само оваа слика во архива.Целото место е под сенка,со зеленило,дозволени беа и миленичиња да носиш.Е не беше баш на плажа ама дека со кола наша бевме,не ни сметаше.Во склоп на смештајот имаше како бифе да нарачаш кафе или доручек
Мајки кои сте патувале за Турција ме интересира транспортот од аеродром до хотел каде седеа бебушите, дали ги држевте во раце или има можност за седиште, дали треба да напоменам во агенцијата, дали јас да го носам мојот транспотер или како? Исто и за времето од check out до вечер додека дојдат по вас за на аеродром, што правевте со малите, што можевте да користите од хоптелот и во однос на јадењето што правевте? @mssuniquee те читав пишеше и некој друг со искуство tnx in advance
Лани мојата цел лет ми спиеше во раце, после беше будна во текот на превозот до хотелот,но седиште немаа мислам. Исто во раце ја држев. . Количка јас носев дводелна, а гледав имаше парови со транспортери внатре во авион. Пак за сигурно не би знаела да ти кажам. Последнит ден скроз ги користите сите услуги и јадење секако И ние денес уплативме за Сиде за почеток на Јуни.
До 2 години детето седи во скут кај едниот од родителите со додаток каиш, купувате само две карти. Ако сакаш транспортер ке мора да платиш карта, ама околу 200 евра е.
Затоа кажав околу 200, ние уплативме уште во март. Ако сака членката да носи транспортер ке мора и карта да купи.
@mssuniquee фала, @MilaSs12 за во авионот знам дека со каиш во раце е ама фокусирајќи се на патот од аеродромот до хотелот скроз го изумив моментот дека транспортерот треба некако и да стигне до Анталија
Транспортер можеш доле во багаж да ставиш, провери каква е политиката на превозникот, ама како што може количка може и транспортер.